Совет од педијатарот, нема врска колку е температурата и 38-38,5 да е ако си цица, не е плачливо, кенкаво не давај. Ако ти одбива да цица, плаче, кенка, нервозно е температурата и 37-37,5 да е може да се даде, плус болката ќе му ја смири ако е од забите.
Не знам дали има некој грип, вирус ама сите не покоси дома, па дојде ред и на бебето. 8 месеци е, на инхалации е плус прскаме спреј во носе. Хрчка со носе ама нема мрсули, џабе влечеме и ми кашла како со шлајм. Има ли некој искуство со настинкава? Колку време трае кашлицава? Има ли нешто ефективно што помага? До таму ми оди паметов ама не знам дали да го намачкам со лој од гуска дали ќе помогне, мислам дека има многу шлајм..
Прва температура, детево е 9м крена 38,6. Му дадов Ефералган и заспа со млекце ама ептен е топол… што да правам друго? Дали да дадам време пред да го туширам и колку?
Кога почнувате да влечете со аспиратор да чистите носе? Од сабајлево има течен секрет од носе ама не премногу, 3 пати од сабајле до сега ја забришав ама се мислам дали да почнам да и ги вадам со аспиратор. Вади заб(и) ваљда ради тоа и е ама сепак да не се собира нели
На 6 часа се дава ефераглан кај бебе, не смееш порано, однеси го секако на преглед. Иначе, можеш да го тушираш со млака вода, да му ставаш облоги под пазуви (на глава директно не), гледај да внесува течности, вода нуди повеќе и ако цица повеќе давај, исто така. Од прилика за 1 саат треба да ја намали тт, не може за 10 мин. да спушти секако. Прашај доктор кои електролити смееш да ги даваш. Со лесно.
Моето е 5 ипол месеци со иста температура. Синојка бевме Козле. Рекоа таков е вирусот. Големата ќерка беше иста. 3 дена и траеше. Други симптоми немаше. За бебето предложија само антипиретик и полесна храна(ако јаде). Почекај,треба време за да делува сирупот. Јас и ставам чепчиња зш сирупот го повраќа. Пробав и во млеко...
Трет ден сме ние, бевме денес кај матичната вика нема на плуќа ништо ама горе е тупан. Нос тече, кашла, нема апетит… вирус е, мора да го исчекаме. Му спаѓа него со парацетамол температурата. Со лесно да им поминува!
Има ли и друга очајна мајка како мене ? Бебе 2 месеци полно секрет. Пред 3 недели лежевме во болница од иста причина и таму ми кажаа редовно да вадам со аспиратор. Штом слушнам да шмрка да влечам. Еве денес многу шмрка, ставам физиолошки, чекам малце и влечам, излегува зеленкасто средно густо. Ќе полудам...јас сум болна, синузит имам, имав и висока температура завчера... многу ми е страв, многу е мало бебето. Не знам дали е во ред толку често со аспиратор да влечам ? Да не ги иритирам дишните патишта па уште полошо ?
Ние сме 8ипоч месеци и недела ипол сме со секрет, мислам веќе сме при крај да се оправиме конечно. Првите 5-6 дена повраќаше шлајм барем еднаш на ден. Докторката цело време ми вика не треба често да се влече јако од горе (од носе), ќе се иритира и уште повеќе ќе се создаде проблем. Колку што јас сфаќам, секретот би требало да искашла/поврати/исфрли преку измет, а не преку нос. Важно е да се влажни носето со спреј, мрсули вадам само ако се веќе во нос доле дојдени со пумпица. Исто така правиме инхалации два пати на ден, тоа мислам најмногу помага да се разводни и исфрли секретот. И многу многу течности затоа што секретот собира течност, а ако згусне се спушта на плуќа. Едит: Не знам за толку мало бебе дали се прават инхалации, отпосле прочитав дека има бебето два месеци, мислев два месеци сте со секрет
Мене ми беше беба болничка со мрсули кога беше колку твоето, но не со зелени мрсули.. Сепак ќе ти кажам што превземав, па ти одлучи си... Кромидче исецкано во соба, ќе ги разводени мрсулите, ќе дише полесно... На фонтанелата етерично од еукалиптус со прсте малце ќе намачкаш. Во навлажнувач ќе капнеш етерично од бор или еукалиптус... Друго ти останува да влечеш мрсули, да нана на поткренато и да му правиш дренажа на грбчето со шаката за да не му се залепат... (да ја свиткаш како воздух да држиш внатре и така да го чукнуваш)
Ми се плаче. Многу шмрка. Вадев со аспиратор, прскав солен раствор спрејче... уф страв ми е.. ми се виде топол мерев тт 37.1. Почнав да паничам и да плачам. Потоа се испоти... не сум мерела пак, ама челото ми стои добро. Многу е мал не знам што да преземам друго. Инхалација со синомарин му правев сабајлето и вечерта. Кога лежевме во болница му ставаа атровент и пулмикорт... ама сеа сама не би му давала такво нешто без лекар да каже. Ми се плаче... навистина.. еден месец точно има од кога не пуштија од болница ако може пак да завршиме таму...
