Итно! Прашања за здравјето на бебињата

Дискусија во 'Бебе' започната од RainBow, 29 декември 2018.

  1. Malesia

    Malesia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.836
    Допаѓања:
    3.635
    Пол:
    Женски
    Не, такво е времето. Чистете носе и ќе помине.. Ние три недели аме сите по дома. Витамини, течности и тоа е
     
    На xxx-ba му/ѝ се допаѓа ова.
  2. ele.na

    ele.na Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2019
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    28
    Здраво дали знаете да ми препорачате нешто како спреј со прополис или слично за црвено грло и афти ама да е безбедно за бебе од 15 месеци. Целото грло му е црвено и има афти низ устата ништо не сака ни да јаде ни да пие и има температура 37.7. Денес го оснесов на преглед кај доктор Игор во Реоника затоа што Др.Сашко не беше на смена, човекот лом ме направи зошто носам бебе со 37.7 темп во болница имало многу вируси. Му го виде грлото ми рече има афти и ми даде рецепт некој гел да му ставам ама во аптека се чудеа зошто ми го препишал тоа и ми рекоа не може да ми го дадат дека не е за бебиња туку за возрасни. Незнам што да правам детево цел ден не сака ништо да јаде ни да пие. Од амбулата излегов запрепастена од односот на докторот. Ако знаете нешто што би помогнало ве молам да ми пишете, ви благодарам однапред.
     
  3. Lavitaebella

    Lavitaebella Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2023
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    6 месеци сме, маж ми се разболе и по него бебево првпат качи температура. Имаше 38.5 дадовме парацетамол и туширавме па спадна. После неколку саати рипна на 39.5 и завршивме на ургентна. Излезе дека има корона вирус. Некој со слично искуство да сподели што да правиме дополнително. Втор ден нема повеќе од 38 али туширавме и мачкавме со оцет ноџиња. Малце кашла и кива ради вирусчето. На доење сме, само што почна да јаде , но сега нема апетит и само цица. Вода и чај никако не сака.
    За колку време поминува, некој друг совет?:shake:
     
  4. Ladyme

    Ladyme Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    2.416
    Допаѓања:
    5.007
    Пол:
    Женски
    https://kiwi.mk/product/pharmamed-medifit-baby-5-propolis-kapki-20ml/
    безалкохолен прополис чист за над годинка. Пробај на кожа тест ако не си дала уште, ако нема реакција испрскај во уста.

    Еурофарм или дна ани фарм види таму сум земала за внуката
     
    На ele.na му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.786
    Допаѓања:
    9.499
    @thinkerbell како сте?

    Не знам што вирусишта се овие, на Респитест даде риновирус кај мене, ама некое опако гомно е, цел месец трае и премногу секрет има.
    Се откорна бебе кашлајќи, као на плуќа чист ама премногу секрет има.
    Стандард добивме антибиотик зошто 10 дена со инхалации, а има 0 подобрување.:x
     
  6. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.586
    Допаѓања:
    14.167
    Пол:
    Женски
    Ама зошто антибиотик за риновирус и чиста плуќа? Не давај ако е само за тоа жити се. Да има спуштено ќе разберам некако ради секундарна инфекција, ама вака не. Секој антибиотик уште толку му ја уништува нормалната флора и само полошо и подолго секоја болештина ќе ја поминува. А зимото е пред нас.
    Мојава мислам 20 дена е со секрет, неделава кулуминираше и се раскашла, ама надоле е чиста. Еве од денес згуснува веќе секретов и подобра е и јаде повеќе. Големата исто 15 дена беше со секрет. Она направи мала опструкција, ама се среди. Кај неа правев инхалации неколку дена, кај малово освен убава тоалета на нос ништо. Ни крвна слика не и направив.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Ladyme

    Ladyme Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    2.416
    Допаѓања:
    5.007
    Пол:
    Женски
    Крвна слика е важна, многу промени и не се слушаат на слушалка. Ако црп е високо, седиментација, леукоцитите. Мора да се земе антибиотик. Без крвна слика незнам дијагноза на слепо прават.
     
