Инхалирањето постоело многу одамна, моја брачеда (21год) од бебе со бронхоопструкции и шетање по болници за инхалации, бебе плачи, се поти, надвор ладно, одење два/три пати дневно за инхалации, уште поболно, уште од тогаш си набавија инхалатор дома, во консултација со педијатарот. Кога се роди ќерка ми пред 5 год скоро, после првиот роденден напрај прв пат ларингит, прв пат кога се гледа то делува страшно, со трчање на болница заминавме. Детево кашла како куче, зарипнат глас, се бори за воздух, на болница ни викаат абе аман за ова не се трча на болница И направија инхалација, контрола кај матичен утредента, продолжуваме со инхалации кај матичен, ама кажувам дека имаме инхалатор (тој од брачедата) матичната вика супер. Од тогаш до сега ларингити не знам колку има напраено, инхалаторот и те како ми е потребен и во тие случаеви администрирам и кортико и сируп за алергија како што ми е кажано. Инаку матичната на моите деца да си ја пофалам, антибиотик да дај… ауууф не иди во предвид, значи краен случај само ако е, после докажана бактерија и сл. Инаку истите препораки како и @Cosmic Girl ги имаме, да се диши ладен воздух, ама ова мојава и на сред лето има праено ларингити така да тие 50€ за инхалаторот ми се добра инвестиција. Тој стариот инхалатор сеуште работи и после 20 години ама е ептен бучен.
Да, и на лето правел, и на сите други годишни времиња... причина за ларингитис обично не е една, најчесто е последица од повеќе фактори (вирус, алергија, влажен или сув воздух). За среќа има тенденција да се намалуваат како растат и стекнуваат имунитет. Не се слагам со тие што ви рекле дека не се оди за акутен ларингитис во болница. Ако имаш мало дете што се гуши, немаш искуство, не знаеш што да му дадеш, немаш домашен инхалатор, ќе одиш и тоа итно. На мало бебе колкави му се бронхиите и за колку време отокот ќе му ги затвори? Првиот пат син ми имаше опструкција на шест месеци, се случи толку нагло и толку брзо се влоши, што едвам дочекавме да отвори утрото матичната. Страшно е првиот пат... Инхалаторот го купив откако ни се повторуваше ситуацијата и тоа се за викенд.. Кога ќе се сетам, го купивме откако заглавивме во козле за ларингит... Викенд беше, настинат беше, не знаевме каде да го носиме..и во козле го хоспитализираа пет, шест дена со антибиотици за пневмонија за џабе..без да направат рентген или брис, со крвна слика како за вирус..тие му шибнаа антибиотик во инфузијата. Кога ги прашав што му даваат не сакаа да ми кажат, само ми рекоа антибиотик како за пневмонија...и дома го испуштија со антибиотик да продолжи..го дотолчивме детето.. Матичната рече џабе го давале, со инхалацијата ќе се решеше..да сте дошле кај мене. Ама викенд беше, немавме каде. Во амбуланта на дежурен немаа инхалатор, само со инекција урбазон не пуштаа дома. А тоа е кортико и е многу штетно.. Од тогаш, за памет ни беше.. На клиника после некоја година ни кажаа ни урбазон дека не треба да се дава кај таква работа, само инхалации со физиолошки колку сакаш, не се штетни. А од лекови само антихистаминик три дена и може малку антиинфламаторен лек колку да се помогне да се намали воспалението..
Не секогаш е вака, и не сите доктори се компетентни. Многу од нив за да се заштитат себеси или од паника даваат антибиотик без доволно издржана причина. И матичната на син ми даде антибиотик и Вентолин зошто се раскашла ептен на преглед. Плучата беше чиста, крвната слика мирна, брисеви непроверени. Петок беше и дали требаше јас да трчам и да купам антибиотик за секој случај? Не. Точно дека бев исплашена да не се влоши, ама затоа се тие дежурни болници. На крај се испостави дека малиот не е за антибиотик, најмалку за Вентолин и ете го скоро оздравен е. Среќа што матичната сепак беше доблесна и го почитува мислењето на тие над неа, па кога малце подразмисли не испрати кај специјалист. Секој го сака најдоброто за своето дете. Ама треба да размислуваме и на подолг рок. Секој лек освен придобивки има и еден куп негативни страни што не треба да се занемарат. И секогаш треба да се брои до три и да се исцрпат сите опции, особено кога станува збор за бебиња.
