Дека има рефлукс, затоа гастро. Иначе покажува интерес за храна, не гледа право во уста и она отвара сирота. Ама тешко некако ни оди хранењево.
Мајка моево уште од 4м отвараше уста и не гледаше па тоа не значи дека е спремно за храна. Правилно велат дека е спремно кога ќе си ја држи главата стабилно и секако кога нема со зор да даваш. Моето почна да јаде околу 7м, кратко пасирано па парчиња одма после. Не мора да брзаш остај што зборат нашите педијатри. Може дневно да му даваш лажичка две од нешто колку за проба, не знам зошто мислите дека треба 100гр да изеде дете од 5ипол месеци, апсолутно не може да има цел оброк на таа возраст. Ќе си покаже тоа кога е спремно, не го форсирај за сега очигледно не е. А рефлукс и гагинг ќе има и кога ќе е спремно тоа секако. Млеко е сеуште доволно.
Во право си, јас на пример имам лабав пристап кон бебе и храна. Ама мајката може планира бебе во градинка да праќа па паника и е неуспешното воведување и проблемот што го има бебле...
Како го поминавте грипот? Голрмово има ... со тт и кашлица..сега че чекаж и бебе да видиме акл немам од мисли и грижи
Многу течности, електролити. Сируп над 38.5. Инхалации со синомарин и прскање во нос со морска вода исто. Траеше 4 дена и толку.
7+ месеци е Малата качи температура и направивме кс , искочи најверојатно дека е вирус Зборев со педијатар и ми рече да почекам дали ќе се развие нешто друго и веќе помина, вчера си беше супер ама не сака да јаде , одбива па на сила некако ( само не одбива да цица) Денес сабајлето се закашла многу неможеше да заспие, се изнамачи па ќе ја однесам денес на лекар 2 смена.. Има некоја вакво искуство?
Ден денес ако фати да кашла и во спиење се дави мислиш мојов, некогаш е ларингит, некогаш е бронхит, некогаш ништо не е. Може сируп за алергија да ви дадат, ама тоа мораш со педијатар, тоа го смирува син ми некогаш. Исто инхалации ни помагаат, чај од јаболко, кромид, лимон и ловоров лист, грд е ама мн. помага.
Нас антибиотик сируп ни дадоа и помина.. Пробавме со инхалации, со спреј, се слушаше на гради како да хрчи и го однесовме ни препишаа. Не сакав толку мало да пие ама почнуваше и температура да качува, не спиеше кашлаше у сон се расонуваше, па не можеше да цица а одбиваше храна... И инхалации со пулбиен и физиолошки. Ама да не беше антибиотикот. Исто фластери, кромид у соба ставаме. Јас уште сум затната од нова година..Пиев и антибиотик и инхалации еве ушињата сега ми се затнуваат..
Да исто. Во моментов и да не јаде не е битно. Битно е течности и електролити. Спреј во носе и инхалации. Кашла од слевање на мрсули. Затоа кога спие е поизразено. Ако качи темп над 38.5 сируп. Ако се влоши со матичен консултација. Антибиотик нема потреба сега. И сами никако давање
Ја гледав викс, медивикс, поише фирми има, оваа маст од еукалиптус што е, зима на креветчето размачкува грашоче едно да му мириса на беба. Друго, на местото кај фонданелата им ставаат етерично масло капка исто од еукалиптус.
Што давате навечер за надразнителна кашлица? Преку ден е добра, навечер кога ќе ја фати во спиење неможе да прекине, веќе 3та вечер по ред. И давам сируп за кашлање, лоратидин знам да дадам и мислам многу и помага и салбуматол. Ја мачкам исто со маст со еукалиптус на гради и на грбче. Ама не знам дали е ок секоја вечер со лоратидин да ја поминуваме.. И се слева од носот и кашла. Како да и помогнам?