Ее абе оно уште не гледа, каков контакт сакаш со очи. Уште му е матно, не се сеќирај тогаш, може е малце со побавно темпо се развива, ама сите деца со свое темпо си се развиваат, ама уште сега дијагноза да му ставаат не знам, идете си и на друг педијатар.
Секое бебе е приказна за себе нема споредување. Која недела си породена? Не очекувај контак со очи моето почна скоро на 4м и јас се потресував џабе било одев дури ехо на мозок правев и ред глупости ќе видиш за ден се менува се
Мислам дека на 9 недели само блиску гледа. Дека некој контакт ке фати не. Врти со очите тоа кутрото, ама матно гледа уште. Мислам дека некаде читав на 20 цм близина може да те види. И да знаеш дека те осеќа дека си загрижена. Друго може не, ама тебе те чувствува. Збори му, гали го, ставај го на меше како што ти кажале за хипотонија. И нормално ке си побараш и мислење од друг педијатар. Може и ако е покрупно бебето потешко му е да се движи ама ке ојача со тек на време. Дека пиша над 4 кг родилна маса.
Бебе има 9 месеци лежеа на кревет со татко му он со телефонот со рака, бебе со нога го удри му го бутна телефонот и му падна на глава..Ова се случи пред 30мин моментално има ваква модрица на челото..Што да правам дали да го оставам да чекам како ќе биде или ??
Здраво бебе 7 месеци се удри со главата во ивицата на зидот, моментално му е вака , не плачеше многу но дали е нешто опасно што да правам , прв пат ми се случува
Мајки од што би можело малку покачено CRP, а ниски леукоцити? Температурата од вчера варира, макс 38,5
Здраво феминки, среќни празници! Ние празнично сме болни, па ми треба мал совет, мама сум на прво дете и веќе не знам што да правам. Како се справувате со вирусиве? Веќе 5ти ден како е болна, температура и е константно 37.8-38.0, многу ретко ама некогаш качува и до 38.5. Четвртокот правевме крвна слика, добра и беше само црп и беше 8. И ставам само физиолошки раствор во носето (Аквамарис) и електролити, матичната ни кажа не е за антибиотик, чепче за температура да и ставиме само ептен ако качи температура. До вчера бебето беше колку толку расположено, иако имаше температура 37.8 ама денес е веќе клапната.. Ептен ми е жалче да ја гледам, многу е плачлива, сака само во раце и нема енергија. Пак бев на доктор, направија крвна слика, пак и е добра крвната, сега немаше ни високо црп. Ни кажа температурата дека константно и седи на 37.8 ја омлитавува и да и ставаме постојано чепчиња за да ја држиме под контрола.. мада ни со чепчињава не се симнува, едвај до кај 37.3 и пак се враќа на 37.8.. некој со сличен вирус, колку долго им траел и што уште можам да направам? Дали е нормално да е вака без енергија или треба нешто да правам?