Бебе прв пат на одмор на 8 месеци одиме во јули. Спремам лекарства, го погледнав инхалаторот и си викам ајде бе каков инхалатор за на море, подобра инхалација нема од таму. И втор ден ларингит Почнав одма со сируп за алергија, вака така помина, среќа што беше полесно немаше напади туку само го изгуби гласот. Од тогаш и инхалатор пакувам. Јас инхалирам со физиолошки на своја рака ама веќе после толку разболувања знам кога е потребно. Бактерии стално имаат во носе од градинка ама се нема разнесено на други места. Антибиотик немам за секој случај, за одмор еднаш земав зашто стандард тргаме болни ама најчесто таму се подобри за два дена.
зошто ви рекле за аква марис да се користи само 5 дена, тоа е обична солена вода, јас на моето му прскам често, плус секое сабајле им прскам по еднаш спреј од диво оригано на бебето од тој бејби а на поголемот од другиот.
Прв пат ларингит неколку дена пред 4 тиот роденден, лани декември месец, спиеше и наеднаш во 1ч почна да се гуши, неможеше воздух да прими буквално, таков страв прв пат во живот осетив, како што бевме по пижами така излеговме, тој во вреќа за спиење и правец во итна, арно надвор ладен воздухот прими малку воздух, за 3 мин во итна бевме, среќа на 100 метра ни е. Таму одма урбазон, прв пат и среќа досега нема пак примено, плус инхалација, дете уплашено пишри корни, прв пат и инхалација, почна да диши, од тука правец Битола на болница и му дадоја терапија со дексаметазон, за 3 дена помина. Иначе инхалатор имавме купено од година и пол ко имаше ама така си стоеше нов бидејќи немаше шанса да го инхалираме од вриштење, никако дотогаш, па после дешавката му кажав дека мора да инхалира ама веќе поголем разбира па така почнавме без плачење. Таму ми кажаа ладен воздух да знам за др пат. Потоа уште 2 пати правеше ларингит до пролетта па помина со инхалации. Инхалации никогаш на своја рака немам правено. Додуша 1 година помина од тогаш среќа немаше ни многу потреба.
Не ти треба диво оригано додека не почне во градинка и со зелен секрет. Тој аква марисот бејби е изотоничен раствор и можеш слободно секојдневно да го користиш за хигиена на нос. Ако е хипертоничен тогаш се препорачува само пократок период додека има премногу секрет или е затнато носето.
И јас користам аква марис бејби може не секој ден, ама секој втор 2 сигурно. Има некои суви мурсулки периодов што нема шанси да ги извадаж без аква марис.
Не знам тогаш зошто така ми кажа докторот, изгледа не ме разбра добро што прскам. А овие другите како пример Марисимо исто се изотонични?
Го немам користено ама ако мислиш за овој изотоничен е, треба да пишува на него или ќе бараш да пишува 0,9% натриум хлорид (хипертоничните се 2,3% мислам). Ништо страшно и хипертоничен да користиш само не е за секојдневно.
Мислам дека помага, јас им прскам превентивно по еднаш а ако одиме некаде по 2 пати, прскам кога ке се вратиме или пред да тргнеме. Мислам дека штити од вируси. Еднаш по грешка му прснав од тој на големото (тој лути), ама ништо не му бидна, освен што после 2-3 дена бегаше кога ке ме види со спрејот.
