Ќе биде подобро , само собери храброст за се што ќе видиш. Ќе му земаат 100 пати крв, ќе неможат вена да најдат, многу им се мали, спреми се за рентген ако не е правено до сега види на нет како се прави кај мали деца да бидеш спремна. Ќе го кренат, не е прво не е ни последно. Остави се на доктори. Најверојатно е вирус кој веднаш се спуштил. Антибиотици мора за секундарна ифекција да не настане. Подобро што сте на интензивна. Со лесно.
Со мене е во соба. Но уште е на кислородна поддршка. Некаде мислам дека ја читав @le.soleil ако не сум грешка. Па ќе ја замолам ако се уклучува на форумот да сподели искуство.
Со помин мајка, брзо опоравување на малечкото. Син ми имаше пневмонија со тешки опструкции на 7 месеци не беше на кислород но ситуацијата беше ептен деликатна 10 дена бевме во болница на клиника лежевме, ке помине се, се ке биде добро.
Уф мајка, држи се. Бебето ќе биде добро, тие се појаки од што мислиме. Штом сте во болница и прима терапија ќе се накрене, не му се секирај. Од мое искуство колку памтам се што те интересира прашај. Вака, едниот помина без кислород ама имаше бронхолитис и почетна пневмонија, другиот кога кога го донесоа веќе имаше масивна пневмонија двете крила зафатени. Петок го донесоа во Козле (велам донесоа зашто ја лежев веќе со другиот таму) саботата почна да му паѓа сатурација (што патем јас му мерев со свој оксиметар, пошто сестрите не се замараа, си пиеа кафе. Кога почна да му оди под 90 почнав да ги викам ме игнорираа демек не било точно, спиел добар бил, кренав галама, го ставија на апарат и стигна до 85 и тогаш му вклучија кислород. 3 дена беше на кислород, не можеше ни да јаде ни млеко да пие, едвај едвај цицаше. Не е страшно тоа што е на кислород, едноставно премногу му се мали дишните патишта, нема кај да поминува воздух од секретот и лек е да се даде кислород како подршка додека организмот да се избори со вирусот. Причинител на бронхиолитис е најчесто рсв. Кога читав додека бевме во болница ми останало во сеќавање дека некој 6, 7 ден е најтежок па после полека почнува да се подобрува ситуацијата. Инаку, близнакот што беше на кислород многу побрзо се опорави од брат му и помалце време поминавме во болница со него. Малиов иако немаше таков драстичен тек на болеста подолго беше на инхалации, 4ти ден од хоспитализација доби опструкции и дополнителни терапии и потешко се оправаше со кашлање и свирење. Брат му ми скрати добар дел од животот ама од тргање кислород до одење дома само 2 3 дена поминаа. Така да знам дека ти се чини страшно сега, ама за жал не е ни прво ни последно детенце со таква состојба, дури и да не е само бронхиолитис во прашање еве и пневмонија имаше па на крај се се заврши добро. Тоа што психата засекогаш ќе ми биде оштетена и што ќе се тресам ка секое кивање е друго. Држи се, гушкајте се и само позитивна мисла, ќе помине брзо. Пиши ако нешто ти треба п.с 7 месеци беа кога се случи тоа или 6 корегирани пошто се предвреме родени. И од тогаш да чукнам во дрво никогаш не спуштиле на плуќа веќе и од 20 поминати вируси сите генерално лесно ги поминаа. Ок ларингиричен напад беше драматичен ама тоа кога ќе отидете дома ќе ти раскажувам
Фала ти многу мајка Кај нас се се случи во еден ден. Утрото се накашла а попладнето веќе воздух не можеше да земе. Целиот беше модар. Кашла а не може да се искашла. Како стигнавме до болница не знам. И на добар дел од настаните не се сеќавам. Само сум плачела многу во ходник и сум викала. Ми се вратија многу чувства што ги имав за ќерка ми. Ама откако е добра мислев дека тоа зад мене останало. Во болница сум плачела и само сум ги молела лекарите да го спасат. Од тоа што мм ми раскажува. Инаку се ми е во магла. Како да не сум била јас. Како некој друг да бил на мое место. Ми скрати добар дел од животот.
Поминало најстрашното, мора да биде на кислород додека целосно не закрепне ама сигурно ќе му намалуваат доток како ќе се опоравува. Пишувај како сте кога ќе можеш
Се расплакав. Многу е подмолен бронхиолитот од рсв. Јас на редовна контрола за здраво дете го носев бебето на 2месеци, и Симонида во Систина го слушна на слушалка дека има бронхиолит. Ниту еден симптом немаше, ни кашлаше, ни секрет во нос, ни температура ништо. Ни даде одма пулмикорт со вентолин 14 дена, од кои првите 7 дена примаше инхалации 3 пати на ден. Ништо не ми беше јасно зошто толку терапија кога не му е ништо, и баш ми кажа дека ако не сме дошле, ќе завршевме за 2 дена во болница. Е толку е подмолен. Не сте можеле да знаете и да видите дека има нешто и да изреагирате порано. Ќе бидете добри. Само ти мајка си знаеш како ти е. Праќам позитивна енергија и брзо да бидете здрави дома.
Немам искуство со тоа, ама ако не се регулира со исхрана на мајката кај доено дете, претпоставувам треба терапија. Кај бебе на формула верувам дека ќе треба да се смени формулата. Кај поголемо бебе што веќе има дохрана е најлесно, сливи, круши, природни лаксативи би требало да завршат работа. На ќерката и воведов цврста храна од 4 месеца заради реткото какање, и од тогаш си беше во ред, секако редовно ако се дава храна за помека столица.