Како нова мајка што детето и почна во градинка имам едно прашање. Од минатиот петок болна, уште има мрсули и се закашлува особено навечер. Значи веќе една недела. Дали се смета веќе за оздравена и можам да ја пуштам во понеделник во градинка? Вака си е весела, енергична и насмеана.
Да знаеш дека речиси постојано пола група е со мрсули и кашлици. Ако е свежа, енергична, без температура, јаде нормално, слободно праќај. Ќерка ми иде во градинка веќе 3 години, цело лето беше во Струга со баба и, минатата недела почна пак во градинка, до средата веќе имаше мрсули. И го перам носот, и си тера. Таман работа ако за малку мрсули остане дома, никогаш нема да оди повеќе од 3 дена.
Majki , dali nekoja ima slusnato za slednovo Bebe go nosev radi povrakanjeto so remedika i istoto mi go kazaa bil prejaden ili od racete sto gi butka vo usta. Mene me zagrizuva slednovo Ispod gradata na 5 cm ima edno kao malo vdlabnatince od raganje uste e sea doktorkata spomna za nekoja akcesorna bradavka i nekakva povrzanost so urinaren sistem. Isto na slusalki slusna nekoj sum na srce sto prethodno ne bil dijagnosticiran ni pri raganje ni nikade. Bebe ima 9 m. Zasto ja sum so srceva mana malku ne mi e verno duri sea da se dijagnosticira sum vie sto mislite . Mojata sostojba ne e nasledna a problemot mi bil otkrien uste pri ispis od bolnica koga sum se rodila
Јас ќе ти кажам слично искуство на моја пријателка. Тоа отворче се затварало при првиот плач кога се раѓа бебето. Неа после некое време за малото и рекле дека е отворено и дека има шум на срце па да се направи контрола за 6месеци да се види дали е затворено повлечено. Измеѓу на 5 педијатри биле за настинки,контроли итн исто ниеден не го чул. За на крај нејзина другарка што бебето вистина го имала тоа и рекла дека тоа се слушало при дишење и без слушалки. Сакам да кажам, тешко да промакне на раѓање па и сите следни контроли. Ако сите доктори велат дека го прејадуваш, не си прај јадови да бараш со сила нешто да не е ок со бебо и пробај смени со храната. Ете види уште за шумот кај ве препратиле и не мачи дете по доктори со вируси, сипаници,ковиди и што уште не.
Девојки, со мм бевме настинати, т.е јас сеуште не сум целосно оздравена, син ми фала богу засега нема симптоми и се надевам така и ќе остане. Следна недела треба да прима вакцини, по леукоцити би се видело доколку има нешто? Црп за да се испита треба крв од вена или прст?
Секое второ дете има физиолошки шум на срце кој се губи понатаму. Не е ништо страшно и затоа не ти кажале ако претходно слушнале педијатрите. Кај малата од раѓање има шум, два пати беше на ехо на срце и се беше во ред. Кај големата дури на 5 год матичната примети шум, ама беше настината и најверојатно тоа беше причината. Бевме на ехо и екг, сѐ испадна во ред
Мајки син ми качи 38.2. Прво дете ми е и немам баш искуство. Дадов ефералган само што проба ми исповрати два пати во млаз, дали дека е многу благ. Го одбива не сака да го пие. Кој сируп за температура не е толку благ? Го избањав и ставив лепенка. Во кој случај се става чепче? И лепенка на колку време да менувам или може штом се стопли нова? Да знам што да правам, сабајле секако ќе го носам на педијатар.
Пробај со кромид во чорапи или оцет разреден со вода, држи го со помалце облека,туш без мокрење глава...често на града. Кај нас држеше температура 3 дена и магично исчезна. Ќе бара да нана често,успивај го нека се одмори. Чепче велат над 38.6 зошто тие се јаки директни, на 6ч се ставаат. Хидрирај го по малце со лажиче земете на хип електролити што се во шишенце.. не знам колкаво е ама нуди млеко почесто да не дехидрира
Фала за советите, иначе е 4 месеци. Го избањавме само надоле и со лепенката се спушти на 36.7 сега за сега.
Остави го до 38.5 нека се бори телото само, а штом повраќа тогаш земи си чепчиња по состав парацетамол од 80мг и ќе ставаш кога ќе тргне накај 39. Кога се рацете и нозете ладни ќе го покриеш убаво да се стопли, кога ќе се стопли раскомоти го. Сируп јас го користам само тој плавиот на Алкалоид, од тој симнуваат.
Neznam dali slusnala nesto pogresno zasto imase i nekoe mrsulce pa da ne i prohrcilo toa denes sekako ke go nosam kaj maticen da zakazeme eho Kade bevte vie na eho, jas kaj dr. Kacarska odev za mene dodeka me preflija za vozrasni ama sea mi kaza deka e vo penzija
Ако прашуваш за сирупот Парацетамол пишува на него, плав од Алкалоид. За чепчињата ако прашуваш земи далерон, парацетамол, ефералган, се тоа е исто парацетамол се сите. И имај дома Блокмакс сируп, се дава после 3 месеци за високи температури и температура што не се спушта од парацетамол.
На клинила Констандина Кузевска Манева ил иако сакаш приватно Иван Милев ќе го бараш (ординира во кардиовита и во жан митрев).
Дали вашите новороденчиња кога дишат им се крева стомачето? Знам дека е лош знак кај поголеми деца затоа два дена не можам да спијам, само го анализирам. Вака е добар, јаде, спие, нема никаков симптом за болест само ова со мешето ме загрижува.
Zdravooo, edna nedela smee na noseto imaaa sitni bruncinja (tocki) velat deka se milia ,pa me interisira za kolku vreme isceznuvaat i dali treba da me zagrizuvaat