Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Итно! Прашања за здравјето на бебињата

Дискусија во 'Бебе' започната од RainBow, 29 декември 2018.

  1. Karande

    Karande Активен член

    Се зачлени на:
    17 април 2024
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    160
    Пол:
    Женски
    Дали сте имале слично искуство?
    Цел живот имам херпес на уста, но во бременоста не ми се појави воопшто. Вчера бебе со саати плачеше од грчеви и го смирував во раце со гушкање. Вечерта се забележав дека ми излегува херпес и веднаш се напив ацикловир, секако не цица. Денес немам скоро ништо не уста но бебе ми има 26 дена и многу ми е страв за него.
     
  2. Anika55

    Anika55 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2022
    Пораки:
    3.552
    Допаѓања:
    60.534
    Пол:
    Женски
    Херпесот е заразен откако ќе пукне, кога ќе се направи рана. Пробај да не го бацуваш и колку можеш да избегнеш контакт со уста ако ти се направи рана. Штом не доиш, пиј ацикловир редовно. Кога ќе се напијам на време, херпесот се повлекува, воопшто не ми се прави раничка.
    Јас се породив со херпес, немаше никаков проблем.
     
    На Karande му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Karande

    Karande Активен член

    Се зачлени на:
    17 април 2024
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    160
    Пол:
    Женски
    Нема да дојди до раничка оти веднаш почнав со ацикловир и делува денес не се ни познава на уста. Бакнување секако одбегнувам, но пред да ми се појави си го бакнував на главче. Се надевам дека нема ништо.
     
    На Anika55 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. dead.flower23

    dead.flower23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2019
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    702
    Пол:
    Женски
    6 месеци сме сите сме болни дома кашлање температура сега и он крена 38.4 му дадов парацетамол се смири..поткашлува..прскам спреј у носето инхалирам со изомарин вадам со носко.. али сум многу загрижена не сака да пие млеко многу помалку пие..поспан е целиот незнам што да правам...вчера го однесовме систина нема ништо на плуќа не ми препишаа ништо освен спреј и инхалација.. неможам да го гледам вака ни празник ни ништо не видовме од овие пусти болести.. јас кашлам ненормално веќе немам ни живци ни душа да се лечам..
     
  5. Besbes24

    Besbes24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2022
    Пораки:
    1.856
    Допаѓања:
    1.608
    Пол:
    Женски
    Давај помалку на повеќе пати, прашај педијатар за електролити.
     
  6. marr1ja

    marr1ja Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    19
    Мајки, дали некоја се соочила со слична ситуација:
    Бебе си е расположено, весело, и од нигде никаде одеднаш го фаќа како напад некој, омлитавува цело, паѓа нанапред со главата и губи воздух (главата/устето му помодруваат) , ќе го изнесеме на воздух и се враќа во нормала.. бевме на итна во систина, крвната слика е во ред, црп мирно, се беше уредно за време на општиот преглед.. ни кажаа главата следно деновиве да се снима.. ако има некој со слично искуство, да прашам што испаднало дека е на крај..Бебе има 8 месеци само..
     
  7. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.149
    Допаѓања:
    50.526
    Пол:
    Женски
    Што давате против кашлица?
    Бевме кај матичната ја прегледа нема ништо ни даде инхалации само, ама многу кашла, не може ни да спие.
     
  8. Gummy bear

    Gummy bear Активен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2024
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Прскам нос, влечам носко, инхалирам
     
    На shz и marrisa им се допаѓа ова.
  9. Aschenputtel

    Aschenputtel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    1.436
    Допаѓања:
    8.012
    Пол:
    Женски
    Ако му ја подигнеш главата, дали пак му паѓа? Така како на одредени временски интервали или само еднаш?

    Мој предлог невролог педијатар обавезно, јас го носев кај Наталија во Систина, а и другата Оливера била добра.
    Читав на фб дека биле порано на клиника, а сега на клиника не знам дали има педијатар невролог.

    Само закажи на време, јас чекав 3 недели за термин.
     
