Правевме..вирус од градинка,само што тргна 3 дена и еве цела недела дома и пак и следната нема да оди сигурно
Здрсво мамичкии, не измачи лашлицата преку спиење, дента додека е буда не кашла но штом заспие си почнува, 7++ сме правиме инхалации сабајле и вечер со физиолошки и кортаир по препорака на педиатар, носето не ни течи веќе и помина.. Дали има некој др таква ситуација па има друга терапија или некое сирипче нешто.. да ги исфрли побрзо шлајмпвите кои ја мачат во текот на спиењето ://
Бебе 7м е втор ден со температура, качува до 39 и со далерон спушта до кај 38-38.5. Ставав и лепенки и чорапи со оцет, туширање со млака вода, цица и пие орс. Работата е што сме во странство, тука во аптека само чепчиња парацетамол му дале на мм. Утре ќе и правам кс и ќе провериме урина, но во меѓувреме што да правам, дали само Далерон да давам на 6ч или да ставм чепче(над колку степени)? Ептен е кинкава и нерасположена
Ако е над 38.5 ако имаш блокмакс/бруфен сируп. Можеш наизменично блокмакс и далерон да даваш во размак од 4ч.
Денес ни ја одложија втора вакцина на бебла качени малку леукоцитите имала блага вироза. Вака не покажува знаци дека е болна весела е, јаде, спие и нема на гради ништо и нема темп. само малку поткашлува и поткивнува и како потзатната е. Прскам марисимо спреј и да следам следнава недела ако се влошува да давам антибиотик. Кој антибиотик го препишуваат на бебиња ние сме 4 мес?
Бебе веќе 4ти ден не е добра, температурата 'ја ставивме во контрола', ама од ноќва почна да повраќа иако е само на цицање. Ќе ја носам тука на лекар сега што ми го најдоа од осигурувањето ама не верувам дека нешто посебно ќе ми дадат. Ве молам за совет освен орс, пробиотик и цицање што да давам?
Излезе воспаление на крајниците па сега 6 дена антибиотик ќе пие Еј не ми се верува, толку време чекавме на одмор да одиме и вака поминаа деновите првото патување на бебе
А па тоа е секогаш така, ама ќе помине мајка, со деца нема правила, за жал... Моиве 3 години по ред се со тт за Нова година, значи 3!!!!! Сега оваа година ништо не договарам, се надевам ќе бидат добри!
Некој искуство со коксаки кај мало бебе, 4 ипол месеци? Цела е брунчиња околу уста и афти во устата. Температура до 38,5 и мнооогу плачење.
Уф, познато ми е… 2 пати откажав планина, искрено ми се одмили, повеќе гледам педијатри и болници него самиот смештај каков е… Како е, се подобрува ли?
Да добра е, температура веќе нема, ја болат крајниците и не сака да јаде ништо освен ладен грчки јогурт. Во спиење кога вришти не сака ни да цица, па и давам една лажичка јогурт и се смирува Битно е весела и можеме да шетаме сега, само се научи во раце изгледа па нејќе количка