Црвени точки. Како алергија личи повеќе. Заспа сега, штом стане го носам на лекар. И така денес требаше контролна крвна слика да направиме. Се напнав и мајка ми и мм го чуваат деновиве и пошто машко бил да лизнел од што ќе побара. Ништо немало да му биде. Па ете прилика и ги подбрав убаво.
Розеола е најверојатно @Minnie-e, ако има само на торзото. Не мора да е многу висока температурата за да се осипе.
И јас мислам дека е розеола @Minnie-e . Мојата имаше летово, прво 3 дена темп и до 39.7 качуваше, а потоа уште 3-4 дена страшен осип по цело тело, дури и на лицето имаше. И јас се извадив од памет сипаници да не се, ама розеола беше. Таков е вирусот, температура со осип. Ќе помине за некој ден
Мајка и синко имаше околу нг така три дена тт 37.5-38.5 и кога спласна осип само по торзо. Не се паничи. Сликни и нека го видат, ама мислам дека не е ништо.
Здраво на сите, Ве молам ако знаете да ми кажете од што можат да бидат покачени истовремено леукоцитите и лимфоцитите кај 11 месечно бебе,
Здраво мајки. Бебе е 2 месеци и од петок почна да кашла го однесовме на педијатар, рече црвено грло и му препиша сируп цефаклор 3 пати на 8 часа. Бебе е исто весело си мрда се смее си гука и исто цица но ме загрижува што сега не менуваме често памперс бидејќи како да не мочка често, не ги полни како порано и изметот му е жолто мешано со зелено. Секое сабајле како да е закукано детето кога ќе стане од спиење. Страв ми е носето да не му се закука, еве од сабајле и му тече носето, докторката ми рече аква марис солени капки да му ставам но мислам дека и немаат баш некое дејство што знам. Што да правам да го носам ли некаде на преглед?
Според мене не. Не носи по доктори сега. Капки почесто. Каката зелена од антибиотикит. Нормално е. Не знам дали толку мало смее да пие линекс. Прашај доктор. Ако е весело и си јаде, само почесто на града и ќе се среди
@Watermelon96 ако е мало за линекс можеш био гаја да даваш и тој е пробиотик. И се дава од самото раѓање.
Детска клиника е у карантин и не примаат. Има 3 дежурни пунктови, ѓорче , јане и не знам која беше третата
@Cka @monik55 @bella12 ви благодарам. Инаку сега и се јавив на докторката ми рече зелено има бидејќи му се чисти организмот и ми рече да му давам чај или вода превриена. За пробиотик ништо не ми рече ми кажа дека не е страшно.
Девјки малиот ми е со јака кашлица и температура. во козле ми препишаа ингалации во кој треба да ставам и урбазон од кој некако малиов некако ми збеснува. Некој со искуство?
Не знам за урбазон, ама во вентолинот имаше таква контра-индикација, вознемиреност. Прашај доктор што ќе ти каже, дали да продолжиш или да ви даде замена.
Можеби само така ми се чини, но од утрово, немам мир... После капење, го масирав синко со бебешки лосион....му ги исправав ноџињата и некако ми се здочини дека едното ноџе како да му е пократко од другото. Ме фати паника и не можам да се смирам. Инаку синко е роден на 03.01.2019г., нема ни еден месец, три недели...многу е мал за било што, а и прв преглед на ортопед ни е закажан на два месеци. До сега само на педијатар сме го носеле и никогаш не ми спомнале дека нешто не е во ред со ноџињата. Но, јас многу се плашам да не нешто не е во ред...