Педијатарска сестра ми кажа со пудра да пробам прво па земав тоа и ставив. Ако не се повлече денес-утре ќе ставам крема за пеленска што е. Матичната нема вибер
Ај да пишам. Бебе 4 дена по ред спие 11 саати навечер без да се разбуди и станува со скроз сува пелена. Знали 4 дена по ред. Преку ден нема гајле, менуваме по 5-6 пелени и се супер. Вака е весела и среќна, си игра, јаде и пие редовно, имаме 5-6 поди и плус доручек. Педијатарот ми вика да ја пратам, не било за загрижување, бев и до амбулантата кај нас и таму педијатарот ми рече дека од топлото се поти и дека нема вишок за да го исфрли, се поти стварно, пресклетџика е. И мојата матична ја прашав и таа вика дека нема прилина за грижа зашто преку ден е сосем нормално. Јас пак сум загрижена и ми е страв да не дехидрира. Ја утепав од нудење града, и давам водичка, одвај со лажичка, пола сака пола не, чај не сака, ад не прифаќа никакво, сок исто не сака. Не знам веќе како да постапам, за некој ден 7 месеци правиме… дури и на интернет пишува дека е нормално за таа возраст. Ќе полудам веќе. И претходно спиела по цела вечер, ова е прв пат да се буди со суви пелени, од кога затопли е вака.
Првото од кај 9 месеци почна да се буди со суви пелени, и сабајле кога ќе станеше ја полнеше скроз. Мислам дека немаш простор за паника, јас така пелени прво и одвикнав на спиење после денски.
И кај нас од прилика таа возраст почна да и се суви пелените ноќе и еве ден денес не се буди навечер за мочкање, додека доев се будеше за да цицне ама пак беше со сува пелена, од како се одбивме од цицање спие по цела ноќ. Како што пиша памелче од сабајле баш си полнеше пелена, сега и нокшир. Убаво ти кажала матичната, немаш причина за грижа. П.с ден денес не пие сокови, само вода а додека цицаше и вода послабо.
Вака по неколку дена суви? Буквално ни капка? Значи барут суви се, 7 месеци ќе прави, малку не ми е нормално. Стварно спие цело време само во 5ти скок имавме проблем со спиењето и секогаш бомба биле пелените, од кога затопли е вака, не ми е верно дека не цица навечер дека е од тоа, зашто стварно не е прв пат…
И јас прашав исто пред некој ден за ова. Ние сме скоро 5 месеци и од пред неколку дена исто помалку мокри и преку ден а знае и цела вечер да и е сува пелената. Ми кажаа дека се поти затоа помалку мокри. Денес бевме дома не се испоти скоро ич и повторно мокреше повеќе. Значи стварни е од тоа.
Кај нас е само навечер, преку ден нема проблем, навечер е сува барут, капка нема. Спие само по боди и не сака да ја покријам, одма станува ако ја покријам, и ја тоа правам цела вечер, со тетра покри-откри, пресклетџика е. Се поти во косата додека спие, и не трпи воопшто топло.
Можеби со текот на месеците помалку мократ навечер. На почетокот пелената беше надуена, сега дали еднаш ќе се измоча во текот на ноќта.
Да, да суви беа и сабајле кога ќе и ја тргнев пелената одма потоп правеше. По некое време научив дека треба сабајле да ја оставам во пелена и тогаш ја полнеше па и ја менував. Година дена веќе сме без пелени, ноќе еднаш до сега има станато за да моча, беља ни еднаш на спиење нема направено само денски на почетокот нормално. До 2 години ја доев и по 2-3 пати најмалце цицаше ноќе.
И ќерка ми многу рано престана да моча ноќе. Од 3ипол месеца спиеше цела ноќ, од 6 месеца стануваше со празна пелена и ја полнеше до претекување за пола саат. 6 год има, јас не се сеќавам дека некогаш се помочала во кревет ноќе. Едноставно има подобра контрола најверојатно, не сум помислила дека може да е проблем, особено зошто и не цицаше ноќе, логично ми беше и да не мочка.
Знам дека не ти е сеедно, ни мене не ми беше уште на 4 месеци знаеше да се случи ама штом во текот на денот се е нормално значи нема место за паника. Друго е ако се случува константно во текот на 24 часа. И доктор и педијатар ти посочиле дека е нормално. Не си прави главоболки без потреба.
@Tea SK според сликиве е коксаки или вруќаници Ме бараа од градинка демек коксаки , мн била нафрлена а нема Викендот имаше ама јас препишував на вруќаници дека се потеше мн мн. Педијатар вика до вечер да видам да не има нов осип И дали може да даваат од лекар потврда дека не е коксаки???
Може да ти даде потврда за здраво дете, друго не може. Вака многу е нафрлена. Мојов имаше само 3 точки околу пеленска регија. Коксаки се јавува на стапала, дланки, пеленска регија и околу уста. Вака само на тело не би требало да е коксаки. Температура нема?