Едно 7 педијатри имам прашано, викаат шанса нема, само паѓа имунитет, па од тоа фаќаат вирози всушност.
Мојот од двојки доле што му избиваа двете во исто време, и пикаше се живо во уста фати вирус, му паднал имунитетот, 2-3 дена држеше до кај 38 ја спуштавме се расоблакање и со туширање со млака вода без квасење на главата. 4тиот ден ми качи 40темп. вироза ништо страшно ми кажа, 2 дена ништо не јадеше, направивме крвна слика и на крајот со сируп за имунитет не испрати матичната. Ти кажувам да не се плашиш, штом заби пробиваат сигурно паднал имунитетот и од тоа закачуваат вируси полесно. Брзо да поминува.
Не ги комбинирај сирупите на ваква температура, доволно е далерон на 6 саати. Ако качува на помалку од 4 саати повеќе од 39.5 тогаш комбинирај. И ако си во можност земи парацетамол на Алкалоид, многу подобро делува или чепчиња. Дозата е половина од килажата, пример на 10кг даваш 5мл. За блокмакс види во упатството. Над 37.5 веќе рачунај дека може да е од болест, пробај прво расоблечи го бебето да не му е топло.
Тој педијатар сигурно дава и антибиотик за секој случај при настинка. Сите педијатри што ми ги воделе децава се стриктно против капнување мајчино млеко во око. Си има причина зошто, не измислиле топла вода. Ако сакаш, лекувај така, нема проблем, твое право. Ако тебе ти помогнало, не значи дека кај сите ќе помогне ( најчесто не помага, нема ефект, а може да влоши).
Па затоа и не ја цитирав членката што и како да прави туку тебе ,кај мене помогнало и ми беше кажано од страна на педијатар а не на своја глава.Како и да е ,во право си ,ова е форум,можеш да побараш мислење но не и да практикуваш кој што ќе каже.
Мајки бебе 6 недели премногу спие денес откако сменивме адаптирано млеко во понеделникот. Кака премногу после секој оброк и не знам дали да го сметам како дијареа. Загрижена сум дека дехидрира. Не можам да познаам дали често мокри дека секоја пелена е какана. Дали да го носам уште вечерва на доктор? Прилог слика од пелената. (Не знам како да ја направам спојлер)
Го однесов на дежурен. Ми рекоа не покажувало знаци на дехидрираност според нив. Наводно се навикнувал на новото млеко и му требало време. Не било тоа течна столица иако малово се дупна од какање. Лесна било млекото дека анти алергено и анти рефлуксно. И се измоча и таму додела го прегледуваа, рекоа добра боја на мокрача. А сеуште ми е таков поспан
Прашај и матичен ако можиш, моево е три недели и тој кака почесто ама не до толку обилно и после секој подој, шо знам шо да ти речам..
Прашав, ми рече и матичната во ред е . Во Систина ми рекоа може сега повеќе спие дека претходно беше со гасови и тврд стомак и затоа не спиел. Сега го нема тој проблем ама многу ми е чудно со какањево. Јас само менувам пелени и трошам влажни марамици... не можам минимум 8 пати на ден да го мијам... плус што нонстоп заспива при пиење млеко.
мила, чисто да ти споделам мое искуство. Првите две недели моето бебе кога се роди, буквално секое цицање какаше. И јас исто испаничив да не дехидрира или да не е некој проблем. Проблем нема! Целата ситуација беше дека пребрзо му се вари храната и тоа е позитивно во случај ако го гледаш на подолг временски период - ќе има брз метаболизам. Второ, ќе се среди, за некое време ако кака 8 пати на пример, ќе кака помалце, ќе си регулира. И јас секој можен лекар го посетив сите ми викаа нормално е. Нормална столица, нормална мокрача. Може е поспан ако има уште малку од жолтицата.. чисто да не се секираш, чим ти викаат дека е во ред, и јас низ истото поминував, ќе си намали со какање да не се секираш.
Фала ти многу. Немаше моето жолтица ама изгледа период е таков. Само го анализирам, дали е блед, зошто не е весел како завчера и зошто само спие. Сепак не верувам дека би ме пуштиле дома ако се сомневаат али ете мајки се секираме. Во 1 ноќта го натерав маж ми да отидеме.
А колку време спие, во 24 саати колку сон му се фаќа? И јас мислам дека е во ред, можеби конечно коцките се наредиле, сте фатиле ред и сега бебе ужива.
Моите 2 те деца какаа течно после секој подој првите 2, 3 месеци. Буквално секој подој, 2те доени ексклузивно, значи само доење, без чај и вода, од 8 до 12 пати во денот имаа течна столица. Ни тогаш (пред 5 и пол год) ни сега пред 1 година не сум мислела дека е нешто страшно тоа, нит доктор па сум прашала. На 2те потврда столицата му се направи од кога почнаа со цврста храна (банана, јаболко, круша..) значи до кај 5 месеци му беше течна столицата.
Не се секирај мајка, сите поминуваме низ исти грижи Се е во ред, а и бебе кога е толку мало спијат отприлика 17/19-20 часа во тек на денот, не се секирај малечко е уште потребен му е сон Што и да е, секогаш слушај лекар, чисто ти да си помирна. Инаку се ќе биде во ред!
@Speechless блок макс се дава над 6 месеци, и во самото упатство пишува. Туширај бебе, масирај го со медицински алкохол измешан со вода 30-70 сооднос, давај почесто да цица, мислам дека за толку мало бебе далерон се даваше на 6 часа, помалку не, прашај педијатар за чепчиња.
Нонстоп скоро спие, го будиме да јаде, го пие млекцето често до крај (некогаш знае да се успие на сред и не го допива) и презаспива одма. Еве сега три саати спиеше, стана да јаде и пак спие. Вчера само 1 час дали беше активно буден. Фала ти мајка. Јас забележав и дека помалце мочка денес. Не знам дали е до млекото или дека расте помалце ќе моча. Фала ви на сите . Чудно ми е дека беше значително повеќе буден и плус дека многу ми беа полни пелените со мочка претходно. Сега е намалено и тоа. Не му давам ни вода ни чај, само на адаптирано млеко е.