Пак јас тука. Денес на бебето му се појавија вакви ситни точки на рачињата и стапалата, со тоа што долниот дел од стапалата му е баш жар црвен. Има по малку и по нозете и кај што се превиткуваат рацете. На грб и стомак нема ништо посебно. Што би можело да е?
Многу ми личи на почеток на коксаки. Во устата има нешто? Пролив, температура, да одбива да јаде, нервоза?
Сега за сега нема температура ни пролив, нормално се однесувс, си јаде… ќе видиме до утре, и пишав и на матичната.
Од топло обично не се исфрлаат на раце и нозе, тие делови не се покриени, вруќаници искачаат кај што се потат, кај што е најтопло ама дај боже да е тоа. @xxx-ba Пробај истуширај го бебето со не многу топла вода да видиш дали ќе е подобро.
За жал и јас не мислам дека е од топло, раце и нозе му се скроз голи цело време а таму е исфрлањево. Делловите што му се покриени со облека се чисти… ќе следам ситуација, фала!
И мојата има исти и не е коксаки, баш на раце и нозе има, се поти на нив. Од топло ни рекоа дека е. И стварно беше, и поминуваат па знаат да излезат пак. Се надевам дека е исто ко кај нас.
Испадна дека е вирус, сега се вративме од лекар… првиот вирус за нас, 3 месеци е. Ќе си пукнам. Се надевам лесно ќе пројдеме. Не ми прецизираше дали е коксаки ама ќе да е тоа. Сега за сега освен нафрланово и затнат нос, друго нема. Весел е, јаде. Ќе видиме. Ми треба поддршка сега како за прв вирус
Ова се исфрлил од вирус? Крвна слика направивте? Со што констатира дека е вирус, на око само? Иначе не се плаши, ние бевме болни на 4 месеци со антибиотик со наод на плуќа, немаше ништо посебно вака, весела среќна, само премногу секрет, и заради тоа антибиотик.
Од око констатираа, кога го видоа исфрланото. Ништо не ми спомнаа за крвна слика или нешто дополнително, само да следиме дали ќе качува температура, дали ќе кашла… него носето му е лом, ептен е тапа. Нисита гел ни дадоа за тоа. Ќе видиме како ќе пројдеме ноќва Фала за утехата. Знам дека се нормални овие работи и дека тек допрва ќе се разболува ама ете… родителство
Ќе помине за 3 дена, не се секирај. Само носето гледај да биде проодно, да не се слева накај грлото, треба да тече. Види од аптека земи некое спрејче соодветно за возраста и шмукалче по потреба да влечеш мрсули.
Влечеме мрсулчиња, ептен го мрази тоа се утепува од плачење многу ми е жален сега ни дадоа и Нисита маст.
Бебе 10+++. Прв пат ми се случи да стане со скроз сува пелена после 10ч спиење. Веднаш по станување се искака течна, жолта столица во поголема количина, а после 3ч исто..дека пелените беа фул каки не видов дали се мочкани.. Нудам вода, пие малку, стандард цица 4 подои и 3 оброка.. Вака весел е супер, си игра, јаде, сега тера прва дремка..ова прв пат ни се случува се загрижив. Кога се смета дека има дијареа, над 4-5 столици? Како да препознаам дехидратација? Не знам дали да тркнам на лекар да го видат ако не мочка ко што мочкаше.. а мочаше ненормално многу, на секој час ипол пелената преполна..
Се има случено и кај моето, многу испаничив и јас тогаш ама во текот на денот се се врати во нормала. Почекај до после, нуди почесто да цица, па ако треба тогаш носи на доктор.
Мојата две недели не моча веќе навечер. Преку ден се е нормално. Ми рекоа дека е топло се поти и вади вишок така, нема што да измочка. После станување одма си моча, напредува нормално.
Се јавив и јас ми кажаа бидејќи воопшто не станува да цица навечер нормално е да не мочка..имаше 3 такви столици и мочка речиси ич..ми рекоа водата ја исфрлил преку столиците..еве тера 2 дремка сега па ако нешто има пак сумљиво, да го носам плус 3 дена по ред ручек ми јаде по 150г, за разлика од претходно кога секој оброк ручкал 250+г.. Ме зачуди коа ми рече можно било од заби и намален апетит и течни каки, пошо неаме ниедно запче Едит: се разбуди фул измочкан, добро е, ми олесна
Мајки малку помош,вчера кај едниот близнак на курето кога го отворив беше зацрвенето бајаги.Пишав на матичната ми кажа белоѓент маст да мачкам 5 дена,досега сум отварала немало ништо,сабајле на мачкање гледам реагира го боли,на24 имам закажано на детски хирург незнаж дал да чекам до тогаш