Мајки додека чекам одговор од педијатарот некоја совет да даде. Завчера беше многу кенкав т.е плачеше цел ден изгуби глас па спиеше на мене се препоти и му излегоа на лиценцето. Маица облеков од сушара со ариел перена се надевам не е од тоа друго не сум паметна од што може да е или од пот или од ариелот.. нешто да правам да го носам ли? Се вцрвуваат вака кога лежи врз обравчето инаку се белки како сликава доле
@Cosmic Girl Да да знам за причинителите, научив со тек на време, инаку така ни рекоа на болница на педијатрија, као демек аман многу сме се исплашиле. Инаку со големата чести ларингити, неколку бронхити, ама се подобра и подобра е. Си реков ајде бебево нека не е толку болежливо како големата, со него завршивме на болница уште на 2.5 мес, дијагноза бронхиолит,слично како и вас што ви направиле одма венски антибиотик, исто крвна слика како за вирус, не знам колку урбазони ја боцнаја, не испуштија по 4 дена со негативни брисеви, плус ни дадоја антибиотик за дома. Наводно оздравени, по една недела пак на дневна, не "лечат" уште 5 дена со урбазони утро вечер, а дома инхалации и готово оздравени сте, чупево не оздравува, правиме аври, резултат РСВ, матична не пушта Скопје на клиника, не примат во амбуланта, правиме кс и ренгден и велат вратете се назад ке ве задржиме, ја снимаат на рендген ми викаат резз во понеделник, а ден четрвток . Од таму правец систина, ме смирија, вирус е досаден е, трае подолго, не се плаши лекувањето е со инхалации, докторката вика терапијата дали дома или на болница е иста, на клиника сигурно ќе ни закачеја антибиотик пак, а што имунитет има бе бебе тогаш веке направи 3 месеци. Ја најдовме снимката со пријатели, да ја видат во систина, останавме два дена на опсервација. Издолжив многу, ама муабетот ми е за аплицирање антибиотик БЕЗ потреба и тоа во болнички услови, најверојатно и таму го фати рсв вирусот. Едвај стигнавме до прва вакцина сега дури на 4 мес. @Skyler исто и ние, патната аптека ни е цела торба, се имав двоумено дали да го земам инхалаторот, исто не го зедов, фала Богу немаше потреба од него ама од следната година почнав да го носам по одмори. Кога се зедовме со мм домашната аптека имаше аналгин, парацетамол, сега една фиока не ни стига, све имам дома, не дека ги употребуваме фала богу, ама подобро да имам отколку да треба да трчам на болница после полнок. За антибиотик за секој случај носев само првата година на одмор со големата керка, го вратив како шо го однесов, а сега кога ке размислам зошто воопшто сум го носела, ми нема логика, да дадам антибиотик беспотребно и да и допаднам имунитет ццц, ама се се учи со тек на време. @lackygirl Исти бевме и ние при првиот ларингит, како што се најдовме дома, така истрчавме. После таа епизода на ларингит, секој нареден го препознавам и во тој случај давам само кортико, наутро одма известувам матична, па добивам насоки за понатаму. Дома чувам дексазон, кортаир.. Ова го кажвам за големата, оти нормално, секој си го познава детето. Еве големата само тогаш првиот пат на болница ја боцнаја урбазон, а малово како шо пишав погоре, нз колку урбазони има примено
И моето бебе мислам дека сега испи Панцеф без потреба, не качи воопшто тт, почна само да кашла,ниту растечен нос ниту никакви други симптоми, докторката одма бронхит било му даде панцеф, ни крвна слика ни брисеви немало потреба, маж ми запна дај му па дај му, исплашени од состојбава со голема кашлица.Еве излегоа 2 запчиња горе, две 4ки, јас сум убедена дека кашлицата беше од нив, ама со кој да се разбереш, а и пуста грижа на совест си викаш ако не му дадам а му се случи нешто.Уште па ми вели донеси го на контрола, немам намера да го носам да закачи уште нешто, и пишав подобаре.
Очигледно треба да смениш доктор. Кашлање при никнување заби е нормално зошто се зголемува плунката. Од бронхит до лигавење е голема разликата.
Brachyzephalie дали на некоја мајка бебенцето носело шлрм да се оформи добро главата??? Ме ибтересираат совети
Здраво.како го решивте проблемот? И кај нас е слична ситуација мислам веќе дека нема што не пробав...