Се надевам дека не ги давате на своја рака. Дека детето е преслушано на матичен. Сепак давате вентолин. Јас освен спреј со морска вода и инхалации исто синонарин или физиолошки др не. Носко влечам. Ставам лепенка. Се е на природна база ама сепак кај мене се бистри мрсули кои се слеваат на спиење. И така помага
Да. Со препорака на доктор е. Не знам зимава по кој пат го минуваме ова. Едноставно такво си е детето и тоа му е процесот на разболување. На почеток бистри мрсули кои понатака стануваат зелени. Барав нешто дополнително на ова зошто од се ова гледам дека само лоратидинот и помага кога ќе ја фати кашлицата.
Ми стигнаа резултати од бебето, има две бактерии во нос, од симптоми само густ зелен секрет и повремена кашлица, веројатно му се слева. Вака е цел месец, редовно му го чистам ама вторите вакцини упорно ни ги одложуваат зашто секогаш хрчи со носето. Што мислите да правам сега, дали ќе му дадат антибиотик, дали сте давале само за растечен нос? Некако срце ме боли на здраво дете антибиотик да давам само за да прими вакцини на време или може е подобра опција хлорамфеникол да барам да мачкам во носе? Имате ли искуство за толку мало бебе, 5 месеци е ?
Мислам дека има разлика каква бактерија е. Кај нас исто на 5м имаше страфилокока па ми дадоа само маст да мачкам 1 недела. Ќе ти каже педијатар што треба. Не за да прими вакцини туку за да се отстрани инфекцијата да не направи беља.
И со маста помина бактеријата? Мораксела и стафилокока ги има. Кај поголемите не сум ни проверила брис од нос, не знам кај помали како е, дали мора да се третира.
Ни давала матичната само локално. Или цитерал капки(флоксимед) или хлорамфеникол. Консултирај се дали можеш вака.
Се третира ако има симптоми. Затнат нос што смета на бебето, кашлица. Ако не му е ништо, не се ни третира. Ако е само во нос, се лечи со маст/капки во нос локално од антибиотикот на кој е сензитивна бактеријата. Ако појави црвено грло или наод на плуќа тогаш се дава системски антибиотик. Ама се е според клиничка слика. Нема правило едно што важи за сите бактерии во нос или сите деца на одредена возраст.
Лепенките за температура се лепат на боцнатото од вакцина, а ако не е од вакцина било каде може да залепам?
Мојата од минатата сабота беше со температура, понеделникот кс покажа на вирус.. па средата беше подобра веќе и од четвртокот почна да кашла многу, се дави.. бевме кај педијатар , ни рече со инхалации ама вчера премногу плачеше, омалаксана па итно во Козле и покажа вирус, антибиотик пие од вчера вечерта а денес ја гледам пак топла некако , плачлива ептен и црвени образи, црвени очи ... Ја изнамачи ептен, 24/7 е на цицка.... Утре пак кај педијатар ќе ја однесам да ја слушне.
Мајки ве молам за совет или некој ако има искуство. Големата 2 год и 8 месеци изолирана мораксела во нос. Моментално само е подзатната, ништо страшно, но имаме и новороденче од 2 недели. Се избезумив готово, не знам што да правам. Малото е повеќе на ад одколку на мајчино млеко, вака си е супер си напредува, нема никаков симптом не дај боже, на контрола бевме баш вчера. Дали сте се соочиле со нешто вакво, многу се плашам за бебенцето, премало е.
Не знам од кога ја има бактеријата, денес добивме резултат, почнавме одма со терапија, а веќе две недели сме дома со бебенцето. Педијатарот вика кога нема симптоми бебенцето се е во ред. Ќе видиме, се надевам се ќе е ок.
Не се паничи, не е страшна бактерија. Ако префати ќе третирате ќе се реши. Синко од болница од раѓање фати МРСА, за 1 недела со терапија се среди.
Леле како ќе препознаам симптоми кај толку мало бебе? Не знам што е попаметно, да земиме брис или да си седиме мадро. Бебенцето си напредува, си јаде, нема никакви невообичаени промени...