Големава ја удри малата ,несакајки беше фактички се буцнаа со главите е сеа ни едната ни другата не се пожалија на болка мислам бебето не заплака воопшто само беше како збунето као шо се деси сеа му беше фацичката ... Ама пред спиење баш и не можам да ја држам будна Се надевам ништо нема да е ,ми треба утеха
Јас се исплашив многу ,на мм не кажав ќе ја караше големата ,стварно ненамерно беше иако тоа е бидејќи не внимава се врти по цела спална. Сеа може конечно ќе разбере зошто ја карам да не прави така. Еве од сабајле добра си е будна мрда се како претходно. На раб беше да заплаче ама како шо кажав од шокирана као шо се деси сеа... фала
Жал ми е бидејќи е многу малечка 15 дена е.. Па и во раце ми беше ама по 2-3ч спијам и мене рефлексите ми се намалени не ни приметив дека е блиску...
Ох ние со мм, може нека имаше 4 недели кога ни ја дадоа јас да му ја подадам он свртен накај надкасната се свртр ја чукна со раката над лактото на глава.... одозгора. Она заплаче секунда и се смири дека беше подзаспана јас му ја подавам да ја подржи исправена дека блуцкаше... се изнаплакав му викам леле по глава ја удри он успан ми вика еве ја не плаче добра е не се секирај. И си викам едно дете неможеме да го допазиме успани како дрогирани двајцата бевме првите денови. Ништо не и е, сега како шалта со главата со вратот и се удира во гради кај мене и ќе плакне и викам што шалташ така седи мирна. Смешки е.
Леле ме потцети ,пишував веројатно знаеш големата 2 недели беше во болница првата вечер дежуравме двата ко мрднати бебе си спие гајле нема.. Големата релативно рано ми падна прв пат на 5 м од гарнитура на земја ,јас уште не знаев дека сама може да се сврти полнев вода во кујна споена е со дневна ,буквално 5 чекори. Ама ова е многу поподвижна ,баш така прави кога ќе се заборави дека цица и ќе пушти па панично ја бара додека се наместиме се удира ,штипе Само дека ептен малецка е 16 ти ден денес... а големата дека виновна сигурно не кажа ако ја здоболело Ама не плачеше со тоа се тешам.
Ех најверојатно и малата фати варичела, само што не сме приметиле од понеделникот имаше точки ( мислевме дека е од топлово пошо стално се поти ) И сега како да рачунам од кога и се ? сега и се ситни меурчиња на неколку места
Види до утре дали ќе осипува со нови. Ако од пон има, а сега веќе се полни со водичка.. може лесно ќе помине со мал осип. Дека 3,4 дена е избивањето нели, после веќе стивнува ситуација...
Здраво Мајки ке ве замолам за совет. Дали некоја мајка се соочила со кандида во внатрешната страна на образите. Малиот прима антибиотик и матичната вели дека од тоа има габична инф. Користиме нестатин и чистам со газа, и заприметив дека крвари кога ќе го исчистам со газа. Но малото веќе после 2от пат не ме остава да му се доближам. Дали знаете како да му помогнам на друг начин за побрзо да му помине. Ви благодарам за секој совет.
Поголемата ми фати исто од антибиотик кога беше бебе и на јазикот . Само со нистатинот и помина мораш да го даваш сите 7 дена за да ја исчисти убаво зошто може да се повлече а да и работи во позадина. Исто за чистење со газа не оставаше баш кога ќе успеев успеев кога не оставав зошто и грепкањето од газата боли. Или може да пробаш со чепкалка за уши тие се понежни.
1 година е Фала ти ке пробам. Најпојке ме мачи шти мора да го допие антибиотикот и се бадевам нема да се прошири.
Е не знам, на ќерката и беа допиени антибиотиците. И беше баш бебе 3 недели. Исто ако цица или користи цуцли и тие миј ги со сода. Избегнувај благо исто
Ако оди на прстиња од тоа е. На моето и беа вакви кога пробуваше да оди педијатарот така ми кажа сега и се ок.