Да по препорака од доктор, и беше низок. Ама сеа е океј а јас продолжувам да давам...дали може и на другата да и давам? дека се прематурчиња па... белким не штети ако се дава и понатака...
Со првото дете од 3 м на 100 хемоглобин давам малтофер и вит ц. Не велам дека не се поправи, ама кај дете на строго доење на таа возраст нормално е. Дури и ми викаа да не вакцинирам на таа крвна слика. Слушав , немав искуство. Сега со второво дете ми рекоа да не правам крвна слика пред вакцина. Јас направив. Хемоглобин 102. Вакцинирав. Препорака пак да давам малтофер. Моја одлука е да не давам. Ова дете не го трујам со суплементи и хемии од 3 месеци. Знам дека кога ќе почнеме со оброци ќе се качи хемоглобинот. Не и давам ништо. Ни пробиотик ништо. Така одлучив јас. Секоја мајка одлучува. А не е ништо штетно само водете се од своите размислувања.
јас да ти кажам од мое искуство па може и немајка ќе испаднам а може и педијатарот ќе испадне дека бил неписмен. Јас на првото прв пат крвна слика на 3 години му проверив. Беше на ад млеко и као демек ете во составот млекото се има. Ни па педијатарот некогаш рекол да му проверам кс па за проверка на кс пред вакцина дознав овде,од форумов, пред 2 год ко се зачленив. Дали јас сум неука неедуцирана и па пединатарот не ми чини... А за железо давав и јас сируп ама некаде на 3ипол години. Кога веќе втор пат проверувавме кс. Е тогаш педијатарот рече дека сируп за деца за поправање на кс односно железо и хемоглобин мора 1 месец,следниот направивме пауза со давање вит ц и секако исхрана богата со железо и третиот месец уште еднаш сируп. Кс после му беше стакло. Од тогаш еднаш годишно сам ми препорачува контрола за кс по потреба и 2 пати годишно.
Црвено грло, сува кашлица и секрет во нос, прозирен течен. На лекар ни дадоа антибиотик и инхалации. 9 месеци сме, се мачи малиот со спиење и дишење, затнато носе и несака да јаде дали е подобро да го залажувам упорно за цврста храна или да оставам тоа на страна и да му давам почесто да цица додека се средиме? Плус, примаме малтофер за железо, сега ни дадоа цефалексин, заборавив да прашам дали да продолжам и со двете? И кога да давам пробиотик бидејќи антибиотик прима 3 пати на ден, а пробиотикот е еднаш?
Ако не сака да јаде не форсирај деновиве. Нека цица и што повеќе течности да се разводнува шлајмот. Малтофер можеш да даваш. Пробиотик 3часа пред или после атб. Можеш и два пати на ден додека сте со атб. Иако и еднаш е доволно.
Фала ти ептен за брзиот одговор. Уште нешто, чајчиња и вода е подобро да му ги давам сега поладни или потопли? Или нормална собна темп?
Zdravo bebe ima skoro 5 meseci koga mokri mi placese mu ja proveriv mokracata na rezultatot ispadna deka ima eserihija coli dali e mozno kaj tolkavo bebe i sto da naprava ako e taka jas ke go povtoram oste ednas testot za da bidam sigurna fala
Дали прво направивте уринарен статус или веднаш однесовте на микробиологија? Како му зема урина да детето? Колку на број ви излезе бактеријата? Дали детето имаше температура и дали проверивте крвна слика? Одговорите на овие прашања се многу битни за да се докаже дека навистина е уринарна инфекција. Пред се, урината треба да е заматена, да не се гледа низ неа, понекогаш е со тежок мирис, но не мора да значи, на лабораториска анализа дава присуство на леукоцити. Обично детето крева температура без никакви други симптоми, а на крвната слика леукоцитите и ЦРПто се покачени. Од особено значење е правилното земање на примерок за микробиологија, во педијатриска ќесичка, што е можно постерилно и што побрзо да се однесе во лабораторија. Резултати до 100 000 без никакви други симптоми е знак за контаминиран примерок, над 100 000 е инфекција. Ако е инфекција од особено значење е што побрзо да се почне со антибиотик оти бактеријата може да направи штета на бубрезите. Исто така мора да се направи ехо на уринарниот тракт за да се види дали има малформации на истиот.
Прашање за некој стручен. Примаме антибиотик поради кашлица, бебе е болно. Ни дадоа цефалексин на 8 часа. Значи 3 пати дневно. И еднаш му се паѓа навечер да пие и го будам ноќеска, да му бутам сируп и тоа е плачки, викање, теглење у ниедно време. Па потоа едвај заспива пак. Го пиеме веќе 4ти ден, бебе е добро сега. Кашлица нема, а на контрола сме во среда. Дали можам сега овие два ден да му давам само двапати дневно, да не го будам ноќека? Да не го прекинувам антибиотикот додека не идеме на преглед...ама да давам на 12 часа
Не прекинувај терапија. Не сум стручна ама поубаво давај како е препишана за да не се врати кашлицата.
А зошто го будиш, јас кога давав успана топ беше цело си го пиеше и не се бунеше, полека со шприц и во раце кај мене во лулка поза. А колку и да е стручен некој не верувам дека ќе ти каже сепак слушни се со педијатар.
Па страв ми е заспан да му ставам во уста да не ми се задави...и го распнувам скроз да е свесен. Ќе пробам тогаш така полека со шприц вечерва Фала за советите
нервозно од будење плус испаѓа ко даваање со сила и понервозен не може ни да биде. Ќе даваш со шприц по малку од страна. Иде како по 2-3 капки да даваш ама тоа е.