Нема шанси и на ехо да се види, тоа е толку тенко, а и колкаво може да е парчето. Џабе не си прави стресови, готово поминало.
И б витамин јас би вклучила, тој ни го давале за заштита на стомакот после јаки вирози. Инаку трае до 2 недели, ќе помине за некој ден. Сигурна си дека го голтна? Обично плуќаат такви работи. Инаку може и да не го искака цело, има киселина во желудник може да се разгради ако е мало парче.
Мајки имам прашање. Бебе веќе 3 пат во 7 месеци после вакцините некако се погодува ваљда пад на имунитет почнува да "кхмм кхмм" поткашлува и како да му смета нешто на грлце па дише кога е возбуден забрзано и погласно. Чистиме носе полно е од раѓање, ставам физиолошки,повремено некоја инхалација кога ќе ни кажат, педијатри на слушалки не фаќаат ништо. Денес може дека сме на повисоко,чист воздух, успеа да исфрли прв пат шлајмче лепливо полугусто бело. Ме фати страв да не симне надоле да фаќаме ли накај дома болница да го носам? Не му е баш ништо друго,весел е,си игра,цица,јаде кашички сè по ред, ама прв пат шлајм па не знам што/дали треба нешто да правам?
Ништо не му е. Слузокожата во носот има заштитна улога, создава и шлајм како одбранбен механизам против бактерии, вируси, прашинки и слични честички. Нема потреба од носење на лекар, ништо не му е на детето. Сите ние исплукуваме шлајм и кога сме здрави.
Видов како голта, а парчето го немаше. Не верувам дека би се разградило зошто мислам дека не се биоразградливи фолиите, што знам
Да не знае некоја мајка да ми помогне за толкуцање,многу се загрижив.. заспа бебе па го носам на педијатар (ни рече со резз да одиме да го чуе и брисеви земаа) ама никогаш не биле волку црвени ... се изначитав глупости имам мал паничен напад Да напоменам поткашлува ама повеќе како кккхм кхм после нанање друго нема, вакциниран е пред 10 денови дали е можно и од тоа? 7 месеци
Мајки ми качи 39 темп во 4ипол, за време на дремка брмчеше кога му мерив од памет се извадив. Дадов блокмак спадна 37-37.5 Сега еве го пак 39.2 дадов блокмакс. Денеска не јадеше баш баш препишав на заби. Има вирус? Да го носам во болница што да правам не знам, без памет сум
Не е од заби температурата, не може од болка да крене толку висока температура. Сигурно има закачено некој вирус. Давајте течности и електролити по малку. Кога одбиваат храна најчесто ги боли грло, дека не може да голтаат.
Супер е крвната слика, не паничете вируси има колку сакш. За”кхм”реално не се носи дете на лекар, а уште помалку па и брисеви да се прават. Малку трпение мајка. За второто ќе си поопуштена.
Фала на одговорот. Од х причини нема да имам второ дете па нема да осетам како е да си опуштена мајка - штета. 100пати сум чула и прочитала, при кашлица на мало бебе не се глуми кул мајка туку се носи да го чуе доктор и да утврди. Педијатарот кога се јавив да прашам и објаснив дека дише брзо скоро цело време и поткашлува како да не може да искашла и се слуша како секрет па се заморува бебето, кажа напрај кр.слика со брисеви и донеси го. Значи во случајов барав мислење за резултатот додека го однесам кај докторката (4та кр.слика ни е во 7месеци и прва со толку параметри под граница) а не за опуштено постапување при настинка на прво дете. Поздрав и пријатна вечер @Carolin. Да кружел гаден вирус мила, ми кажа педијатаров, височка температура е за од заби,викаат до кај 37.3-37.4 одела од тоа. Следи како е бебчо до утре,хидрирај го и нека проаѓа полесно
Вироза е. Давај течности, електролити, ако почне да кашла многу на доктор. Би требало за 3 дена да пројде темп.
Ако го однесиш одма за кс параметрите можи нема да ти покажат точно, од тт бар после 24ч се прави крвна слика. Плус кај бебиња се изместени, пр нормално биле покачени леукоцити... Што направивте? Како е? Моево па од петокот кашла продуктивно, ноќе неколку пати и дење, не нон стоп, вчера бев кај матичната нема ништо ни на плуќа ни на грло, таа вика од што му се слевале мрсулчиња, а имаше тој пред 2 3 недели. Мрсулчиња си има често, на доктор не сме биле 3 месеци, 2ро ми е, ама јас и за првото не паничев, не одев често освен на почеток првата година во градинка од 2 до 3 год беше нон стоп болен и на 2 месеци антибиотик потоа еднаш годината се поболуваше со тт, па некои полесни настинки. За кашлање, особено сува кашлица се оди на доктор.
Го носев прееска, еве сме дома. Ме исплаши нокеска 40 крена. Му беше 38.7 и реков ај да не давам пак блокмакс да го истушираме, никако од 2ипол до 3 мислам само темп му мерев кога стигна 40 се наежи цел и почна да ми се тресе, без памет останав мислам, чепче еферангал му ставив се спушти на 38.4 за 30мин. И заспа, на местото езеро кај што спиеше. И се јавив на матичната кс со ЦРП одма направиваме, црп и леукоцити покачени мислам беа. Ама вели вирус е не е за антибиотик нека се избори организмот некој сируп ми даде, течности многу да не дехидрира и ако не се оправи за 2-3дена пак да го носам.
Да прашам за совет , бебето е годинка, поврати 3-4 пати , даде и електролити малку и чајче од нане и нив ги поврати , што друго да и дадам , инаку тем 37,4
Наусолвит јуниор капки проѕив повраќање и Б6 таблета здробена во течност за смирување на желудник.. но внимателно со течности по малку давај да не предизвикуваш повраќање
Ме стави мајка ми на ум сега. Полниме 5 месеци за некој ден, и од јули некаде почна зелена столица. Килажа си качува одлично, дури му зголемивме изминатиов месец. Пие 450/600 мл мое молзено и 1/до 3 дохрани во денот- зависи, секој ден различно. Му давам бебелан. Столицава во боја не се менува- до душа мава накај жолто некогаш, ама пак е зелена. На почеток беше течна така обилна до грб што се вели, сега му се згусна и е баш густа и не толку обилна. Крвна слика правевме минатата недела, одлична му беше. Вака ништо друго не покажува. Давам пробиотик. Како може да се среди? Можно е да му смета од нешто јас што јадам? Млечно дури и помалку јадам од претходно, што велите дека може да биде? И не оди секој ден, знае на два дена… Знам дека имам прашано, ама во муабет со мајка ми ми направи шубе да се загрижам