Се испаничив и тоа премногу, наеднаш ми пребледе. Баш дека е мало на секое какање се тресев. А во болница немаше никој во чекална само во амбуланта и појдов да прашам да не чекаме за џабе а маж ми со беба надвор чекаа, ама никој не ме ни сослуша туку буквално ме избркаа со викање дека сме без култура оти сум влегла и требало да чекам со бебе пред врата ред.. Арно ме освестија па си дојдовме дома
Физиолошка анемија е. Баш во тој период им се случува. Појачај на исхрана. Повеќе црвено месо, јајца, аронија, семе од коприва, цвекло и се што е црвено. Јас би прво со храна. Суплемент доколку се мора. Консултирај и матичен се разбира.
Фала ти на препораките, ќе те послушам прво тебе. Суплемент не би и јас одма да давам, дур може уште со природни состојки.
Пробај, појачај прво со храна, но за најмногу 1месец обавезно да провериш пак кс. 9ка е ниско, веќе јаде се и битребало баш овој период да се качува, но не знам ниту претходно колку е вредноста, оно не кажа ниту дали јаде бебе или е фаза на штрајк. Сепак битни се и другите параметри, па да се види дали е физиолошка или празни резерви. Јас би и да се направат и дополнителни испитувања доколку и се е во минус или на долна граница. Најдобро консултација со педијатарот!
Беба јаде како буре без газар, и тоа не пребира храна, јаде се што му е понудено. Други параметри му се ок, не се на долна граница, туку златна средина.
Ве молам за мислење и совет. После секое капење на главчето му се прави вака и наредниот ден се смирува.
Мајки има ли некоја од вас искуство со дијагноза од кожно молускум контагиозум? Бебе е 7ипол месеци и има на цело тело и на лице некои ситни како бубулички. Терапија препишана е витамин ц, бетадине, адвантан и контрола за 10 дена. Инаку ми напомена дека нема брзо да му се исчистат.
Теменица е ова, после капење е поизразена бидејќи со бришењето ја луштиш од кожата, инаку си стои цело време. Не е ништо страшно, се третира со масло и чешлање, има масла на Мустела и Фризидерм, мачкаш пред бањање, а потоа со чешел ги отстрануваш. Кај ќерка ми со 2 третмана и се изгуби. Користев масло од Фриздерм.
Пред бањање се отстрануваат или после бањање?Малиот има многу,некако ми беше страв да не му направам ранички и чекам сами од себе да паднат ама слабо
Пред бањање ќе намачкаш и со чешел за бебиња ќе чешлаш нежно, нема да му направиш ранички не се секирај, ако толку ти е страв можеш и со фротирна крпа да стругаш. И мене за синко ми беше страв да му ги отстранувам па ги имаше до 2 години скоро.
Зарем може толку долго да стојат тогаш ќе земам масло од горенаведените зашто јас еднаш пробав со кокосово масло и многу грдо му мирисаше косичката и после бањање,и баталив толку ама веќе ме нервираат
Кај син ми стоеја. Инаку и Фризидермот не мириса убаво, се осеќа и после 2 плакнења со шампон, со кокосово не сум пробала ама ако излегува со него тогаш нема потреба да даваш 800 денари за вакво.
Јас имав мака на почетокот со тоа, мустела пена шампон за теменица ке си купиш, 4 месеци е мојава нема ништо дури више не ја ни чешлам.. си ја користиме на секое бањање
Фала ти, и јас користам масло од фризидерм денес 3 ден ама се чисти по малку, пред капење кога го чешлам излегуваат многу
Мајки да ве прашам нешто - бебето ми е два месеца, денес цел ден боде раце во уста и шмука (прв пат се случува ова вака интензивно) како да е гладна, а не е, јаде на секој саат, млеко имам. Некако е и нервозна и има гасови многу. За заби е рано мислам. Што може да е, што мислите?