Ништо не ми кажа. Вика нека трчка да ја качи темп сам. Викам 6 месеци е, седи. Ама тоа, да е на топло и да чекаме. Облечен убаво и преоблакање штом малко подзапотен го видам (зошто тогаш се лади нели) и до мене блиску спиеше, со мое тело да го топлам и вчера ја качи.
Нас ни помогна бебешка пудра ставав неколку пати на ден за да биде суво местото и помина за некој 4дена
Пак бебе температура Пред 2 недели едно донесоа децава од школо ама сите 3ца лесно поминаа... Ова по симптомиве на големиот (не е станат 2 дена од кревет, температура, повраќање, кашлица), личи на грипот... Од ноќеска бебе качи и гори без прекин, спушта на 37.3. И давам далерон или блокмакс кога оди 38.5+. Што друго можам на волкаво бебе... скоро 7м е. Цица.. Синомарин ставаме, влечеме мрсули. На плуќа нема ништо. Чекам крвни слики од двајцата, правевме сабајле.. Антибиотик имаме за секој случај, но ми рече матичната да не им го давам. Ептен дека викенд, па да имаме..
Каков вит Ц, кој е за бебиња? Земав еден и пишува за 1год +. Електролити имам Орс шумливи, смееше тие за бебе? И купив и сокче на хип орс, па со лажиче ќе и давам...
https://www.zegin.com.mk/mk/pharmavital-baby-vital-vitamin-c-kapki-6-meseci-30-ml Овие се 6+ месеци Во консултација со доктор ги имам давано и порано, пола доза ама сепак над 6 месеци се дозволени.
Не знам дали е истиот вирус, моето бебе 6+++ после два дена маки спушти со чепче ефералган. После 3 дена ко нов беше. Ама со далерон до 37.6 најниско идеше. А два дена после чепчето ми симна на 35.6, па не би препорачала чепче освен ако не бива со ништо друго. Исто е парацетамол, ама сирупот не му делуваше на моево.
Абе вирус е вирус, се бори телото и затоа не ни препорачуваат до 38.5 да се дава нешто. Убаво е да се избори телото. Не ми е страв од температурава, цица она, еве и електролити со шприц по малку... само да не спушти на плуќа. Дека кашла, хрчкаат шлајмови... Ја слушаа прееска, нема ништо сеа добра е. А сеа за сеа па ни М од мрсули не искачаат. Земав и спреј Синомарин, а имам и од ампулите и ставам и влечам со аспираторчето нема ништо во носе.. Инаку 99% е грипот, по крвниве слики нивни... големиот и 30 црп. Кај неа е мирно тоа..
Нормално е доено да не кака и до недела. Не се сеќирај. Грчеви и мака не мора да значи дека има, ако му е меко мешето. Овој период иако изглед како да им е мака со често грчење тоа е затоа што се учат да ги регулираат тие мускули за столица, нормална фаза е, не знам зошто педијатрите тука не го нагласуваат ова искрено. Нас во Лондон ни рекоа дека е очекувано и нормално, прогуглај ќе ти се разјасни за што зборам. Не се сеќирај.
Ни мрсулче имаше тогаш нит кашлаше. Црп мирно. Сега ми кркори ама не излегува ништо содржајно. Фала Богу се среди се. Мислев за темп бараш нешто плус да имаш опција. Ама штом си терате ок со сирупите и се друго имаш веќе набавено.
Колку мл далерон, а колку блокмакс за бебе 9кг? Да не давам грешно.. далерон 4мл и давам, блокмакс 2.5мл. И кој сируп давате вие, што е подобро? Еферагланот добар е?
Ефералганот спрема килажата оди, мене затоа ми е најпрактично, така е графирано на лажичката а блокмакс да не и даваш малку, тука мајки пишуваа дека килажа делено со два се дава, значи на 9 кг, треба 4.5. имам скриншот направено од некој мајка.
Здраво мајки, бебенцети е 6 ипол месеци, највееројстно има инфекција на курето од отвараењ, на доктор ми дадоа антибиотик сируп против инефкции, но кога мокри многу плаче, незнам дали да намалкам со нешто за да може полесно да мокри, фала ви
Пред некое време се појави под вратчето како суво, лиши осеп нерамен..се среди со крема. Од синоќа има точкаст осип кој полека се шири..го расоблеков да не е од топло..што мислите? Храна нова немам давано, прашок не сум сменила..ништо..температура немал.. У петок сме дури на вакцина ич не ми се носи сега ради грипов