Здраво мајки, дали кога бебињата почнаа да се лигават и да ги ставаат рацете цело време во уста ви се исфрлаа под брадата. Лигавчињата цело време се мокри од лигите ги менуваме цело време но сепак забележувам од време на време како исфрлено или само црвенило кое се губи но се појавува повторно. 3+++ месеци е
Да, носко и било кои капки морска вода за бебе. Ние конкретно ги користевме Aqua Maris Baby во спреј полесно е за аплицирање може и исправено да биде бебето.
Малава почна да ми поткашлува вчера како сува кашлица. Ја однесовме на педијатар ја слушна рече ништо нема од плунка е. И ми даде спреј за носе за разбивање на секрет ( ама немаше ништо она). Ноќеска уште повеќе кашлаше и тоа убаво кашлање. И пишав на докторкава пак вика легни Ја на повисоко и спрејот само и толку. Инаку јас кашлам веќе 4 дена се мислам од мене дека и е. Се плашам многу да не и се влоши дека ништо не и давам. Температура нема
Inhalacii pravi i dva pati po 10min so fizioloski rastvor ili sinomarin kupi si od 5ml tie sto se edna kapsula za eden den. Koga ke kashla navali ja i potapshaj ja da iskashla ubavo
Сакам да ве прашам,пробуваме вкусови..Е сеа ако не дај боже ми појави реакција на нешто на бебе 5 месеци смеам да дадам Летизен и колку? Денес му дадов кашичка од Хип јаболко и бисквита,кога прочитав позади може да содржи траги од јајца од незнам што ме фати паника утре одиме на пат..Не појави никаква реакција ама за секој случај да си земам.
Реакција би требало да има веднаш, а од пробување вкусови не верувам дека може некоја голема реакција да има.
@Кронди чекај сеа препрочитав... Јаболко и бисквита му даде? На 5м бебе? Бисквита е со глутен, и да, навистина може да има јајца.... Пробување вкусови е едно а ти ова што си дала...е оброк за 7+ месечно бебе...
Маж ми купил кашичка му дадов 4 лажички прв пат му давам готова на Хип на неа пишува 4+ воопшто не ни приметив коа свртев да прочитам што содржи ме мавна шлог и сеа сум во паника..Затоа прашувам инаку немаше некој симптоми..
Глутенот е 7+... со безглутенски се почнува, како: палента, ориз, просо... Ако на кашите 4+ пишува.. има каши со јагоди 4+, а нас не советуваат 12+ да ги дадеме.
Бидна дадов 4 лажички..скроз не размислив...од после ми текна...сеа ми е страв од реакција..до сега е ок ама за Летизен незнам дали смеам и колку
Нема везе тоа на кашичките што пише, ептен е збунувачки. Некои викаат демек наведување на месеците иницира каква густина е кашата ама имам приметено дека и тоа нема логика. Добро сте поминале, нема паника. Давај чисти состојки, да се разработи мешето. Секое добро
Сепак се влоши кашлањето, бевме Козле вироза е, ни дадоа Сумамед по еднаш на ден, 6 дена. И да спие на подигнато. На што да ја наместам за ноќно спиење? Не ми е стабилна уште да не ми се струполи лево десно..