Без паники мајка... Најпозитивно нешто што можам да ти кажам е дека ќе мине. Сите минеме низ истото. Грижата и здравјето за едно невино суштество се во нашите раце, само полека, следи го бебе. Според мене добро е што исфрла мрсули... Викендите се најтешки. Еве од утре можеш на контрола да го носиш. Појди до дм или аптека земи си етерични имај си ги и за понатака, најприродна превенција и лек е да е чист и богат воздухот. Па пиши како е бебле.
Не исфрла тој ништо... високо му се. Се слуша само како шмрка. Со аспиратор излегуваат. Му правам по две инхалации на ден со синомарин и доста често прскам хипертоничен солен раствор во носето. Мал е.. 2 месеца, не знам и јас во болница викаа мораш да му влечеш стално, други слушам викаат што поретко аспиратор, само ако се видливи мрсулите во носот.
Да ти дадам еден совет вака од фармацевтска гледна точка. Зошто е за мало бебе иначе немаше да ти пишам и да се мешам. земи изотоничен спреј за преку ден и тој можеш почесто да го прскаш и да чистиш и шмукаш. Хипертоничен користи два пати во ден, пример сабајле и вечер пред легнување, тој ја суши слузницата, го намалува отокот ама и мн е појак и може да направи обратен ефект од преголема сувост на слузницата па да лачи повеќе. Иналација прави до кај 6 попладне макс... не мн касно пред спиење, дека веднаш после неа не се одлепува све шлајмот и после сат почнува поинтензивно а тоа ако е пред спиење ќе се затне скроз само што ќе заспиеш.
На бебка и е зарипнат гласот два дена, нема температура нема ништо друго.. си јаде си цица си спие … нема секрет нема мрсули ништо. Се сомневам дека и е од викање на подлога поцел ден пее објаснува нешто, за една недела ќе биде 7месеци, уста не затвара сте имале ваква ситуација? Надвор не ја изнесувам повеќе од пола саат а деновиве не е ни загадено ни ладно што може да и ставам да и пушти гласот?
Влечи колку што ти рекле дека смееш. Носот да е прооден. Ако се зелени мрсули, инхалации на своја рака не. Е сега мало е бебето, не знам брисеви дали праеше јас би однела до лаб да му земат да не е бактериско во нос. Друго нема што да му правиш
Да, кај нас беше од многу плачење еден ден, да не речам вриштење, и му зарипна гласот. Одвај го смирив тогаш, а потоа наредните денови му се смеевме на пискавото зарипнато гласче. За неколку дена му помина.
Оф не знам веќе. Не течат мрсолите а шмрка.. ќе земам и друг спреј, и не знам веќе што. Не се скроз зелени, кога влечам се бели, со по некое зелено. Ме плаши да не спушти на гради некако хрчи денес... ми се плаче еј.. многу ми е страв. Првото не се разболе до годинка, никогаш не сме лежеле на болница ниту е спуштал на гради... не знам сега стварно...
Абе нормално е хрчењето на почеток ама носи го да го слушнат и влечи друго чаре нема. Тоа што ти кажаа погоре за исецкан кромид може да го отпуши