Бебе 11+ има ларингит, спие моментално но се буди и се мачи од ларингитот. Тие што знаат, знаат каков звук испушта. Прашањето ми е освен ладење на соба која што е 23 степени и никако да падне температурата што смеам друго? Големата кога имаше дававме за алергија нешто. Имам летизен но пишува дозирање за од 2+. Значи за бебе не смеам.
Смееш само доктор треба да дозира. Јас мислам давав 2х1мл. И инхалирај со физиолошки. Терапија не ви дадоа никаква?
Денес бевме на редовен преглед за здрави деца, немаше ништо тогаш, супер си беше. Пред спиење го фати. Го инхалирав со физиолошки. За каква терапија мислиш? На големата не и даваа терапија освен ако немаше и други симптоми, температура, кашлица.. Да почекам до утре за летизен или ако гледам се влошува да дадам 1 мл на своја рака, ќе згрешам ли?
Па мојот има напади, не може да се смири од кашлање додека не го инхалирам и секогаш ноќе се случува. Во такви случаи и кортико примал, сируп за алергија обавезно.
Леле душа Многу помага ладен воздух. Сигурно знаеш. Тогаш големата ја мотавме во ќебиња и со мм спиеше на тераса 1-2 часа кога фаќаше поголема криза. Потоа спиевме со отворен прозор среде зима. Се смируваше.. ама напад таков како што опишуваш немала. Сега со загаденоста не ми се вади надвор. Не знам што да очекувам од бебе, прв пат го фаќа. Ако се влоши многу подобро да одам на дежурен. Ти благодарам многу. Ви посакувам никогаш да не ви се повтори.
Добар е воздухов денес дека дуваше, ако не отворен прозор бар проветрувај почесто. Инаку тоа е лекот си знаеш и инхалација, ако не се смирувај козле носи. А за сируп за алергија и нас ни даваат за големиот. За малово со вкусови откако почна постојано имам сируп за алергија дома, ама никогаш не ми текнало да видам за дозирање за бебе . Среќа не ми притребал. Сега баш просрчав, освен аериус сите вика над две години ( зиртек, рупафин, лоратадин). Не е лошо и јас да препрашам за секој случај.
Смееш да дадеш сируп ако сд сомневаш во алергија, ама не летизен. Мене за бебе 4м ми рекоа(и тоа Баџакова што е врвен алерголог) 1.5мл аериус или 3 капки зиртек (тој од грција го земам). @Ano лоратадин, летизен се стара генерација антихиатаминици, не се препорачуваат за деца зошто прават поспаност. Зиртек не знам кај нас каков има, ама малото шише со капки можеш да даваш Рупафин е најнова генерацоја, ама не е докажано како делува кај мали деца и се избегнува
@KuklickaSk Само поради тоа не се препорачуваат тие? Зашто докторката секогаш ми вика што имаш, тоа. До душа јас летизен само еднаш му дадов, обично аериус имам дома. Зборот ми беше ако дојде до не дај боже ситуација, ништо нема да се случи од летизен. @Nala37 Знам за ладниот воздух само што проблемот е што он веќе е поголем, многу паничи и само вика инхалација, инхалација, свесен е што му помага. И одма инхалирам, се смирува и продолжува да спие. Како ларингит што знае да извади од памет мислам само воспаление на уво е исто толку стресно.
За не дај боже нормално дека што имаш ќе дадеш во момент. Ако не дај боже дојде до наеднаш гушење само урбазон помага. Ама се надевам дека не би дошле до тој степен.
Јас давав алвотадин и цетирзин, мислам по 2 мл по препорака од педијатар, првпат ларингит фати на 5 месеци и лежевме во болница тогаш давав алвотадин, рекоа може и лоратидин ама јас се побунив дека е над 2 год па го сменија.
@Ano @KuklickaSk Добро ни помина ноќта. Се будеше често и кога ќе заплачеше испушташе звук, 1-2 пати искашла како шлајм. Па си продолжи да спие. Сабајле беше како подсмирен, весел и си изел појадок без проблем. Иначе проветрував често. Пуштив и навлажнувач си помислив дека може ќе потпомогне. За сирупиве искрено не знам многу, но ви благодарам на сите за препораките. Јас секогаш имам сируп дома за алергија, за температура. Тој ми се најде во моментот но ќе го сменам уште денес. Ќе се слушнам денес со матичниот ќе видам и тој што ќе каже. @Skyler стварно знае да извади од памет. Го инхалираме и ние. Кај големата како порасна се изгуби ларингитот, посакувам што поскоро и кај вас да помине. @AngelOfArh Знам дека е топло но таа температура е без греење, не се лади станот никако. Отварав прозор често, страв ми е цела ноќ да спиеме со отворен прозор, ќе се запоти, се открива па да не направиме поголема беља. Знам и за фрижидерот и тоа беше опција ако се влоши. Постот искочи каша попара, ненаспаноста си го прави своето.
Мами да прашам денес бебко има проливче, вака добар е се друго, нема тт, цица, банана му дадов, 6 месеци е, дали може линекс прашоче да му дадам бар пола?
Bas Zirtek onoj vo plavo bela kutija sto go imase kaj nas? Zosto od Bugarija mi donesoa edni kako kapki Zirtek vo zelena kutija ama ko da ne e toa toa...