Јас сум бледа што се вика и со подочњак ( и темна под очи ) oд кога знам за себе , а сум крводарител и со добра к.с и увек ако се разболам малку ме праќаат на триста испитувања демек анемична и нз какви се не дијагнози пред време ми пишат , Ќерка е 2г + , и она еве а гледам како расте бела на лице како мене си е и со малку потемно под очки а к.с и е добра . Ако ти е од секоаш бебето така на лице нема што да се секираш , ако сега е така месецов провери напрај к.с иако мислење мое е дека неможи да стани анемичен , да му опадне хгб толку наеднаш , добар му бил хемоглобин на 6м , најдобро сама си го познаваш бебето .
Се спуштија сами на годинка. Зошто не знам те паничеле. Ние сме имале многу ситуации кога докторот приметил, не забележал и кога се поминало ни кажал, дете имаше ова и ова, не сакав да ве паничам, сега е ОК.
@emkaemka @Poppins Фала женски, почнав пред недела и со месо, па за две недели ќе гледам да и направам кс.
Здраво Мајки, на моето бебе 5+ пред некој ден му се појави како белег на стомачето. Значи не е вродено туку сега наеднаш се појави голем кафеав белег. Од што може да е тоа ке го носам на педијатар ама некои ако има искуство да ми сподели.
Не знам од што би можело да е. Ако може пиши после што ќе ти кажат. Единствено што ми иде на памет е да не бил премногу стегнат памперсот или ако носело панталонки без боди па да останала флека бидејќи им е нежна кожата. На сликата не се гледа убаво.
Мајки бебишка е 5+ два дена ми кашла по малку само на сабајле и на вечер. Вчера бевме на педијатар во ред се градите и грлото само малку шлајмче и ради тоа кашлало. Совет нешто да се исфрли побрзо шлајмчето
Ние бевме така пред некој месец, стававме само физиолошки раствор, спиеше на подигнато и и давав повеќе течности за да може да го подголтне шлајмот.
мила и ние исто , пиеше бебе еритромицин и после 7 дена брис ја немаше но јас после 7 дена пак викам ај да му направам брис и пак ја има, ќе побудалам те молам дали пиевте нешто друго?
Имам дијареа. Веќе 4 ден. Петокот бев на инфузии, саботата ок, од вчера навака пак почна. Не сакаа да ме примат пак во болница за инфузија поради тоа што веќе сум примила, ми дадоа електролити за дома. Пиев. Меѓутоа приметв дека бебево да не речам воопшто не мочка. Индикаторот на пелените ептен малку е поплавен, пелената сува углавном. Кака по малку, а не мочка од вчера навака. Значи вчера цел ден и ноќеска. Шише не сака да фати, не знам како дс и дадам на друг начин чај да видам со мокрењево што ќе биде. Значи ли тоа дека е дехидрирана? Иначе спие јаде весела е како и обично.
Ако се поти повеќе, нормално е да не мочка. Следи денес, ќ е видиш. Пробај со шприц да дадеш вода, чај ако ти е страв. Ако цица не би требало да дехидрира.
На цицање е да. Затоа паника ме фана да не ја префати и зошто не мочка. Во последниве 2-3 саати мочкаше и какаше. Не обилно, ама тргна од негде. Ќе видам до попосле како ќе биде ако не.