Kaкo аналгин е составот, ама не значи дека е лошо, баш ќе се распрашам по доктори. Може да се најде ако не спаѓа со парацетамол или ибупрофен, да се комбинира. Јас за мене лично, го користам комбинирано за тт, од докторка ми е кажано. Парацетамол, па ако не спаѓа по 30минс аналгин. Иначе само парацетамол како антипиретик не ми делува.
Има и за возрасни и за деца посебнп се .. комшивкава ептен ги пофали вика подобрп и од далерон и блокмакс а чепче детето не сака ..
Ист состав со аналгинот имаат, метамизол. Забранет е во доста западни земји оти има несакани нуспојави кои не се чести, ама сепак ги има. Аналгин кај деца во инфузии ставаат на клиника во случаи кога не се симнува темепратурата под 40 со стандардните антипиретици, инаку кај нас педијатрите не го препишуваат.
Мајки ве молам за совет што да правам и како да барам чаре... Бебе 8 месеци, имаше стомачен вирус од понеделникот, значи денес 6 ти ден. Првите два дена температура 37.5-38, повраќање по 1 на ден, и без апетит. Следните 2 дена прoлив и речиси воопшто не јадеше. Намали кашички можеби 1/3 од претходно само јадеше, млеко со сила 30-60 мл 3-4 пати на ден, навечер уште 1-2 пати по 30-60мл. Последниве 2 дена воопшто нејке млеко. Почна да јаде кашички меѓутоа млеко воопшто. Плука веднаш, ни во сон навечер не можам да ја прелажам никако. Денес и друга формула и купив демек да смениме ама ништо. Што да правам, како да почне млеко да пие, колку е страшно тоа што не пие? Ќе полудам веќе
Мојов 2 недели стомачен го држеше, ама само со дијареа. Не јадеше, ама цицаше, и електролити на Бекутан му давав (Хип не го сакаше) со лажичка, благичко дека, го пиеше. Ако повраќа и има повеќе течни столици давај и електролит обавезно. Следи дали мочка, да знаеш да не дехидрира, барем 3-4 пелени во денот да се мочани треба мислам. Апетитот ќе се врати кога ќе помине вирозата. До тогаш нешто што сака давај, јас банана со ориз мислам секој ден му давав, па колку изеде толку. Слушни се и со педијатар. Мене мојов ми кажа важно е да се хидрира и да цица, за храна да не форсирам. П.с. Општо за млеко, мислам не е толку страшно што не пие. На другарка моја на 7м и се одби малиот (на молзено мајчино беше), и од тогаш дава млечни ноќни каши и јогурт, кисело млеко и слично. Ад воопшто не и прифати.
2 дена имаше течни столици само, по 2-3 пати во денот. Вода мн пиеше. Бевме денес на контрола, направивме крвна слика па ќе видиме. Почна да јаде, пивна и млеко од вчера, се надевам ќе продолжи вака
Бебе 8 месеци има црвено грло и гласот и засипна ептен. Нема сила да плаче,нема глас. Ја прегледа доктор,на гради нема ништо. Само црвено грло. Тт нема. Дали би дале антибиотик? Ни препиша аламцин затоа што веќе недела дена и више ,и е црвено грлото,за од вчера да и засипне и гласот. Прв пат треба да давам антибиотик,затоа се туфкам...
Па зависи од наод на грлото, ако има чепови обавезно. И крвна слика, леукоцити, лимфоцити, CRP како е. Ама веројатно си знае докторот, ние дали би дале или не , небитно. Како каже доктор-така. Поопасно е да не пие-а имало потреба, него обратно. Побрзо да помине
Крвна слика правевме,ама поради примена вакцина,баш се погоди да не ни даде точен резултат. Ми се прејави педијатар па предложи кортаил и физиолошки инхалации,доколку не се оправи да давам антибиотик.
Тоа е веќе друго, почнете уште вечер со инхалации зашто обично ноќе се комплицираат работите, па ќе видиш за 1-2 дена како ќе оди, идете на контрола и ако треба тогаш ќе почнете со антибиотик.
Да не се работи за ларингит? Штом има и зарипмат глас. Од црвено грло знае да се влоши состојбата, па да треба и антибиотик. Пробајте со инхалации, нас доста ни помагаат.
Кај се носат бебиња вака вон работно време каде е детска клиника итно како и да се вика ? Бебево ми дигна 39 од нигде никаде и сега како кенка на секој здив, се вцрвува со нагони за повраќање ама не повраќа. Сега одиме на приватно ама не знам каде е на државно, само Козле?
Козле, детска клиника во клинички центар (од главниот влез од десна страна) или било која поликлиника што има педијатар, Јане Сандански пример.
А што би му дале на бебе за температура инаку? Прво и основно е патацетамол, и на самото упатство на далеронот има мерки до 3мес и понатака по возраст. Од прв ден може да се дава, само соодветно на килажа.