Моето е 2 месеци и некој ден и зајдува , особено кога имаше грчеви. Од прв ден од болница плаче така. Дувам во лице и преќинува. Не е ситуација за по лекари.
Мајки почнавме со кашички ама бебе ја фати запек многу лош 2 дена многу по малце какаше суво, се напнуваше, заплакуваше. И ставивме гелче easyfix и се покака убаво ама еве денес само гасови има...дали ќе се среди сама од себе столицата, дали сте давале и нешто друго?
Давав јас чепче кога не какаше 4-5 дена така ми велеше матичната да не го оставам мн денови непокакан. Па се среди само од себе, кашички давав од слива, круша, праска. И сега го фаќа чат пат истото слива, чепче ако не е какан 2 3 дена.
Сте се изнамачиле и вие Ова сега само еднаш шо крена температура и толку беше, најверојатно дека цица па полесно помина. Неможиш да ги допазиш, големиот не оди веќе во градинка ама еве сега мм ни го донесе вирусот
Мајки на колку време може да комбинирам чепче со сируп? 8 месеци сме крена температура 38.5 и ставив чепче и се спушти и за два часа веќе почна пак да крева
На три саата се менува Ибупрофен вс. Парацитамол Ама внимавај само ако е неопходно. Од еднаш верувам е ок, ама пример неколку пати нус ефекти може на црн дроб да направи, те замастување. Имам комбинирано дека син ми качува 40+ тт. Во моменти на паника, се јавувам до брза помош за совет.
Околу 8 и ставив чепче сега веќе крена 39 и пробав сируп да и дадам ама не го пие го исплука се ништо не голтна
https://zegin.com.mk/mk/belupo-neofen-supozitorii-125-mg-10-parchina Ova se Ibuprofen cepcinja. Samo prasaj doktor kako na kolku vreme da se kombiniraat. Jas do sega samo Paracetamol (Eferalgan) cepce sum stavala. No koleskite gi koristat i ovie za decata
Мајки,дали ова е нормално од бсж вакцина??? Ја прими пред 3 месеци,денес забалежав дека и се направило вакво... плус и го намокрив зошто на туширање го приметив.. ве молам за совет
Мајки дали третирате мораксела? Бебе од 11 месеци,позитивна. Недела дена е со преголем зелен секрет и направив брис. Тт имаше еден ден докај 37.5 и толку. Не кашла нема други симптоми,ја наслушаа на гради ок е . Ама буквално се дави во секрет..
Бебо беше така. Никако да се оправи, месец дена се тегневме, мислев е од моракселата ама направивме тест за вируси и бактерии и испадна дека проблемот бил човечки рино вирус. Се препороди после изопринозин сируп.
Мајки хелп. Користевме пјур бејби пелени, бевме на викенд кај мајка ми и снемавме пелени. Купивме памперс актив. Тука започнува лудилото. Осип на дундето започнат од памперс актив околу 3ти ноември. Дома навечер и ставав памперс(2 вечери) приметив влошување и престанав навечер да и ставам памперс. Мачкав маст за потпарено и се повлекуваше осипот. Така цела недела... Следниот викенд ја имав облечено со овцичка скафандерче а во кола беше топло па претпоставувам се спурил осипот. На педијатар ни препишаа бетаметазон, ама ми кажаа да ја шљакам. Јас на секој саат и менував пелена и ја шљакав... Почна да се повлекува осипот, истрошив кортикото за два дена. Прекинав со кортикото и осипот повторно се појави и се ширеше ко луд. Сфативме дека пелените што ги користиме пјурбејби, пакетот моментално е различен од тие предходно... Уствари дела се расипани или како и да е.... Сменив на бејбилино, 2 дена. Продолжи. На педијатар пак кортико ни дадоа, и да го измешам со друга крема. И да сменам пелени. Купив Бионатурал слипи... Еве од саботата бебле има отворени рани, вчера минимални, денес се зголемуваат... Искуство некоја мајка???
Со првото дете имав ваков проблем во период од околу 2 месеца кога беше многу мала, баш бебе. Се реши со паралелно мачкање миробакт и афлодерм. Пред тоа 2 туби кортико употребив, исто се повлекуваше, ама штом прекинам со мачкање се враќа. И до рани стигна. Плус сите можни креми на пазарот ги пробав. Најубаво голо бебе ако дома ви е доволно топло, евентуално некои платнени пелени, јас имав од бамбус тогаш. Не дека се подобри од еднократните, туку чисто да се елиминира тоа што ја иритира од пелените привремено. После зараснување, јас си продолжив пак со обични пелени. Значи моето искуство е дека иако можеби осипот е предизвикан од нови пелени, кога трае толку долго веќе е во прашање инфекција, и поминува со соодветен лек (во случајот на керка ми, антибактериска и антифунгална маст).