Форумџика на годината

Итно! Прашања за здравјето на бебињата

Дискусија во 'Бебе' започната од RainBow, 29 декември 2018.

  1. ekonomski202

    ekonomski202 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2016
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Јас не знаев дека има ваква група. Ќе се цитирам тука.
    Како се справувате со настинки кај бебенца? Немаме температура, туку течно носе и кашлица со помал апетит. 3м сме. Јаде адаптирано млекце
     
  2. bella12

    bella12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2015
    Пораки:
    1.639
    Допаѓања:
    8.354
    Пол:
    Женски
    За носето редовно чистење со силен раствор. Може апетитот му е намален од што му е затнато носето и неможе да влече. За кашлицата најдобро ти е матичен да го слушне може и од носето да кашла, а може и инхалации ќе ви дадат. За затнато носе има едни лепенки се лепат на блуза или во близина каде што леже многу помагаат.
     
  3. Muki-coocie

    Muki-coocie Активен член

    Се зачлени на:
    8 август 2025
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Женски
    Девојки, бебко во понеделник прави три месеци. Има рефлукс и повраќањето ни е секојдневие но сабајлево во повратеното имаше како точкички кафено- црвено слузче.. многу мали количини.. што мислите, имал некој искуства?
     
  4. Puffy2019

    Puffy2019 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2019
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    1.804
    Пол:
    Женски
    Кај мојата имаше исто еднаш. Пратив на матичната, рече не е страшно затоа што се менувала цревната флора. Но сепак прашај си и ти.
     
  5. Muki-coocie

    Muki-coocie Активен член

    Се зачлени на:
    8 август 2025
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Женски
    Бев на дежурна сабајле, исто ми кажаа нема простор за паника.. еве бо текот на денов нема веќе ама сабајле малце паника ме фати.. фала ти.
     
  6. КаринаТ

    КаринаТ Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    29
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки, несакајки ставајќи го послужавникот на хранилката, додека бебето седеше, му го стиснав едното палче. Веднаш вресна и почна силно да плаче - не се смируваше некој пола саат никако. Сега заспа па успеав да го видам палчето - отечено е и зацрвенето и топло на допир. Му држев ладно колку што можам и го потпрев да е на повисоко. Не знам што друго да правам душата ме боли колку плачеше Дали да одиме на лекар? Можеше да го движи нормално, но плачеше при допир.
     
  7. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    3.167
    Допаѓања:
    8.189
    Пол:
    Женски
    Сигурно прв пат се удира. Мислам дека ништо не е. Тек ќе се удира и повредува. На син ми во градинка некако му го фатиле прстот со креветчето, мал беше тоа на почетокот беше, 2 годинки, црно му стана под ноктот и му падна после ноктот, јас ја памтам таа повреда ете. Ама поминува, си го стиснала малку, го заболело, ништо страшно
     
  8. КаринаТ

    КаринаТ Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    29
    Пол:
    Женски
    Така и беше, после дремката стана расположен и најнормално си го движеше прстот. Фала за утехата, да прв пат се случува, затоа малку подраматично ми беше.
     
  9. fragaria

    fragaria Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2016
    Пораки:
    746
    Допаѓања:
    941
    Пол:
    Женски
    Дали некој се соочил со ниска температура на бебе од 3.5 месеци
    35.5 конкретно? Цела вечер имаше ниска температура сега има 36.2
    А пред три дена па имаше 38.5 ама само тогаш дадов парацетамол 3 мл по препорака на др
    Крвна слика покажувала вирус дека е
     
  10. monkey89

    monkey89 Активен член

    Се зачлени на:
    6 август 2024
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    9
    Здраво да ве прашам бебенцето ми е 5м едното окце му бега каде трееба да се обратиме некој со слично исклуство?
     
