Веднаш после пораѓај не ви направија? Или на 6 е потребно уште еден? Прашувам зошто на моето му направија уште во болница.
Не направивме, има 8 месеци, не најдоа термин и си остана така. Инаку слуша убаво, се врти на име, препознава омилени песни, па не се секирам.
И моето се гледа дека слуша,нема термин од кога е роден ми рекоа до 6месеци треба да се однесе а ми е шубе да не го однесам затоа побарав приоритетен.
И јас се мислев дали слуша, оти нема како да провереш, не му правеа никакви испитувања за тоа. Ама, кога пуштав песни на тел, мал беше и знаеше така да се замисли, да ги ококоре очите. Не се вртеше. После почна и да се врте. А сега на 10 ипол, врата штом крцне, тој се врте и чека. Знае дека иде некој. Јас не го носев никаде за слух.
Нас денес од ОРЛ ни рекоа да ставаме парафин во ушињата една недела и да дојдеме после 1 недела..Бебево се гледа дека реагира на звуци ама полни му беа восок ушињата вака не се приметува.
Мајки ве молам за помош. Бебе 2 месеци и е интолерантно на лактоза и почнавме со аптамил без лактоза млеко веќе неколку дена. Денес столицата тврда камен бебе да писка од болка и каките јас едвај да ги вадам со рака. Топчиња цели големи. Имате ли совет како да и олеснам.
Сигурна си дека не го правиш погусто АД? Иам читано некоја членка со слично искуство густо ад го правела за да биде понахрането бебето...
Неее 3 мерилици со 90мл вода. Од млекото е сигурно од петокот го пие. претходно со аптамил 1 имаше течна столица. Ама подобро течна него овие топчиња големи што неможе да ги искака.
Можи прашањето не е за тука ама темава е најактивна Денес мораше да вадам заб, беше со анестезија. Доктор ми кажа до 4 саат да не му давам на бебето да цица. Мислам дека 10 пати го прашав дали после тоа има проблем рече не, само да ги истегам градите да истечи млекото до сега. Совет и искуство ? Бебето ми е 6м