    На H.VAGA и sani99 им се допаѓа ова.
  10. marr1ja

    marr1ja Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    19
    Се повтори уште еднаш, преку еден ден.. и да, му паѓа главата, ко целосно да му се губи силата..
    Педијатарот од итна што не прими во Систина срцка се погоди, таа ми закажа за неврологија за утре, кај Наталија.. ако не е тајна што испадна дека е на крај? Дека вака многу језиво и страшно изгледа :(
     
  11. Aschenputtel

    Aschenputtel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    1.436
    Допаѓања:
    8.012
    Пол:
    Женски
    Супер чим сте закажале.

    Неколку пати го забележав како се стресува. Или пред да заспие или кога се буди.
    Еднаш бевме на роденден, спиеше во количка, е сега, дали од гласна музика, светла, деца галамеа, 3 пати едно подруго се стресе.

    Личеше на моро рефлекс, ама нели тој се губел после 2 месец, а тој беше тогаш 4 ипол.

    И нели Гугл ако не те потресе нема кој, моја вина што барам таму и според симптомите даваше инфантилни спазми, вид на епилепсија што се јавувала до година.
    Се исплашив многу.

    А тој малце и како да каснеше, не се интересираше за играчки, да ги дофаќа, да се пружа ако му дадеш нешто, не се вртеше и ме фати паника.

    Го прегледа, кажа малце е мрзлив и тромави движења, ама му направи ехо на мозок и кажа супер е.
    Ако сакаме контрола, со полни 7.

    Ако можеш, снимај го. Знам дека те фаќа паника тогаш, ама јас го снимав за да виде.
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. BellaBibi

    BellaBibi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    5.522
    Допаѓања:
    17.096
    Пол:
    Женски
    Моро рефлексот се губи до 5-6 ти месец.
    Највеќе е изразен на бучава, нагли звуци и движења.
    И не читајте Гугл. Толку паника може да направи безпотреба, а да нема причина за тоа.
     
    На H.VAGA, Spidy и sani99 им се допаѓа ова.
  13. Aschenputtel

    Aschenputtel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    1.436
    Допаѓања:
    8.012
    Пол:
    Женски
    Абе душа немав додека отидовме.
    Памет за друг пат.
     
    На sani99 и BellaBibi им се допаѓа ова.
  14. marr1ja

    marr1ja Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    19
    Ее супер штом се ви испаднало добро и фала ти за советот :* . Се надевам и ние добро ќе пројдеме утре :sweat:

    Се надевам и ние добро ќе пројдеме утре..
     
    На sani99 и Aschenputtel им се допаѓа ова.
  15. BellaBibi

    BellaBibi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    5.522
    Допаѓања:
    17.096
    Пол:
    Женски
    Ти верувам.
    Секој родител би бил во паника.
    Слушај стручни лица и гугл само за рецепти :D Малце да се насмееме.
     
    На sani99 и Aschenputtel им се допаѓа ова.
  16. Besbes24

    Besbes24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2022
    Пораки:
    1.856
    Допаѓања:
    1.608
    Пол:
    Женски
    Каде да најдам крема со перу балсам низ Ск? За црвено газе.
     
  17. Dodo1

    Dodo1 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    900
    Допаѓања:
    1.020
    Пол:
    Женски
    Денес бевме на контрола. Правевме кога имаше една недела кардиолошки скрининг се беше во ред, денес сме 24 дена, и на слушалки докторкава слушна шум. Ми рече не е ништо страшно скоро секое бебе го има заради циркулацијата во срцето нешто така ми спомна ама мене ми остана на мисла. Има запишано се слуша шум на срце 2/6 - невин. Вика чим е скрининг добар не се грижи ама пак.. има некој вакво искуство?
     
  18. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.627
    Допаѓања:
    39.745
    Пол:
    Женски
    Имаше и мојава шум, ама нормално било. Секако правевме ехо на срце, се беше во ред. Сега е 4 години, до сега ништо не спомнала докторката дури и кога е болна, и тогаш може да има шум
     
    На Dodo1 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Emilija28

    Emilija28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2024
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    259
    Пол:
    Женски
    Majki od kolku raboti vakcinalniot punkt vo jane sandanski
     
  20. Gummy bear

    Gummy bear Активен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2024
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    7.30 a pustaat od 8
     
    На Emilija28 му/ѝ се допаѓа ова.