Ние од старт бевме советувани дека курето се отвора редовно (детето е родено пред 6 години). Поради незапазување како што кажа и ти, се случи да се залепи, па на три години го носевме во Систина да му го одлепат. Од тогаш мораше да продолжиме да го отвораме редовно, па со тек на време детенцето порасна и дел од времето само го отвораше. По три години од одлепувањето, се појави така како што кажа членката, црвенило и помал оток, го однесовме, ни дадоа антибиотска крема да мачкаме, но од болка не дозволуваше да мачкаме добро, па набрзо отокот се прошири низ поголем дел од курето и почна да помодрува. Јас кажувам од мое лошо искуство со тоа, според мене најдобро е да го однесе на доктор, можеби сега не е до тој степен, но мора да реагира според мене, затоа што да не го однесевме син ми, исходот ќе беше многу лош.
Да ама се тоа е најчесто последица од отварање, а не треба. Сами ќе си го отворат кога ќе дојде време. Застарена пракса која чинам само кај нас ја практикуваат сеуште, у Лондон ми рекоа ова е присилена мастурбација, од тогаш не се осмелив да фаќам.
Немам пробано со чаша ама го виде пак педијатар и ми рече хемангион, освен естетски нема друга причина за третман, единствено ако ањ гребни таму ќе крварел малце повеќе.
Што ви давале терапија кашлица и мноогу секрет? Правевме инхалации со будесонид (пулмикорт уствари) 5 дена, еве го денес бетер, се дави од секрет. Не знам дали Козле да го носам…
Будесонид, вентолин и физиолошки инхалации и антибиотик, зашто никако не го исфрлаше секретот и направи наод. После антибиотикот, исфрли преку кака секретот и се среди.
Кај моево дете без антибиотик не се повлекувал секретот досега. Кога е премногу и со јака кашлица тоа.
Здраво мајки, Почнавме пред една недела со кашички , денес дадов компир и ми се исфрли малата на стомачето и качи температура. Уште пред да јаде беше плачлива претпоставувам дека ќе и растат запчиња. Можеби затоа има кренато температура 38. Дали е осипот од температурата или од храната не знам… Дали сте имале ваков случај? Како изгледа осип од храна? Зарем би можела да е на компир алергична?
Осип од храна обично знае да биде низ цело тело, буквално од лице со пети.. раце, нозе. Каде е осипот? Само на стомак? На стомаче ми се исфрлаше третово од претопленост (мн топла просторија или мн облечено).
Да на стомак. Не пуштаме греење, надвор е околу 15 степени. Беше само по боди и пижамка. Ја соблеков да ја бањам и така приметив дека е исипана измерив температура имаше 38, не и дадов ништо за температурата сепак не е многу, а и си помислив да не вади заби ама ако не се симнува ќе и дадам нешто.
Ако нема наод ништо друго. Пулмикортот не ни помага за секрет во нос. И да го носиш во Козле ако нема спуштено ништо нема да ви дадат. Евентуално урбазон ќе го избоцкаат ако многу кашла. Вентолин без наод на плуќа не се дава. Ако е вирусно и антибиотик не помага. Еве и мојава е со тон секрет, а нос не тече. Од вчера кашла. Чистам нос убаво само и ја ставам на поткренато да спие (додуша ноќеска се менувавме со маж ми во раце исправена ни спиеше од што се давеше од секрет)
Од што можи да грчи низ нос бебе, како да му е полн со секрет носот, приметувам кога цица легнат. Прегледан е не е настинат а носето како затнато, да не му оди млекце дури цица боже мој, му извадив со она мало мрсулче ама тргам не излегва ништо после тоа и пак шмрка
Помислив и на тоа ама термометарот кажува 50% влажност. Денски нема ваков проблем, навечер нјачесто се јавува и најпоќе откако ќе го надојам затоа помислив на млекцето
Можно е да е од млекото. Кај мојот исто така беше, и на педијатар го носев, ми потврди дека може да е од млекото. Откако почна да спие на антирефлукс перница (купена заради повраќање) и тоа се среди.
Нормално ли е веќе 2 недели носот да му е затнат и преполн со секрет? Нема никаков друг симптом, освен што поткашлува навечер кога ќе му се слее, на плуќа нема ништо, ама веќе две недели и некој ден се пројдени а ние уште влечеме со ноското километарски мрсули и е затнат 95% од времето без разлика на тоа колку капки ставаме, се мачкаме со ментол креми, топла када и сите останати типични работи. Матичната вика штом нема други симптоми, чист е на плуќа и е генерално весел, си јаде, се смее, нема што друго да се прави ќе помине само. Што мислите? Да го носам ли некаде по приватниве болници? 7 месеци е, прво разболување ни е, знаеме од кое детенце е ама него му траеше 7-8 дена (додуша постаро дете е 2 години).
И јас бев болна, еве 9ти ден сум затната со страшен секрет..таков е вирусот..ако се закашлува и ако ти е на мисла носи го повремено да го слушнат