Бебка е 4.5м, 7кг. Има темп 38.7, а и дадов 3.5мл Ефералган пред 4ч. Во упатството пишува на 6ч, матичната вели може и на 4ч да давам од него, а Блокмакс 2.5мл на 5-6ч. Дали сте давале толку често сируп кај толку мало бебе?
Јаде и на моменти весел на моменти кенкав. Јас се плашам од температура и ме фаќа паника што нон стоп му е покачена. Фала ти за одговорот
Имам давано на 4 саати наизменично блокмакс и парацетамол ама за температури над 39,5. Пробај еднаш со блокмакс дали подолго ќе биде без температура. Нели се симнува од сирупот?
Го поврати блокмаксот, го поврати и ефералганот, а немам чепчиња. И се спиеше многу, плачеше, едвај ја смирив па некако со плачки и дадов Ефералган, го испи. Заспа сега, чекам да делува сирупот.
Давај и полека, со лажиче, не и давај наеднаш затоа ќе го поврати. Јас сум давала така. Блокмакс ме советувале над 39, под тоа працетамол, еферлаган и сл. Блокмаксот побрзо симнува, давај пробиотик, делува и на цревната флора.
Бебе е 2 ипол месеци, треба да му ставам парафински капки во уво. Дали некоја мајка има ставано на толку мало бебе? Кои ги има користено и како правилно се ставаат?
Да јас ставам на бебето и сеуште ставаме поради секрет.Јас ги земав од еурофарм парафински капки за уво.Ги ставам додека спие прво едното увце ставам две капки и памукче,послем неколку мин на другото увце.
Ќерка ми има 2 год., спие со отворена уста више 2 3 месеци мислев што е нормално али ми спомнаа другарките мои не е во ред што спие со отворена уста дека може да се случи лошо штп не би сакала да спомнам Не и е затнат носот, ни грло.
Штом спие со отворена уста скоро сигурна сум дека се крајниците и од тоа се разболува. На брис многу тешко се фаќа бактерија, не мора да значи дека ја нема ако е негативен. Најдобро идете кај орл доктор.
Мислам мала е за да ја прегледа а и би се зајдувала од плачење.. Не хрчи кога спие со отворена уста. Ете ме плаши .. Инаку ако може некој да каже кој е добар сируп за имунитет? И да е скап ама барем често да не се разболува.
Не е мала, моево од 1 година го носам кај орл. Непријатен е прегледот, ќе плаче ама трае кратко, некои деца плачат и од диши диши, не треба да ја штитиш од преглед кај доктор. Не ме сфаќај погрешно, можеш да даваш сируп за имунитет имаш огромен избор во аптека ама ако се крајниците не решаваш ништо со сируп. Можат да почнат проблеми од воспаление на уво, па да не те плашам до какви се последици.
Па има повеќе добри орл доктори и по болниците и во приватни ординации. Јас конкретно моите ги носам кај Николче или Весна во ремедика, зависи кој термин ми одговара. Добри се, јас сум задоволна, најмногу ги одбрав зашто ученици се на Оровчанец, заедно работат.
До 38.2 крева, ама се измачува. Мерам на средина од чело, мислам така е правилно пошто на слепоочница 39 покажува.