Итно! Прашања за здравјето на бебињата

Дискусија во 'Бебе' започната од RainBow, 29 декември 2018.

  1. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.672
    Допаѓања:
    21.339
    Пол:
    Женски
    Не мораш одма капки. Прво со стерилна газа и физиолошки од надвор кон внатре масирај и нежни кружни движења напред на почетокот од окцето. Затнато каналче е. Ако ова не помага, секако капки.
     
    На Mother of 2boys и KikiKviki им се допаѓа ова.
  2. KikiKviki

    KikiKviki Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2023
    Пораки:
    995
    Допаѓања:
    1.023
    Пол:
    Женски
    A majcino mleko da mu kapnam ke pomogne?
     
  3. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.895
    Допаѓања:
    14.581
    Пол:
    Женски
    Никако мајчино млеко во очи.
    Ако има бактерија, само ќе ја нахраниш со шекерот од млекото да се размножи.
     
    На H.VAGA, 1209, Мариаа. и 5 други им се допаѓа ова.
  4. TheSecret

    TheSecret Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    5.005
    Допаѓања:
    9.457
    Пол:
    Женски
    Neznam kaj da pisam. Otostik pomaga li kako trajno resenie?
     
    На Asja му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.683
    Допаѓања:
    10.394
    Пол:
    Женски
    Не, жива глупост.
     
    На TheSecret му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.672
    Допаѓања:
    21.339
    Пол:
    Женски
    Немој. Прво пробај со физиолошки да чистиш. Кај моето бебе се среди за два дена.
     
    На KikiKviki му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.503
    Мајчино млеко не е лек за се. Јас месец и пол и чиств само со физиолошки и стерилна газа и си се среди. Најбитно е да чистиш од надворешниот дел на окото према внатре и таму го масираш малце местото.
     
    На Amore123, Mother of 2boys и KikiKviki им се допаѓа ова.
  8. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.182
    Допаѓања:
    24.572
    Пол:
    Женски
    Ставав и јас тобрекс, чистев и со физиолошки, ќе помине.
     
    На KikiKviki му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Fenix05

    Fenix05 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.756
    Допаѓања:
    9.507
    Пол:
    Женски
    И на моето се правеше вака од затнато каналче само со вриена вода и газичка чистев помина за 4 денови, мене педијатарот кога го виде ми рече можеш со твое млеко да чистиш ама немаше потреба зошто се среди брзо само со вода
     
    На KikiKviki му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.762
    Допаѓања:
    5.594
    Истите совети ги добив и тука, чистење со физиолошки, шмукање секрет ( но не претерано ), спиење под агол и тапкање. Во Мк докторката со извинение ама ме направи подолу од лајно, и мене и овие насоки, како така се лечеле мали деца, дали вредел ризикот за толку мало бебе на кое состојбата му се менувала од час во час, што било тоа спиење на накосена перница...абе хаос. Додека чекав во чекалната сите пациенти излегоа со рецепта за антибиотик. Уште невлезени знаев што не чека ама ајде.

    За инхалаторот муабетот ми беше дека не знам колку е правилно да се администрира терапија со кортико во домашни услови, дури и по препорака од доктор. За инхалација со физиолошки, па истот ефект го има и пример пареа од топла вода во бања.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.503
    Од инхалаторот е ладна пареата што излага додека во бања и до гушење ти доаѓа исто како главата врз врело тенџере да си ја ставил. Со кортико инхалација ептен ако не може да дише иначе нема потреба искрено сепак е кортико... додека со физиолошки нема некоја штета.
     
    На Cosmic Girl и Lavender13 им се допаѓа ова.
  12. Сандра_мил

    Сандра_мил Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2015
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    64
    Пол:
    Женски
    Да знаеш колку пати сум игнорирал даден антибиотик и на крај поминува и без тоа. За малку црвено грло и супер крвна слика, дава антибиотик. Аха сигурно дека ќе дадам...
     
