Мајки имаме температура цел ден. Стаса и до 39.3 ставав компир, кромид сенф..дадов далечина не ја симна многи дури се покачи , туш малку се симна па пак висока и дадов блокмакс, дали можам на 2 саати да давам наизменично од сирупите??
Не, 4 саати меѓу Блокмакс и Парацетамол, 8 саати меѓу две дози на ист сируп. Измеѓу, педијатарот ми рече ќе се снаоѓаш како знаеш, алкохол разреден во вода пола-пола и сода со вода мачкање ми помагало најмногу и држење будно после сируп ако може. Ако спие, не реагира баш на сирупите, ако е на нога побрзо и делуваат.
Искуство со бронхиолит, детето има година ипол ? Колку врме треба да за да се исчисти скроз? Една недела бевме во болница, сега скоро недела дома има денови кога повеќе кива и му течат мрсулчиња не обемно ама мислам дека исфрла. Ама постојано се паничам да не почнува нов вирус ? Секако дома сме не шетаме, а имаме уште два дена до контрола во Козле
Штом ве пуштиле дома сигурно оди на подобро, примајте ја терапијата и ќе помини, ќерка ми имаше на нецели два месеци и откако не пуштија дома доприми терапија и и помина. На контролата се беше во ред.
Викендов бевме надвор од мк по хотели 4дена и се појави некое исфрлање од вчера по лиценцето од едната страна има три и на главчето кај косичката уште 4 што може да биде намачкав со кремче со цинк сабајлево
Ми личи дека ја пролазало нешто, прати слика на педијатарот да не ја носиш сега по амбуланти. Ќе ти даде нешто да ја намачкаш сигурно.
Ова личи на полазано, иако крупни личат брункиве. Можеби имало bed bugs,чести се по хотели. Може и некое пајаче да е. За мачкање не знам да ти кажам, мало е, лекар прашај си.
Во систина се сомневат на варичела. Направивме pcr чекаме до утре потврда сега ми качи и температура 37.4 и две нови исфрлања
Моиве двајца се со варичела. Да не те плашам и јас ама и мене ми личи на варичела. Провери ја позади уши, во глава, вратчето, синко најмногу таму имаше.
Не се плаши ако е варичела, колку помали толку поубаво. Да имам некој во близина намерно ќе ја измешам да префати помала.
Кај моиве не се покажа ова точно. Големата е 4 год, прележа без температура и 10 сипаници на цело тело. Малиот е 1г и 5 мес, 3 дена изгоре 39 темп и нафрлан е лом по цело тело, се откорна од чешање. Плус немаш соработка за мачкање кај маливе...истиот случај беше кај другарка и нејзините две фатија заедно со моите. Паскалов ми рече зависи од колку се мултиплицирал вирусот, односно колку го вдишале. Ќерката закачи во градинка, синот од нејзе, му кашлаше во фаца, го бацуваше, со пешкир нејзин го бришеше и мислам дека му држи теоријата на Паскалов.
Ако утре искочи на pcr варичела баш ќе ми биде енигма од кого фати 5 месечно бебе не ја мешам со деца што одат школо/градинка се шетаме сами буквално низ населба /мол/парк
Моето прелења варичела на 3 месеци, донесени од брат и од градинка. По две недели и јас ги фатив. Јас поминав тешко а тие двајца прелесно! Имаа температура ама не висока. Е сега во лето се погоди и полесно ги извадовме сите тројца, излегувавме и во двор, разни занимации.. Цицањето најмногу ја спаси кога имаше.Како еден вид утеха. Не пропагирам ниеден начин на исхрана да не ме земите в мелница,само кажувам мое искуство. Со лесно, и подобро што ги фати сега, рајат ќе бидите верувај.. Не како мене на 30 години, хаос бев
И јас и маж ми имаме прележано бар нема температура повисоко од 37.4 засега ќе ја следам вечерва што ќе се случува
Ми треба совет малата на палецот на раката има како оток веројатно неубаво го имам исечено ноктот оти нон стоп мрда, сега не остава да видам што е. Се познава дека има мал оток над ноктот, не можам да видам дали има гној не остава мрда се бори. Што можам да мачкам. Нема црвенило на цел прст, не е топол. Не дава да ставам облога си викам на спиење да намачкам нешто или додека цица ама не знам што може, дали може банеоцин пример?? Некоја да има искуство