A imase tt? I mojov kasla i ko da se davi vo sekret, nekad do solzi, a ne e bolen. Mrsuli nema, stvarno ne znam slajmov od kade. Mi lici na nalep na fibrin, kako da se povredil so nekoja igracka mozebi grizejki. Ne znam dali ima i drugi nalepi niz usta, ako ima mozebi ima kandida ama ne mi lici po slikava na toa.
Извини може касно пишувам, види со педијатар, ама нас педијатарката на вакциналниот пунк по мое прашање зошто е како зацрвенето, ми кажа дека било многу нормално и да загнојуваат и да си прават реакции. Не знам дали ви се среди, чисто сакав да ти пишам
Да си одговорам на самата себеси му излезе првиот заб и МАГИЧНО престана сѐ. Крвна слика му беше џам, на пееијатарот рече ништо да не правиме
Здраво мајки, бебе има една година и еден месец, од прв ден на адаптирано млеко, аптамил 1 па 2 па сега аптмил 3. Од пред два дена не сака да стави млеко во уста никако пробувавме се, купивме и други млека нема шанси. Совет ? Се буди преку ноќ за млеко и неможе да продолжи да спие бидејќи е навикнат да пие млеко
Да утредента пикна само и се направи коричка, иначе ни рекоа дека така треба да се направи тоа значело дека била фатена
Мислам дека веќе може да пие и обично кравјо тетрапак млеко, пробајте со Алпско во жито го има словенското, и не мора со цуцла може и со цевче на мојата така и е интересно. Сменете ја и цуцлата, со појак проток земете. Може запчиња му искачаат па го изиритира нешто, чисто како идеја. Мојата е иста возраст 13 месеци, веќе пие помалку млеко, насабајле во 7 и навечер пред да заспие обично 8-9, ноќе веќе не треба да пие млеко, и го укинав ноќното обично околу 12 и давав пак, но откако направи година не и давам, гледам да спие 12 саати без да јаде, ама наутро во 6-7 одма млеко, околу 500 мл дневно и се фаќа. Ако јаде друго се нема потреба да се грижиш и да пие многу млеко.
Вода или незасладен чај ќе дадеш, ќе престане да се буди за некое време. За преку ден, ако не сака млеко, не мора да пие, ако внесува јогурт и млечни производи.
Не знам ова правило дали треба да важи генерално за сите бебиња. Моево се будеше 4 5 пати ноќе до пред 1 недела 11+ месеци умирав за сон па му воведов АД ноќе. Бев убедена дека станува за утеха само ама он Пие 2 пати на 4-5ч му доаѓа и баш си испива 120мл не дека станува онака. Не знам може ако му тргнам ноќе ќе јаде повеќе денски (мада има 3 количински оброци и 2 3 млека некогаш 90-120мл) не можам да дадам повеќе кога не сака плука после тоа. А и јас сум да врзува без будење ама џабе од раѓање спие макс 11ч ноќе.
Навика е тоа што ние им ја создаваме. Значи не зборам за новородени и бебиња до 6 месеци, зборам за деца после година. Будењето ноќе за храна е навика. Бебињата и децата се будат ноќе, тоа е нормално, ама тие не се будат за јадење, оти ноќта е за спиење. Нас ни е полесно да им дадеме да цицаат или ад млеко, за да поспиеме, ама ако сме искрени и реални, не се будат од глад. Но кога ќе ги навикнеме на постојано давање млеко во било каква форма, тогаш веќе само штета им правиме, дигестивниот систем не треба да биде оптоварен со варење храна, затоа што како што реков, ноќта е за спиење и одмор на сите системи во телото. А со хранењето само ги оптоваруваме и се будат почесто. Моиве почнаа да сврзуваат цела ноќ откако ги одбив од доење и двајцата. Не дека не се буделе и после тоа, ама далеку од тоа дека беше будењето со ист интензитет. Се' е тренинг, така и спиењето.
9 месеци, сува кашлица, екстремна навечер на спиење, до гушење, будење и плачење. Нешто да му олеснам?
Вади на ладен воздух или пред фрижидер, ладни напивки и раскомото да не е прегреано. За се останато консултација со доктор. Јас пуштам инхалација со физиолошки или физиолошки+пулмикорт, ама тоа по препорака на доктор.
бебе од 6 месеци има околу еден месец, како му се овие на врат, во странство sme чекаме преглед на педијатар, користи само крем Бепантен, дали имате слично искуство
Ми кажаа фонтанелата е целосно затворена..4+++ сме, избезумена сум од грижи. Го носев кај Талески на 2ипол м, се беше супер..имало ли некој со слично искуство?