Мајки, бебе ми исповрати обилно вчера вечер на два пати, а расположен е, нема температура, не бил болен, се однесува исто, дента имаше доста јадено, дали е можеби од тоа? Ама беа работи што и претходно ги јадел, банана какао житарки, пилешко со тиква и ориз и вечерата беше ноќна каша на хипп, млечните, рокот беше добар, само мм му ја стоплил, можно и тоа да било проблемот? Го избањавме, испи млеко и заспа, беше мирен до кај 2ипол кога стана, му дадов млеко и пак поврати, а испи едвај 4-5 голтки, вода нејќеше тогаш... 11+++ е, за 5 дена годинка.. И денес е еве расположен го испи млекото ама ако поврати пак ќе го носам на лекар секако.. Вирус да е стомачен ќе даде и други симптоми, така? А целото седи свиткано праи секакви акробации, пред да поврати беше баш со главата долу потпрен а газот горе ноџиња исправени..
Ако не ти повраќа на секое млеко и јадење не носи. Можно е од што било така со главата па да му дошло неарно. Направи го и ти истото посче јадење сигурно ќе повратиш Ако не е обилно и по неколку пати во текот на денот не носи на лекар да го буташ во вирусиве за џабе.
Фала ти мајка Па не, само вчера и ноќе беше, и млекце сабајле пиеше, и доручка и ручкаше денес, нема повратено, се надевам неарно му дошло само Посмирена сум веќе, испаничив
Мајки дали може да се јави алергија од Hipp2 млеко, 8ипол месеци сме до сега бевме на ексклузивно доење, но морам итно да и заменам оброк млечен., но не ми се почнува со тетрапак. И имам дадено јогурт, кисело млеко..
Здраво мајки, некоја искуство со епигастрична кила кај бебе/дете ? Моето е година и 7 месеци има проблем со запек па најверојатно ради тоа е појавено, се познава мало топче кај желудникот само кога стои, само со педијатар разговарав ама најдобро да го однесам кај некој специјалист. Да ми препорачате добар доктор за консултација? Дали е опасно од ваши искуства,дали може само да се повлече, дали е секогаш потребна операција?
Страшно! Ај антибиотици ама кортико имаат стварно штетни последици. Како си ги даваат лекарите...бог да чува. На детска клиника ни рекоа никако кортико. Само со физиолошки инхалацијата.. Господ да не чува и да не даде да немаме пари за по приватни да се лечиме... Во државни установи има и добри доктори, ама чекањето, немањето реагенси во државните лаборатории, немањето термини и сл. се причина зошто се оди на приватни..
Мајки, бебе има вакви на ноџето и на вратот, вчера имаше едно на ноџе, едно на врат, сега има 3 нови на ноџе плус едно на другото ноџе и уште две на вратот. Што е можно да е ова? Алергија? Да го искасало нешто на спиење? Не знам веќе, матичната ни е 2 смена
Ако можеш направи уште некоја слика на посветло и види околу газето да не има некаде. Ова мене како полно со вода ми личи или лошо се гледа?
Мене вака ми личи на варичела, како со водичка се? Од моето пресно искуство 99% се сипаници, ама доктор ќе ти кажи. Ако се со лесно да ги помине, знаеш моево на 2 месеци ги помина прелесно.
Личат на сипаници ама до утре мислам за сигурно ќе знаеш. А можно е и алергија да е, мојот некогаш вака знае од пилешко да се исфрли.
Еве вакви беа кај моето, потоа само неколку со вода се направија, се на се имаше 30 на цело тело, а големиот имаше секаде, премногу имаше. Мери и тт, до 37.7 креваше 1 ден.