Prolivce e toa vidi so maticniot sto da davas. Kolkavo e bebeto? Pretezno se dava probiotik kako diastop, elektroliti i posuva hrana
Леукоцитите океј се, можно е да закачило нешто од паднат имунитет. Прати го како ќе биде со температура. Хидрирај го повеќе, со лесно да поминете.
Бебето ми е 6 месеци, сабајлево како да почнува да хрчи, како да има секрет во нос. Не пробав да влечам, вака нема ништо на изглед, нема тт, нема некое изразено кашлање(понекогаш ама на педијатар ми рекоа пред две недели дека е од многу лигавење). Да кревам паника може да е нешто озбилно? Можно е да се заби? Немаме сеуште заби, вака нема набабрени непца. Можно е дека почна грејна сезона па од сув воздух, на парно се грееме? Што да преземам?
Да не креваш паника мајка, пробај со физиолошки ампула во нос и да влечеш со аспиратор за нос. Може да е заби, вирус, настинка. Не е страшно, следи го и секако контрола на лекар.
Н апочеток беа скоро невидливи па вакви станаа и сега се малце поизразени од ова. Пет педијатри го видоја ми рекоја ќе исчезни ништо страшно ама мене како да ми шират наместо да исчезнат
Бевме на педијатар 3 дена инхалации дексазон со физиолошки,оперил капки и лепенки со ментол. После три дена состојбата полоша, носот уште повеќе затнат а нема секрет ако влечеме тогаш вадиме проѕирен воденест, вака не тече носе зљтоа матичната рече да не влечеме. Бебе е 5 месеци нема тт, нема црвено грло, плуќа чиста ама носот упорно затнат одвај дише. Вака е расположен, има апетит. Правевме кс и црп се е мирно, остана уште брисеви да направиме. Сега нова терапија пулмикорт со физ, синомарин капки и лепенки со ментол. Ќе си пукнам не можам да го гледам вака како се мачи да диши.
Некоја алергија дане е... незнам од што би отекло толку слузокожа да се затне така и да не попушта. Брис обавезно направите и тој се чека ден два. Пиши како ќе поминете со новата терапија
Да ќе видиме на брисевите, ако и тие се чисти и на педијатарот е сомнежот дека е алергија. Баш ме чуди сега да се појави а ништо немам сменето освен што почна грејна сезона, а дома на парно се грееме. Да се надополнам почнавме и со вкусови, сма нели од храната ако покаже алергија е со црвенило а не со затнат нос? Или грешка сум?
Мене ми се случува исто. И јас се мислев да испитувам алергии но бевме и вирусни па мислам афтерефект е. Да не го минавте вирусот па афтерефект да има сега? Буквално до агонија ми се затнува носот мислам дека ќе пцојсам... Имаме кромид исецкан у соба чат пат и во навлажнувачот ставам етерично од еукалиптус... Тоа така малце помага...
И од загадениот воздух многу се затнува и се суши, мојата така е затната, а гледам и суви сиво-црни мрсулчиња, тоа е од смогот...
Здраво мајки, бебе 1 год и месец , курето му стана црвено од една страна како да е каснато , и главичката како отечена , не плаче , урнира нормално пелената е полна , дго измив и намалчкав со веледа , дали да го носам на болница или да почекам?
Дали го отворате курето редовно? Син ми не го отвораше и во декември го носевме на дежурен затоа што отече главичката и помодре, ама он многу плачеше кога пробувавме да го отвориме таа вечер. Мислам дека најдобро е да го однесеш.
Курето не мора да се отвора, всушност и не треба да се отвора додека сами не ги отворат, проблемот настанува кога еднаш ќе се одлепи и после не се чисти редовно, не се отвора, се собираат бактерии, влага и доведува до проблем. Курето се чисти со млака вода и гел за туширање по потреба, додека се отвора само толку. Моето е е 2.5 г со проблеми со бубрези, најпрв совет што добивме од сите специјалисти беше, куре никако отварање. Кај нас имаше малце црвено и бели наслаги после доза антибиотик. Ни дадоа канестен 3 дена и миење и да се остави суво што повеќе без пелена. Може да го виде доктор, ама може е мал дисбаланс ако пиел антибиотик, кандида.