Дадов 2,5 мл парацетамол во 6 и 40 температурава непаѓа само се качува беше пред тоа 38.3 сега мерев 38.5 туширав двапати досега.Имам дожа блокмакс и чепчиња ефералган незнам кога смеам да дадам наредно блокмакс или чепче.Совет од поискусни мајки 8 ипол месеци сме
Бебе (годинка, ама бебе ми е уште) имаше температура 3 дена, од кои вториот ден и до скоро 39. После 3 дена наеднаш прекина и денес ми се осипа. Може да е розеола? Прееска помалку беше и мислев врукици се, ама сеа веќе има и по лице, врат, цел стомак и накај дуде, грб. До сабајле може ќе е и повеќе... Не бевме сигурни дали температурата е вирус или забот горе (вториот кец), така страшно и проби со крвче, болки, со страшно неспиење... 2 дена не сме ич спиени... Ама едни кецови широки горе што има, највеќе се намачи со нив и алелуја денес е веќе скроз пробиен и баш и ноќеска и запре тт. А петокот крвна слика супер. И сеа ме чуди осипов.. Или вирус или 2 у 1 беше ова заби и вирус...
Така ми кажа матичната 2.5 мл да дадам.Инаку го одесов кпзле нему падна темепература ми качи до 39 дадаов блокмакс 3.5 мл така ми кажа докторката тами и одма му падна.Крвна слика морна 2.5 црп мирни леукпцити кажа вирус.Е сега можно е да е од заби,уште немат ни еден ама страшно се нервозни,ама 39 неби требало да кренат од заб
И мојава беше со тт 3 дена, до 39, а избиваше заб (еден широк кец горе), како изби, така престана тт. Ама еве ја со осип е од вчера по телце.. што укажува дека вирусче беше. Инаку премалку е 2.5мл парацетамол, таа доза на 3-6 бебиња дури се дава. Чим ти кажале па блокмакс 3.5 да дадеш, парацетамол треба мин 5мл. Не му паѓала претходно дека мала доза си давала. Јас на мојава што е 12м со 10кг и давам 3мл блокмакс или 5мл парацетамол. Доста ефикасен ми се покажа Еферегланот, а тој има мерица со кг, колку кг има до таму ја полниш. Земи си таков.. (тој е исто парацетамол). Инаку ако нема на око надувано небце, не ви е заб... тој така најмногу мачи кога е во фаза да го пукне непцето. Надувано екстра, крваво беше кај мојава..
Имав и ефералган дома може требаше прво него даму дадам,ама ај викам парацетамол,и знам последно кога бев кај матичната ја прашав парацетамол колку да давам и ми кажа толку.А ефералган давам според килажа,он е 8 ипол месеци и е некаде 10 кила.Двапати дадоб влокмакс и нема еве веќе температура,се надевам толку ќе биде,инаку имаат набрекнато непце ама 39 да качи за заб ми кажаа нема шанси.Еве сабајле другиот близнак го приметив му пробило забче.
Незнам кај мојава толку многу изгледаше од забов. Петокот крвна слика одлична.. 38.8 ми креваше. Ноќта кога прекина тт, не спиеше и плачеше цела ноќ и на смени спиевме со маж ми. До 4 јас будна, од 4 до 8 он. И сабајлето видовме избил забот. Претходниве денови рака не извади од уста, показалецот го гризеше... А веќе од завчера не. Она со сите заби вака ми се мачи, ама со овие горе посебно, зошо се така поголеми крупни запчиња... Еве го веќе пробиен убаво, а беше надувано непцето, крваво, обелено...
Само да знаете дека тт од заб не се крева, особено не 39 и со денови да трае. Може да крене докај 37.2-3, но тоа реално е се уште субфебрилност. Не знам зошто ви кажуваат матичниве од заб дека е за се нешто. Па и мирна кс реално укажува на вирус. @mariz по опис личи на розеола. Обично таа дава така висока тт без други симптоми и на крај осип Забот само се поклопил, бутнал имунитет малку и детето е поподложно на инфекти. Сега ја гледам сликава, забиве и се скроз нормални, таман големина инаку. Да, ја болело, ама вирус имало детето.
Знам дека нема, ама во некои случаи викаат дека минимална шанса има да се случи ако претешко се вади.. Незнам, ептен случајно беше заедно со забов и тт. Оно и паѓа имунитет додека се вадат заби, може и закачила нешто во спат. Ама кс супер, правена на втор ден тт..
Да еве ја и сабајлево е со осипот. Не е зголемен, ама го има.. Оно ваков осип се случува и да не е розеола. Од самата тт да е... Од розеола мислам повеќе ми биле осипани другиве.. Едит: Само што ја проверив, има денес и по раце и нозе. Розеола ќе да е..
Здраво. Каде се носат и во кој период од животот на децата за говор за аутизам испитувања такви? Не го знам стручното име
Најверојатно во центарот за раст и развој, таму има дефектолог, психолог, логопед. Посебно и невролог ако има потреба може да се посети.
Битпазар има развојно, едно е од најстарите. Мн се добри и внимателни ја носам малава дека е прематурче.
Мене ми пишуваше на отписното писмо од Неонатологија, редовни проверки невролог, развојно и очи. Не треба упат, треба да се јавиш да закажеш термин и кога идеш со книшка и со податоци од болница те внесуваат.
После висок тт и на моево му се деси да исфрли осип насекаде, баш така беше после 3ти ден. И со други мајќи што имам зборено исто се случува. Ќе мине за ден два, мислам дека не е од вирусот туку од тт. Инаку не знам што е со парацетемол, ама јас одамна не го користам, не ни симнува од него тт. Користам неофен, со кој секогаш држи повеќе саати без тт.