Ги земавме ама не знам колку да и дадам и кога.. Упатствово на германски... На интернет чотав нешто 10-20капки..
Земав сода некоја грчка од аптека и јас со неа се поминувам после цицање.. А успутно и ушињата и се воспалени и заб вади, многу ни е забавно, многу
На мојава 105 и беше. Сега е 125 не дадов ништо,со исхрана се покачи. Какао,маџун,семе од коприва,цвекло,просо, аронија,телешко. Обавезно вит.Ц секој ден.
Да, и јас му давам дел од овие работи, ама ете не му се покачи од исхраната. Вит Ц даваше преку овошјето или како витамини/капки?
На мојава постепено и се покачуваше,месеци и требаа. Капки витамин Ц.Обавезно после оброк богат со железо.
Прочитај по форумов за грчеви и ќе ти стане јасно. Нормална работа се бебешки грчеви, не те предупреди ли матичен, патронажна... Јас не давав капки без потреба, само кога плачеше многу.
А легофер сируп добар ли е? Нас тој ни го препишаа ама од кога почнав да давам малата плаче како да има грчеви а и имаа прекинато грчевите, три ипол месеци сме. Инаку плаче саат до два после давање на сирупот. Се си мислам дека е до него. По 5 милилитри ми рекоа да давам, да не е многу?
Извини, на 3 ипол месеци не препишувам легофер, ниту малтофер. Над 6 месеци воведувам препарат на железо. Се дава по кг/ТТ
Женски барам ваше мислење. Педијатарот ни кажа веќе да не и давам пробиотик дека веке е голема ☺️ На тв го слушав др. Сајчевски тој кажа идеално е да се дава до година дена на деца родени со царски рез и кои се на адаптирано млеко. И давав биогаја мегутоа веќе ги нема во ниедна аптека. Какви им давате вие на вашите мали и до која возраст? Фала ☺️ Керками е за 5 дена 6 месеци
Таман си дала. Пишува од 10-20 капки. И 10 да си и дала, не е страшно. Над 6 месеци е, може малтофер да се дава
Значи лошо сум правела што сум давала, не сакав да давам ама ме јадеше јанѕа оти ни го препиша педијатар па си викам што ако и се намали многу хемоглобинот, после јас ќе сум крива. Инаку 100 и беше хгб на 3 месеци точно. А дали преку млекото се лачи железо доколку јас пијам препарат на железо? Почнав јас тотхема да пијам со таа цел оти јас сум цел живот анемична. Може и наследно и е
Слушај си педијатар, најдобро. Секој си е одговорен, за своите постапки. Јас не кажав дека лошо си давала, јас не препишувам така и на 10 хгб кај толку мало дете, не давам ништо. Зошто тоа е нормална вредност за таа возраст. Ти можеш да си пиеш тотхема доколку доктор ти препорача, не е штетно за детето тоа.
Има врска кога се даваат.. Наутро навечер.. Јас после јадење и ги дадов навечер... Ми спомнаа и витамим ц, задолжително ли е или зависи од крвна слика
Ние сме за две недели 8месеци давам постојано,прво биогаја па сега ваја .Ако не и дадам -заборавам има мака со мешето.
Малтоферот содржи активна железна форма која целосно и веднаш се апсорбира. Се дава во тек на оброк или веднаш после оброк. Витамин Ц не е задолжителен, но не смета да се дава. Никаде не е назначено дали наутро или навечер да се дава. Јас железните препарати ги ординирам наутро или на ручек најдобро, додека метаболизмот најмногу е активен кај дечињата
Мила, јас Сидерал давам и тоа од 1 месец и нешто, шо значи 2 и кусур ако не и 3 месеци како ги пие... и има ефекти... сега ме замисли ти..
Ако е со препорака од доктор, секако ќе даваш. Штом има ефект, секое детенце е различен случај. Гушки до лепотиците твои
Пред да останам бремена си пиев редовно спирулина... железото ми беше лудило... од кога останав ме советуваа да ја прекинам,јака била ...е сеа веќе 5 месец како сум породена, железото не ми е ко шо ми беше, не е лошо ама не е ни најдобро... дали може пак да си ја фатам иако дојам???