  11. SanelaS

    SanelaS Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2016
    Пораки:
    2.614
    Допаѓања:
    7.596
    Од петок вечер сме во болница со температура која иде до 39 и се спушта до 38 и пак така во тонови. Редовно јаде и мокри, резлутати чисти, крв,урина исто. Антиботик еднаш само доби, чепчиња по потреба само му даваат. Веќе незнам што да мислам и што да направам. Некој со слично искуство
     
  12. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    8.670
    Допаѓања:
    14.518
    Пол:
    Женски
    Се дешава после висока температура. Нормална појава е, се враќа телото во нормала.
    @SanelaS ништо мајка, во болница сте, се грижи персоналот за се. Биди храбра, ќе пројде за брзо. Со лесно.:l:
     
    На fragaria и SanelaS им се допаѓа ова.
  13. fragaria

    fragaria Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2016
    Пораки:
    746
    Допаѓања:
    941
    Пол:
    Женски
    Благодарам многу за одговорот
    Ќе се јавам утре на педијатар
    Цел викенд навечер има ниска температура а денски е ок
     
    На Feniksgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  14. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.026
    Допаѓања:
    1.522
    Пол:
    Женски
    Мајки имала ли некоја слично искуство испаничена сум многу последниве денови додека си седи бебка многу почна да мрда напред назад и лево десно со главата и горен дел од телото. Вади заби па си мислев од болката и е, дека и ушето многу го тегне. Последниве денови некако зачести со ова и почнав да паничам и пратив видео на педијатарот кај што ја носиме во Систина и ми закажа на невролог рече за секој случај да ја види на преглед. Сега не знам како ќе се смирам до прегледот, само читам мислам на 100 лоши работи, ве молам некој ако имал слично искуство да ми пише.
     
  15. Autumn Love

    Autumn Love Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    2.693
    Допаѓања:
    6.664
    Не те сфатив точно, ама синко ко вадеше заби вртеше така со глава де на една де на друга страна нервозно и тегнеше уши.
     
  16. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.026
    Допаѓања:
    1.522
    Пол:
    Женски
    Па прво беше така со глава лево десно ама деновиве напред назад со цело торзо почна некако да мрда. Некогаш е нервозно и тегне уши а некогаш е како игриво
     
  17. Autumn Love

    Autumn Love Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    2.693
    Допаѓања:
    6.664
    Ти си го знаеш детето најубаво, ама јас бидејќи дома имам дете што и кога седи не седи него трча в место и скока, ми е скроз нормално ова што го пишуваш.
    Прочитај за скок во физички раст, може ќе најдеш некоја поврзаност.
    Секако ќе се консултираш и со невролог, ама мислам дека немаш простор за грижа.
     
    На dummy му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Dreamer.

    Dreamer. Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2017
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    122
    Добро првите две запчиња многу лесно ги извади, горниве две ми го сменија скроз детето. Цела вечер неутешно се буди со плачење, температура крева до 37.8-38 и спушта, шлапка со устата, нејќе да цица, нејќе да јаде.. Исто и се удира по глава со раката додека цица. Можно ли е толку нон стоп да му варира температурата од тоа? Да дадам далерон кога е премногу кенкав и плачлив? Едвај го смирив ноќеска
     
  19. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.026
    Допаѓања:
    1.522
    Пол:
    Женски
    Исто и кај нас долните две дупло полесно ги извади од горните, цел месец веќе се мачи со горните. Мојава не качи температура среќа ама знам дека може да се даде сируп над 38.5, под тоа не е баш препорачливо. Мачкај гелчиња ама не дека многу помагаат…
     
    На Dreamer. му/ѝ се допаѓа ова.
  20. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    5.841
    Допаѓања:
    35.962
    Пол:
    Женски
    Можно е да. Скоро исто ни се случи да качи до 38 температура, па сама спушти, ништо не дадов. И толку не се повтори веќе. Ама еве кај нас горните кецови сеуште не излеваат, многу го мачат.
    Види ако држи температурата повеќе од 2 дена, направи му крвна слика. Да не има па закачено некое вирувче, недај Боже.
     
    На Dreamer. му/ѝ се допаѓа ова.