    На Lavender13 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.917
    Допаѓања:
    203.154
    Пол:
    Женски
    За жал, се претерува со инхалации, посебно со кортико, децата ќе имаат последици понатаму. Ама пошто живееме во срање држава со екстра загаден воздух децата од раѓање развиваат алергии и опструкции. Кај нас инхалатор може да си купиш слободно во аптека, за жал, до тоа дереџе дојдовме. Па и сите онака си инхалираат со физиолошки штом се затнат, а ризикот од ширење на бактерија надолу никој не го спомнува.
    За антибиотици е приказна за себе. Затоа дел од нив, да не речам скоро сите немаат ефективност ни ефикасност.
     
    На H.VAGA, Cosmic Girl, Mandela и 6 други им се допаѓа ова.
  14. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    2.039
    Допаѓања:
    10.444
    Штета што доктор не може да пресече и да дијагностицира па дава антибиотик за секој случај.
    За секој случај антибиотик така знам и јас, не ми треба лекар онда ако не знае да разликува кога треба да се лечиме со чист воздух, кога со конкретна терапија.

    За инхалатор и кортико во домашни услови немам проблем ако одам по препорака и дозирање на лекар. Кортикото како и антибиотикот не треба да се дава на своја рака и по слободна проценка на пациент.
     
    На Mandela, Thinkerbell. и Annath им се допаѓа ова.
  15. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.503
    Супер размислување имаш, но замисли доаѓа викенд и ти немаш антибиотик не ти дава за секој случај и треба да одиш во Козле или клиника и фаќаш уште 2 вируси.
     
  16. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    2.039
    Допаѓања:
    10.444
    Ако нешто така драматично се смени за викенд ќе одам на лекар.
    Кога е болно детето може да фати попатно свашта кога го носиш на лекар или во лабораторија, ама тоа не значи дека нема да носам.

    Крајната линија е дека јас не сум доктор и не сметам дека треба да пресечам околу давање терапија. Ни самата никогаш не сум пиела антибиотик без да ми препишат, немам дома кутивче за секој случај, па искрено што не правам за себе нема ни на детето.

    Еве баш пишав во некоја тема деновиве дека прв пат кога се затна ќерка ми јас мислев дека има пневмонија. Среќа доктор ја слушна па кажа дека е само обилен секрет поради што така страшно хрчи и затнатост.
    Хипотетички да испаничев и да имав дома резерва антибиптик или инхалатор ќе администрирав терапија што не била потребна.
     
    На H.VAGA, LiquidLuna, Bella_Stella и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.503
    Точно дека може да фати било што и кај матичен. Но сепак повеќе е веројатноста дека би фатило каде што се веќе да не кажам со потешки состојби.

    Муабетот ми беше подобро да имаш опција да дадеш нешто дома одколку воопшто ништо да немаш да го бунеш детето кај извор на зарази. Во козле и клиника не се оди само за поткашлување или дека имало 3 течни столици.
     
  18. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.762
    Допаѓања:
    5.594
    А ако дадеш антибиотик кој не ја покрива конкретната бактерија? Па состојбата во меѓувреме се влошува, правиш брис кој не е релевантен и се наоѓаш во навистина тешка ситуација од играње доктори по дома.
    Или па ако дадеш антибиотик а се работи за вирус. На долг рок ова се многу лоши избори, ама секој со своето.
     
    На LiquidLuna, Giovanna, Thinkerbell. и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.503
    Секако ако веќе доктор препишува антибиотик сигурно нема да го даде зошто детето 3 пати кивнало, сигурно е кажано ако качи температура или нешто на што треба да обрнеш внимание тогаш да го дадеш ако не на контрола одиш.
     
    На Mother of 2boys му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.374
    Допаѓања:
    9.344
    Пол:
    Женски
    Точно, инхалациите се со ладна пареа. Со физиолошки не се штетни да се прават и повеќе од 2 пати..колку што има потреба детето..
    Пред да купиме инхалатор, ни рекоа докторите ако има јака опструкција прва помош е ладниот воздух.
    Никако топол! Ми рекоа ќе влезеш во бањата, ќе затвориш се и ќе ја испрскаш целата бања со туш со ладна вода од горе надолу по плочките и кога ќе се створи ладна пареа ќе го внесеш бебето внатре. Или ако е ладно надвор ноќе (пошто ноќе му се случуваа тие опструкции) завиткано во ќебе и надвор да диши...
     
    На see.emily.play му/ѝ се допаѓа ова.