Не е микролајф, jziki пишува прочитав упатство на интернет вели на средина да се мери. Колку време траат вирусниве инфекции? Сон немам веќе трета вечер и друг пат бил болен ама ова е прв пат со температура.
Мајки бебето ми е 6 месеци, настинка дали не знам и течеше носето и добро чистевме со физиолошки и аспиратор, вчера бевме на преглед океј нема на плуќа ништо, сега пред еден час почна некако да малаксува и кога ќе заспие како да грчи свирка, нема температура, што да правам
Се става една многу тенка сонда со камера во двете ноздри и така ги гледаат од блиску крајниците, прават снимка и после анализираат. Многу кратко трае.
Мери под мишка, на чело може да измрда па да не е веродостојно. Два, три дена трае вирусот. Над 38.5 давам за температура, под тоа не, туширам.
Може од носот да свирка, однеси ја денес на дежурен да ја слушнат пак, за секој случај, да не има спуштено надолу.
38.5 температура двапати дадов блокмакс и неспушта воопшто.Туширав чорапчиња со оцет и сода бикарбона и пак ништо.Совет нешто друго да направам
Дадов после ефералган спушти,еве срга пак му дадов ефералган скоро саат помина непочна да спушта,а синојка одма се препоти
Изгледа тој му функционира на бебуш, лесен опоравак ✨ние го минавме со двапати сируп само, мојава несакаше да смисли сируп...
Како правите облоги со алкохол несум правела до сега.Цело тело ли го мачкате со алкохол помешан со вода
Масирај стапала, па нозе, гради... Пази да не го вдишува многу. Обично над 40тт ова прават... Колку тт ти крева?
Немој алкохол, многу лесно се апсорбира преку кожата кај децата. Привидно спуштаат, за после и повеќе да качат. Плус многу лесно испарува и ги вдишуваат пареите. Најефективно измеѓу дози сирупи ми е масирање со млака вода и мека крпа. Малку погрубо, сигурно ќе плаче, ама сепак да не му ја оштетиш кожата. Ќе гледаш убаво да му се вцрвени. Најдолго ја држи тоа мојава, поефикасно и од туширање е.
Електолити Никја, мн спуштаат температура, давај некако лажичка по лажичка во превриена вода па изладена.
Го туширам несум му правела така масажи,ама со сируп неми спушта.Матичната ми кажа со алкохол облоги да ставам
Имам ОРС дома,давам цело време ама овој е терсене кога е болен нејќе ништо да пие,со другиот барем за тоа немам проблем