  8. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.586
    Допаѓања:
    14.167
    Пол:
    Женски
    Важна е, ама поважна е општата состојба на детето. Високи леукоцити, седиментација, леукоцити, нема шанси да не дадат никаква клиничка слика.
    Респитест покажал риновирус, најчестиот вирус овој период мислам. Симптоми од обична настинка, до грди кашлици, па и наод на плуќа. Антибиотик не помага освен ако не се развие некоја секундарна бактериска инфекција. А на вакви кашлици може кс и ништо да не покаже.
    Лани летото детево ми имаше стакло крвна слика, на слушалка ок, а кашлаше страшно. Пнеумослајд покажа микоплазма, а ртг атипична пневмонија. Така да крвната слика е само 30% па и помалку од целокупната дијагноза.
     
    На Mandela, 1209, Калатеа и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.786
    Допаѓања:
    9.499
    Не знам, дури и описот што го спомна, во Козле ми рекоа дека тој опис е за спуштено, хркулки некакви бла бла, ич не ми текнува.
    Мене ми е страв пошто истиот вирус го фативме сите, и сите завршивме на 10 + дена на антибиотик…
     
  10. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    8.318
    Допаѓања:
    13.705
    Пол:
    Женски
    Нас зашто не ни препишаа антибиотик на 4 месеци направи наод па после итно антибиотик дадоа, зашто се давеше во секрет. Да не беше антибиотикот, немаше ни да го исфрли секретот.
     
    На Калатеа и Ladyme им се допаѓа ова.
  11. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.786
    Допаѓања:
    9.499
    Го вадеше ли преку кака? 5 пати кака на ден, а ништо нема… барем да се тешам дека некако го исфрла, сега за сега нешто со Носко успеваме да вадиме.
     
  12. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    8.318
    Допаѓања:
    13.705
    Пол:
    Женски
    Да, цел го исфрли преку кака. Значи секоја кака беше со секрет, ама од кога вметнавме антибиотик, претходно џабе и инхалации, само што почнавме антибиотик почна да исфрла. Трицеф пиеше.
     
  13. Спаркл

    Спаркл Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2015
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки, имам синче од 9 месеци. Да не должам многу, има издувано дебело црево и со тоа и издувано меше. Бевме по доктори и на крај ја најдовме доктор Весна Наунова од детска хирургија која се бави со вакви случаеви. Докторката се сомнева во Хиршпрунгова болест на дебелото црево (Hirschsprung's disease).

    Дали некоја од вас има вакво искуство? Моментално го празниме бебето со иригации, бидејќи ако не го празниме му се прави мешето како балон.

    Дали некоја од вас била кај др Весна Наунова од детска хирургија да сподели искуство?

    И дали сте имале вакво искуство или може познавате некој со слично искуство?

    Секоја информација би ми била добредојдена. Фала ви
     
  14. Mammamia16

    Mammamia16 Нов член

    Се зачлени на:
    12 август 2025
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Сега забележав кај бебето, 3 ипол месеци, на кожата на вратчето кај што се препокрива е црвено. Што можам да ставам?
     
  15. An43

    An43 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2020
    Пораки:
    190
    Допаѓања:
    210
    Пол:
    Женски
    Павловичева јас мачкам на вратчето после секое капење
     
    На Mammamia16 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. MikicaBt

    MikicaBt Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2019
    Пораки:
    1.367
    Допаѓања:
    1.488
    Пол:
    Женски
    Најдобро ништо, само суво да биди вратчето и само ќе помини.
     
    На Mammamia16 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Peperutka17

    Peperutka17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2024
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    239
    Пол:
    Женски
    Suva kaslica kaj skoro 2 godinki dete(noemvri pravi 2) Kako da smiram vikendov?
     
  18. naturally

    naturally Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    4.803
    Weleda за пеленска регија или некоја друга крема со цинк. Одма по мачкањето му поминуваше.
     
    На Mammamia16 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Beksss12

    Beksss12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2019
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Здраво мамички бебето е 4 месеци кога гледа настрана белката во очите му вибрира и на двете очиња дали некоја има исто забележано секако ќе одиме на доктор, многу ми е страв да не е нешто сериозно
     
  20. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.786
    Допаѓања:
    9.499
    Дали некој правел ртг на бебе скоро во Козле? Морам да го носам зошто и после 20 дена кашла, ама скоро сум сигурна дека ќе ни речат ртг… а знам дека многу језиво се правеше за бебиња.:(