Здраво. Дали некоја од вас има бебе со речиси затворена фонтанела на 6 месеца? Друг педијатар ми го кажа ова, не матичниот. Кога бев на преглед кај матичниот го прашав и тогаш рече да, се затворила порано. Се нервирам што претходно не ми го кажаа тоа, можеби ќе прекинев д витамин. Имаме закажено преглед во систина нс крај на месец, а веќе сум избезумена по читање се и сешто на нет. Дали имате познавање на ваков случај и што да се прави?
Кумчето мое имапе предвремено затворена фонтанела и во Систина правеше оперативен зафат. За повеќе детали не би знаела да ти кажам.
Ај ве молам која е разликата меѓу Тобрадекс и Тобрекс? Докторката пишала Тобрекс ама од аптека ни дадоа тобрадекс 11 месеци е малата инаку, за око ми е
Здраво мајки. Бебо како да ми настинал. Од време на време како да ми хрчи, од утрово почна малце носето како водичка да му тече. Јас земав аква марис бејби спреј и му прскам по препорака од педијатар, ама ништо не вадам. Едвај едно бело мрсулче и толку. Дали има можност да не правам нешто како што треба со аспираторот или дека по малце му прскам спреј па да не можам да извлечам. Од време на време ми хрчи ми се затнува, а кога спие не ми хрчи или дише затнато. Дали да шприцнам појако до крај од аква марисот, да не не стига до каналите. Да не е до тоа проблемот или можеби па нема секрет. Некој да не имал слично искуство, загрижена сум. Знае од време на време да се закашла ама не е често. Многу сум загрижена. Инаку си е расположен си игра си се смее, си цица. И ко за беља викенд фати! Некој совет/искуство ве молам…
Колку е старо бебо? Да не вадите заби? Проѕирни мрсулчиња(како водичка) знаат да имаат при вадење на заби.
Четири ипол месеци. А приметив од брзање во доење ми се засркнува и после тоа ми схрчува не сум сигурна дали му е од тоа. ТТ мерам цело време океј си е. Другарки ми викаат ако има секрет ќе вадиш многу. А мене дека прв пат и не сум сигурна дали добро правев. Ама тоа е, шприцам спреј и после некоја минутка влечам.
Не влечи напразно. Се влече само ако тече сам секретот, густ, леплив што не може да го издува. Не се влече на суво, ќе оштетиш капилари.
Дали може да дадам Ефералган на 4 сати? Една година е бебето, 38.8 температура и спадна до 38 и повторно се крена, во 19ч дадов сируп.
Da moze ama gledaj koga ke ima nad 38.3 temperatura togas sirup. Odolgovlekuvaj kolku moze...tusiraj go,cuvaj go golo
Нас ни беше речиси затворена на 4. Ме исповадија од памет со операции и не знам што. Ништо од тоа. Еве го супер си е, секој месец одиме на мерење главче, одличен е обемот. И јас испозакажав еха во систина невролози глупости, се ми откажаа зашто обемот и развојот си одговараше со возраста и однесувањето на бебчето. И да знаеш нема врска д витаминот, кажано ми е од ортопед и 2 педијатри
Фала на одговорот, ме смири малку. Бевме на педијатар во Систина, исто и кај нас добро расте обем, само ни кажаа дека треба да се следи. Деновиве ќе одиме и на невролог чисто да видам што ќе каже. И мене ми кажа педијатарот да продолжам со д витаминот бидејќи не е поврзано.
Иако и јас немав слушнато, сега мн почесто се случува предвремено затворање..лекариве ми кажаа не е ништо страшно..тие пострашни ситуации каде треба операции итн се гледаат уште од раѓање, краниосиностоза или како и да беа..такада се е океј сигурна сум
Некое чаре за досадна сува кашлица, која се јавува само навечер и попречува спиење? Кс и брисеви топ, на плуќа чисто, проѕирен секрет...а епизоди на кашлање 637282 во текот на ноќта. Му кренав душек, ама не помогна многу. Нешто друго?
Не е алергија, недолечено од претходниот вирус. Така ни кажа педијатар денес, ама ништо освен дигање душек не даде препорака. Нешто бабински некои лекови нема ли? кромиди, чуда?