Јас давав сируп на 4 саати и едвај малку паѓаше. Само со чепче падна. Ама моето 6+++ беше тогаш. Вински оцет на чорапчиња исто му симна темп. Дома ние нормално облечени, бебето како малку потенко. И мокрите чорапчиња со вински оцет. Едит: навечер ми качи еднаш и не симнуваше со сируп, па разреден алкохол 70% со вода ( пола - пола) го премачкав на гради и челце. И тоа помага.
Ок ти се чепчиња, ако плука сируп. Знаеш дека целата доза е примена. Ако плука, пола испила, пола не, а наредна доза за 4 саати ти е.
Бевме на преглед зарафи затнат нос и поткашлување. Ни препишаа капки Тобрадекс. Кога ги купив гледам пишува дека се за очи. Дали некој ги користел и за нос како што ни кажа Др? Чекам одговор и од неа да не е некоја грешка...
Да, може да ги дадат и за употреба и во нос или уво ако има потреба, јас имам користено препишано од ушен лекар.
Нос и тече , кашла. Не пие млеко, за каши па ич да не зборам. Вирус ли е, настинка ли е незнам, ама полудена сум. Секој ден ја носам да ја слушаат. Само нека поминува побрзо. Уплав имам да не спушти надоле.
Еве, вчера бевме нс педијатар ништо. Денес од нигде почна нос, прееска ми дојде жешка, мерам 37.7, ја истуширав, после два саати од прво мерење иако туширана 37.8. Спие одвај заспа. Ме фаќа страв дека во вреќа спие. Шпикозни и боди по долги. Да не е многу, собава е поладна… ама ептен сум во паника да не не приметам нешто.
Во вреќичка е мојата цело време. Ни дадоа инхалации да правиме. Среќа нема тем, уште тоа ми фали и ќе збудалам.
Ми рекоа да ја ставиме на повисоко, ми е страв па дека температура и вреќава да не и е топло… да не и кренам бетер температура.
Па не би требало. Ќе видиш ако има повисока, извади ја од вреќичка. После вакцина кога ми качи тем, само со расоблекување и ја симнав. Нема некоја висока тем.
Да, тоа ме теши. Ама прв пат и паника ме фаќа. На колку време да ја проверувам? Цела ноќ е пред нас… ќе збудалам.
Несакаш да знаеш која паника ми е мене сега, што е полна шлајм. Се надевам дека инхалацииве ќе имаат убав ефект. Кога крена првпат тем, јас на саат ја проверував. И до мене спиеше за полесно да ми биде да ја проверувам. Ако спие до тебе и без вреќичка остави ја ако не. Ќе бидеш до неа и ќе ја покриваш ако се открие.
На чело, ама и топломер ставав за да проверам ако ми беше топла. Она беше куфееер, не се помести. Само офкаше во сон, па откако и спадна, се разбуди, ама се успавме после тоа. И да навечер беше. Знам 22ч да си легнам и ај да ја проверам и топла беше.