^^страшно колку ни е информиран медицинскиот персонал Освен ако не се работи за хигиеничар, па некако ќе се проголта лапсусов
Да, спиеше по цел ден без престан, ослабна многу, кожата му се исуши и кога ќе ја подигнеш не се враќаше на место туку остануваше така како згужвана. Ова со ацидибориците ќе се направам дека не го прочитав
му давав сируп еритромицин и после 7 дема беше чист но јас пак направив брис после 7 дена и ј имаше повторно бактеријава, ми кажаа маст миробакт, сега мачкам во носе сабајле навечер. Твое мислење мила? ве молам за совет од што вака столицата сабајлево на бебе од 3 ипол месеци? имаше и претходно слуз можеби од антибиотик сируп што пиеше но вака не било?
Колку што ме држи сеќавањето од мојава дури беше бебе столицата треба да е златно жолта, а тоа слузот може и да е шлајм, секрет од носот па преку столицата го има исфрлено.
златно жолта беше , но сабајлево овој слузот и зеленово ме исплаши Најверојатно настинато штом зелено и со слуз,појдете на лекар
Мајки на одмор сме и бебето ми крена сега температура. 7 месеци е , и дадов блокмакс и ја идтуширав со млака вода. И спадна малку и заспа. Друго што можам да правам? Паника ме фаќа немам искуство со температури со првото дете, а особено дека сме далеку од дома
И спадна температурата, весела си е, ама многу малце јадеше, само цица. Можно е да е забче. Среќа утре си одиме па ќе издржиме уште вечерва. Се надевам мирно ќе поминеме.
Од 37,3 за 10 минути крена 37,7 страв ме фати да не крева уште . Сега заспа. Уфф немам душа во мене, не знам ни по пат утре како ќе поминиме. Само вечерва да е добра
Кревањето Т ќе го препознаваш по раце и нозе. Додека се ладни, качуваат. Кога ќе се стоплат тогаш престанува да се качува Т. Не паничи. Не е страшна Т таа. Не качува често.
Топ топли и се дланките и стаплата. Ок ме смири сега, нека спие да се одмори и вечер не и давам сируп ќе пробам само со туширање да ја спуштам . Фала на советите
Ако сакаш да спречиш повеќе да качува стави алкохолен оцет на чорапи. Мачкај со разреден алкохол или лимон (и тој ептен помага)
Крена 38,5 точно 8 часа од сирупот. И дадов пак и симна. Сабајле пред да тргнеме за Мк ќе и дадам уште една тоза, за 8 часа од сега. Од пат право на педијатар. Не кашла, нема затнат нос, не знам од каде оваа температура.
Синоќа синко 2-3 пати се разбуди со плачење, не сакаше да цица, носето ми се затнало а сабајлево има мрсилчиња течни, бели, како вода и плус имаше 38 тт и неколку пати кашлаше (дали од сувото грло). Матична дури во понеделник, не знам што да правам. Од што може да е тт? 8м е бебе