Ау да тоа не напоменав уствари дека комбинирам и платнени у меѓувреме ... Сеа баш пуштив машина да ги преперам сите без прашок... За сваки случај, ќе се консултирам со педијатар за овие 2 креми и ќе преминам само на платените чим вака... Фала ти
@Spidy но дадоа уште една тура кортико, зашто предходната ја шљакав у два дена... ако нема резултати за ден два преминуваме на комбинацијава што ни ја препорача...
Нема шанси да нема ефект од кортико, ќе помогне, само да не се врати кога ќе завршиш со таа крема. Со помин само нека е. Мојава не покажуваше дека нешто и смета, ама сепак изгледа ужасно.
Фала ти Ми кажаа одкога ќе завршам кортико да ја шљакам со Бекутан цинк оксид цело време, на секое менување пелени, додека носи пелени... Скроз бело да и го мачкам дундето... Нели така ќе и направам сензитивност? Башка колку несакам Бекутан, божеее...
И јас имав одбивност од Бекутан, ама дома имав мала крема неотворена, па сега кога имавме проблем ја пробав и за чудо сум пријатно изненадена, смирува црвенило. Ова е инаку комбинацијата што ја користев кога на бебуш му се разрани газето од антибиотикот и проливчето што траеше подолго. Прво само црвенило, после и ранички отворени имаше ( се тресеше и заоѓаше од болка). Миење газе почесто, бришење со тупфери со водичка млака, па после комбинирав еднаш од биодермата, па после тоа наредно пресоблекување судокрем подебел слој. За неколку дена имаше подобрување, па тек после тоа кога остана само црвенило комбинирав со Бекутанот.
Бекутан имаат нова формула некоја па не се воопшто лоши веќе, види пробај може баш тоа ќе помогне. Или судокрем. Внука ми беше со пликови исто доле судокрем ја смири па продолжија со веледа невен
Ваква комбинација не комбинирав, биодермата ми фали... Ама пробав и со Бекутанот цинк оксид, судокрем, маст за потпарено, мустела 123, една кортико и една комбинација со гарамицин/гентамицин.. ние користевме веледа со невен, можеби да продолжев со таа ништо од она на немаше да се случи. Бебла само ја одмивам, ретко и користев влажни марамици, а и оние хипп екстра сензитив хартиените ги користевме за по надвор. Сега се вративме на туфери и памукчиња едни коцкасти... Личен избор на педијатар, концентрацијата на цинк оксид во таа крема бил најголем... Овие другите имале и мрсничко во нив, дури у судокрем. Што да, има, на фат се осеќа, вака тврда њ кремата и чим ја допреш се топи... Па и мустелата ми е некако таква... Единствено веледата е така сува крема спред мене.. Ќе си продолжам со веледа секако, само нека се смири. Судокрем пробавме, нејќе некако...а Бекутанот штознам... Ќе пробам дур да и се смири... А ставав неколку дена...Немам памет веќе предолго време трае ова, скоро месец...
Пробај ја и биодермата, побарај тестерчиња во аптека, сигурно имаат. Јас прво само со судокремот терав, ама тешко одеше, па после тоа докторката ми ја предложи биодермата и кога почнав да комбинирам како преку ноќ да се смири. Тек после неколку дена вметнав и Бекутан и сега е веќе скроз смирено, а траеше минимум две недели.
Ве читам за кремите, веледа е доста добра, и јас ја користев од старт, па кога имаше осип ги земав аите и моја грешка сите ги пробував, како да беше полошо а не подобро, па си продолжив со веледа, се смирија па се повлечија, па пак се појавија, ама зависи и од осип, може 2 и пол недели се боревме со брунчињата, за веќе месец се исчисти скрос кожата, кај нас како да се обновуваше се лупеше таму кај што беше оштетена, па за тоа стававме пантенол масп по препорака на педијатар, ама приметив исто и јас дека веледата од сите најмногу се задржува на кожата, другите беа премногу течни, исто друга што има доста цинк и е доста добра е здраве кремата, ја имам користено.
Големото(22 м.) пред две недели ми заврши со сумамед сируп и сега сме повторно болни. Кашла, полн е со шлајм. Носот не го дава за влече на мрсули. Му направив ккс и црп кај мене на работа, тоа мирно е се. Му земав и брисеви, ама колку што видов има бактерија во носето. Тек утре ќе дознаам која бактерија е. Температура нема. Му правам инхалации со будесониде тева два пати на ден... Ама нема никакво подобрување. Матичната ми вика не паничи детето ти е чисто на плуќа, а пак бабиве и маж ми викаат дека е за во Козле за прием во болница, по што кога дише се слуша како да му свират градите... И сега сум нит ваму, нит таму...
@Malatasirena123 @ivi1987 @Spidy @Fenix05 Белогент со канестен, наутро и навечер. Во меѓувреме само Павловичева, никако цинк. Бевме на кожно, докторката вика габично дека е. Се надевам на брЗ опоравак, фала ви на советите
Нова мама тука, нели кога има бактерија во носе не се препорачува инхалација? Инаку чим двете баби ти кажале да носиш дете во козле, носи. Зашто ризикуваш да го носиш одкоа ќе спушти. Спречи го проблемот...
Во Козле не примаат ако е чиста плуќата, ако е мирна кс и црп и ако нема температура. Може само да закачи нешто по ходниците непотребно. Види што бактерија има, третирајте ја неа.
Матичната истото ми го кажа. Затоа не превземам ништо. Денес ќе излезат брисевите, па ќе видиме што понатаму
Бебо 8 месеци, минатиот понеделник крена 37.2 и малце беше затнат, температурата беше само тие два дена и не повеќе од 37.2- само два пати во денот имаше. Спиеше на повисочко, му помина големиот шлајм од позади шо му се слеваше, не излегувавме дека беше ладно и загадено. Еве последниве два дена пак мрсули бели. Чистам со аспирстор, еден ден нема, друг ден пак се полни- ова му се приметува кога лежи на меше, тогаш му течат. Педијатарот ни рече да одиме ако крене темп. Што се прави во вакви моменти? Можно е да му достудува? Дома ни е топло 25/26 степени кај што си игра, меѓутоа е близу до вратата од терасата. Мислите дека може да е од тоа? Да ставам ќебе или некој картон…
Бебе примаше денес вакцини. Од пред саат време е кенкав, во раце се смирува, температура 38.2, дур се мислев дали да дадам чепче, спушти до 36,5. Сега дреме, таман заспа, пак мерам, пак е 38.2. Инаку 3++ сме. Да давам чепче?
Мислам дека на таа возраст и на 38 се даваше. Или ефералган сирупче за над 2 месеци, сум давала на таа возраст. Само дозирај точно за килажата.