Нема што да се секираш чим прима терапија ќе помине. Бактерија и дома може да фати. Таму барем е под надзор.. Честитки и не се грижи.
Мајки само што си дојдовме од болница оздравени,помина вирус,бебе почна да кашла. Многу лошо по воа болнициве една болест ќе излечиме,а друга ќе фатиме од другите деца туку прашањето ми беше дали смеам да дадам нешто превентивно додека не се сместила болеста да ја избркаме..?
Ил да не се секираш на Гак скоро сите бебиња беа на антибиотик и причината е фамозната инфекција пренесена од мајката. И моето примаше антибиотик и мене ми беа сите брисеви се чисти они ми кажаа дека немора да е вагинална инфекција можело и од обична настинка да се пренесе. Мене сето ова неми беше верно ама ај фала му на бога сеср заврши. Не се секирај и немој да плачеш бебе ќе ти го донесат утре и ќе си го гушкаш,знам како тие јас само дремев на вратата од собата за бебиња и го гледав.
Биди силна Тоа по го сончат е заради жолтицата која не е страшна и скоро сите бебиња добиваат Антибиотик прима заради некое жариште шо и они незнаат кај е Не се секирај бактетија од тебе не добило иако они јадат трици Бактетиите вриштат во болниците па затоа и бебчињата факат За некој ден ке се стабилизира Барај да го носат да цица побрзо ке помине жолтицата така
Бебчево ваљда заради заби дигна 37.4 темп го пратам и гледам сем што е кенкав тој е и разигран ама како на друг начин да му помогнам за темп ?
Истуширај го без главата, измасирај го со алкохол, натопи чорапки со оцет, не го наоблекувај, ќе спадне Т.
се изначитав по форумов и општо по групине на фб... морам да прашам. Вие која температура ја сметате за висока? Ама сериозно
Многу мајки на 37 - 37.5 даваат антипиретици. Зошто? За мало до 38 е нормална веќе од 38.1 па до 38.5 се третира. Над 38.8 јас на инекции одам. Ама 37?
Здраво, бебчево е 2 месеци.Се испаничи сестра ми дека нешто не е во ред. Еднава страна му е малку како поголема од другата. Ќе го однесе на педијатар.Но мислев да слушнам и ваше мислење. Има место за паника? Спојлер
И мојот е вака. Нормално е дека растел така у стомакот повејќе место немало. Не ср паничи . Или јас бев таа што го носеше на лекар за ова да ми потврдат дека е тоа таа причина и чим е бебе право кога стои кога ср исправа нема место за паника !
Двајцата кога беа бебиња вака им беше мешето, а бебето ми е 9 ипол месеци и тоа е вака во меше, никогаш немам прашано на педијатар си сметав дека е ок супер си напредуваа и весели си беа и на секој преглед по меше ги пупаа и сметав ако има проблем ќе ми кажат. Според мене мислам не е ништо страшно, а да си е раат нека си праша и педијатар..
Женски од неделата до средата бебе имаше температура до максимум 38.5, навечер му дававме сирупче а дење за над 38 само. Од вчера си е добар ама еве сега на пресоблекување гледам стомачето му е цело со црвени точки. Читав дека после висока температура од три дена се јавувал осип ама он уствари и немаше баш висока температура. На контрола ќе го носам после, да стане од спиење ама ако знае некоја нешто нека каже во меѓувреме. Ептен ми е страв да не се сипаници