Не сум по бабинските многу запознаена. Ама нешто слично имам и господска работа е тоа апче. Значи колку е мало, таква магија прави не ми се верува дури.
Ај здраво, Бебка е 26 дена, денеска бевме кај матичната и на ортопед. Се е во ред, само на лицето, вратот и малку на градите бебка има брунчиња. Почнаа од образите како гнојничко со црвенило околу нив, се проширија на челото за некој ден, сите скоро со бел врв, како мозолчиња. Мислев хормонски се, дека се чисти, ама бајаги се раширија, еве сега и на брадата и на вратот позади има, и малку на градите. Тие што и беа на лицето веќе немаат гној, туку се како акни во минување, се гледаат ситни брунчиња и рапава и е кожата. Тие на вратот и градите што се нови, се со бел врв и црвенило околу нив. Матичната вели пиодермија е, да ставам Еозин ама не воден туку алкохолен раствор. Ако не помине со него за два дена, тогаш од петок да почнеме со Трицеф. Секако би направила првин кс, не ми се дава така атб. Дали некоја имала искуство со вакви мозолчиња кај толку мало бебе? Се загрижив дека ми рече со атб се лечи.
Ние имавме така и еозин не ни помогна. Биодерма атодерм ни помогна, со две миења и мачкања. Од еозинот само беше црвена, друго ништо.
мене педијатарот ми даде миробакт крема, многу брзо се повлекоа за 2,3 дена исто имаше на цело лице...може да пробаш на некој мал дел да видиш дали ќе делува
Бебевп ми поврати обилно никогаш до сега не е толку. После 20мин пак уште еднаш. Сега евего има цело време нагон на повраќање но нема што да поврати. Сега му се приспива да го успијам ли. Матичната не ми се јавува, кај нас само брза помош работи ми рекоа да го следам. Да му давам ли да цица, нешто за јадење, за пиење пишетеми во паника сум.
Мајки здраво, имаме подолго проблем со рефлукс и после секое јадење со адаптирано се држиме 20 мин исправени, обавезно ждригнува, заспива на нас или на перница за рефлукс па после некое време ја тргаме дека ни се лизга. Денеска прв ден малку измалтретирана ја крштевавме, и супер спиеше цел ден си јаде све тоа. Сега изеде 100 мл пред 40 минути и ја држев дека не беше заспана и додека беше на мене со пациферот го плукна и после некое време почна да повраќа како урда и тоа многу викнав по мм он ја зеде она повраќа ја чукаме да почне да диши... Се смири ја средивме лице, алишта све беше лом и ние. Неколку капки чајче и дадов бекутан да и се исчити устата и беше цела грутки од млекото. Незнам дали да ја носам на лекар вознемирена е.. незнам што така и направило да биде толку скиселено све. Еве од блузата моја како изгледаше тоа. Прематурче 32рс нед, сега месец и три недели е
Мајка не се плаши, нормално е некогаш да повраќаат повеќе заурдено, и дошло многу, вознемирено и е мешето. Не и давај да јаде и пие 2 саата ништо, ако повтори пак и ако се десава почесто ќе ја носите на лекар, ама ако си заспие и помине со еднаш, ништо.
Не му давај да цица, ниту за јадење барем 2 саата да поминат после повраќање. Ако повраќа експлозивно и обилно повеќе пати мора да го носите пак на итна.
Ми се јави матичната преку телефон ни даде капки наусловит јуниор, пролајф суспензија и о.п.ц таблети за растворање. Само капките ги испи ова друго не сака. И докторката рече ако продолжи да повраќа ќе мора инфузија да не дехидрира. Ама таа веќе нема што да повраќа само малку како вода. Еве ја заспа сега. Кога ќе се разбуди да и дадам ли да цица?
Не знам дали е баш за тука прашањево ама ми изгледа најсоодветно, уште сум потресена. Си спиеше бебето кај мене во раце спокојно и одеднаш се разбуди и почна да плаче ама со вриштење, зајдување, поцрвенување, да се откорне од плачење, со солзи, со страшен немир… се преплашивме, го превиткуваше грбот.. го нишкавме на сите можни начини, го бацувавме, пеевме, шш-кавме, го држевме исправен, легнат… никако не се смируваше. На крај рековме ќе му дадеме 60мл АД (иако не би требало да е гладен, јадеше во 8ипол а ова се случи во 10 сега), и ако не се смири одиме на ургентно. Ги испи и се смири и во следната минута се икака ама убаво. И толку. Почна да се смее, да си гуга, сега си лежи во креветче си ги гледа вртелешките, мирен е, си се забавља… wtf? Не можам да поверувам дека бил толку гладен за саат ипол. Се разбуди како од кошмар. Вакво вриштење до сега не сме слушнале, ептен се осетив беспомошно. Што би можело да биде ова?
Грчеви и гасови штом се искакало. Нормално е таква реакција да има повремено, гасовите знаат да бидат болни.
Па ако е поминато подолго време од повраќаното дади и. Дали е има примано рота? Со шприц малце по малце, мора да пие, по едно мало лажице, можеш и на спиење во образот да и шприцнуваш по малце настрана ако не ти е страв. Инаку јас електролити давам во форма на замезнато како сладолед, ги растворам и замрзнувам во клапче и да лиже, така пројдува амаа не знам колкаво е твоето дали ќе може така.
Мислев пројдоа грчевите, имаше на три недели. Сега е скоро три месеци, немал мака освен што си прднува често. Се надевам дека е само тоа
Грчеви и гасови како што ти кажаа погоре, ќе се случува почесто, штом ќе се искака ќе пројде, млекцето го поткарало процесот затоа се смирил. Инаку грчеви не се мисли само на оние непрекинати што ги имаат некој период, туку грчеви како ние што имаме кога ни е мака на стомакот и не можеме да си идеме во вц, а тек они малечки.
Најсилните грчеви се некаде после два и пол до три и пол месеци, а знаат и да продолжат после тоа. Не прекинуваат кога ќе направи бебето три месеци, може да се јават и кога ќе почне со цврста храна. Нема правила. А во вашиот случај тоа е, штом се смирило откако се искакало, му олеснило. Ако било нешто друго, ќе плачеше уште.
Бебе 10 +++ се згрчува наеднаш секунда трае тоа, рачињата тупаници и ко да се нервира секундарно а нема од шо.. Ми кажаа ништо страшно ама пак да питам?
За 10 дена полниме година. Сите вакцини до сега што требаше ги примивме. Вода сакаше се напи ама ми е страв само по голтка и давам а таа бара повеќе. Малку електролити пак вода. Ама веќе ја свати играта и не сака. Тоа со замрзнување добра идеја е веднаш ќе ставам. Од исхрана што може да и понудам (без млеко, алергична е) Ти благодарам за советите.
Дали сега почна или од мало? Прочитај и погледни видеа за Infantile seizures, веројатно не е тоа, ама за да си на безбедно погледни, ако ти личи на тоа не занемарувај и инсистирај на повеќе испитувања. Ако сега почнало, може научило нешто ново па интересно му е да испробува или од возбуда.