Има ли некоја искуство со ниски температура, ќерка ми е 1 година и има сега35 со 2.дигитален топломер до сега точен. Беше болна викендов качи дури 38,до 7. Утре ќе ја носам на педијатар, но вечерва не знам како што, дали на итна?пиеше парацетамол и ибупруфен
Зошто за 38.7 сте комбинирале антипиретици? Бруфен колку што знам над 39 се дава, а се комбинираат за висока тт што не спаѓа. Од нив е, дури се регулира температурата на телото. Затопли ја, кожа на кожа и покриени и ако не се крева одете на итна. Би требало да се покачи.
Извини 39 со 7 каци, лошо сум напишала, не се спушташе со ништо. И не паѓаше, само тогаш и дадов, инаку имаше два дена над 38 со 5 па парацетамол, ама само малку и паѓаше. Фала ти, вчера и беше добра 37 со нешто, ништо не сум и давала и денес ништо, јас сакав да ја проверам да не качила, а таа спуштила, и има некој осип по тело и грб, педијатаротр рече од вирус кога е при крај, ама тогаш не знаев дека тт и е толку ниска
Fala ti, dobra e sabajleto. Silna treska imase, kosata I ja susev so fen I celo vreme nejzinite kjebinja I gi stavav na grealka I gi toplev I gi menuvav Mleko toplo I davav dva pati I sega e podobra. Fala ti na sovetite
Mojov cela nedela drzese mala temp do 37.5 i bese kenkav, doktorkata ni kaza od pnevmokok vakcinata (prenevar).
Здраво мајки Ми треба совет Бебе е 3 недели и појави кандида. Од доктор дадени капки, е сега проблем се градите печат, ми кажаа од аптека да се одмивамсо сода поради тоа што само ќе си ја пренесуваме. Некој совет ? Дали сода или има и нешто друго ? Педијатар дури понеделник не ми одговара на повици Ви благодарам
После одмивање со сода ќе си капнеш и на брадавиците од капките за бебето. И дури и да се повлече видливо сепак ќе тераш до 7 дена (мислам толку беа)
8м бебе, префати коксаки од брат му од градинка. Имаше еден ден до 39, вчера се осипа по цело тело, најмногу околу пеленска и нозете. Дали имате лек некој што мачкате или чекаме само да си помине?
Темп. 38,7 највеќе крева. Со далерон спушта 37,2 ... три пати еве пие на 4 саати. Може потечна столица да имаше од вчера... друго ништо. Можни запчиња или тоа е превисока температура? 7 месеци. Што можам друго.
Блокмакс, повеќе време држи од парацетамол. Штом има 7 месеци дај му ќе издржи барем 6 часа да поспиеш малку.
Моето на две години фати и немаше некој осип за мачкање по тело ама за во уста ни даде дактанол гел и совет да јаде ладно, сладолед, јогурт, овошни јогурти. Ние мака имавме со јадењето, плачеше дека го боли устата. Ама ова е за две години дете, не знам дали може за бебе.
11 месеци бебе. Чекам амин од матичната за антибиотик. Пред 10 дена имаше мораксела на брис,лечевме локално во нос со хлоранфеникол. Сега има тт и е омалаксана. На преглед имаше црвено грло плус. @Annath совет плс? Нема пиено антибиотик до сега...
После колку време од првото кревање тт е направена крвната слика? Пожелно е да биде после 24 часа, најверодостојна е некаде на третиот ден. Ова ми личи како да е прерано направена, ама процентот на гранулоцитите е зголемен, ко да тера накај бактериска инфекција. Мислам дека ќе треба да пие антибиотик.
Има поминато 24 часа веќе. И матичната препиша амоксиклав. Само ме советуваше да почнам од сабајле,а не вечерва да не покаже алергија. Не знам дали да чекам до сабајле....