1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Итно! Прашања за здравјето на бебињата

Дискусија во 'Бебе' започната од RainBow, 29 декември 2018.

  1. fragaria

    fragaria Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2016
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    981
    Пол:
    Женски
    Девојки ве молам дали некоја знае
    Дежурен педијатар има во Јане Сандански во недела денски?
    Бебушот нема температура се уште, мислам дека можеби полека качува ама и почна многу да кашла од вчера и се мислам уште денес да го однесам да го наслуша доктор
    Барем нешто сируп или слично да ни даде
     
  2. Hijabigurll

    Hijabigurll Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2018
    Пораки:
    1.090
    Допаѓања:
    1.473
    Пол:
    Женски
    Недела нема само саботите. Денес само детска клиника или Козле,со лесно нека минува мајка.
     
    На fragaria му/ѝ се допаѓа ова.
  3. fragaria

    fragaria Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2016
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    981
    Пол:
    Женски
    Оххх ;(
    Сега не знам што да правам дали да чекам до утре кај матичниот педијатар
    не знам дали да го носам Козле да не фати уште нешто...

    Фала ти многу за одговорот барем да не одам за џабе ваму оти на нет пишува има :?:

    Едит
    А дали има по аптеките тоа лој од гуска читам тука користите некој ви помогнал
     
  4. Hijabigurll

    Hijabigurll Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2018
    Пораки:
    1.090
    Допаѓања:
    1.473
    Пол:
    Женски
    Колкаво е бебенцето? Кај бебиња е препорачливо да се носи поскоро на преглед кога кашла бидејќи многу брзо спуштаат на плуќа.
     
    На fragaria му/ѝ се допаѓа ова.
  5. fragaria

    fragaria Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2016
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    981
    Пол:
    Женски
    5.5 месеци
    :worried:

    Едит
    Инаку поткашлуваше како од плунка и во средата го однесов на педијатар го наслуша ок беше ми кажа дека е супер и онака реков еден преглед како напредува со тежина да видам
    Но во ходникот имаше еден куп деца што кашлаат и сега така почна да кашла, не како од плунка
    Сериозно мислам дека префати таму нешто

    Сега кашла на секој 10 Тина мин со благо хрчење
    Може сепак да го носам Козле најпаметно ;(
     
    Последна измена: 15 февруари 2026
    На Simon4e0507 и Mother of 2boys им се допаѓа ова.
  6. SanelaS

    SanelaS Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2016
    Пораки:
    2.664
    Допаѓања:
    7.793
    Носи го нека го прегледа,подобро на време да се спречи и лечи.
     
    На fragaria му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Hijabigurll

    Hijabigurll Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2018
    Пораки:
    1.090
    Допаѓања:
    1.473
    Пол:
    Женски
    Сепак однеси го,нека биде само се во ред и со лесно нека минува мајка.
     
    На fragaria му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.719
    Допаѓања:
    19.778
    Лоеви од гуска, масти било што не се користи на своја рака кај бебиња. Посебно не ако има бронхитис, температура и сл. Сируп исто не верувам дека некој ќе ти даде на 5.5. Мес . Мораш на лекар. Види идадија дали има дежурен
     
    На fragaria му/ѝ се допаѓа ова.
  9. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    1.884
    Пол:
    Женски
    како е бебуш? На толку мало не даваат сируп, мојава на 9м само инхалации ни рекоа да правиме со 2 различни лекови. Дури и чаеви за искашлување ми рекоа полошо ќе направат само ќе и се собира шлајмот горе нагло ќе ја дави. Ако не сте го однеле денес на доктор обавезно носете го утре, таква лоша кашлица периодов има од рсв вирусот и мора инхалации за да не спушти на плуќа
     
    На fragaria и Simon4e0507 им се допаѓа ова.
  10. Simon4e0507

    Simon4e0507 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2023
    Пораки:
    368
    Допаѓања:
    630
    Пол:
    Женски
    Се надевам дека ве прегледале до сега.Пиши кога ќе си во можност како сте со лесно да поминува мила
     
    На fragaria му/ѝ се допаѓа ова.
  11. fragaria

    fragaria Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2016
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    981
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам на сите :l:
    Не бев Козле оти мислам дека не беше критично а познати што лежеа сега брзо, ми кажаа дека има многу болни дечиња па ми беше страв да не се до разболи
    Бевме денес, да на матичен педијатар и крвна слика пред тоа направив, ок кажа Др беше црп мирно
    Го наслуша на гради ок сѐ во ред кажа
    Грлото малку било црвено
    Препорака е да се следи и според тоа парацетамол и ни даде антибиотик по потреба да се даде не веднаш
    Вчера вечер качи температура од 38.1 но му ја спуштив со облоги и не дадов парацетамол
    И денес цел ден е 37.0-37.8 варира
    Исто се уште не сум дала парацетамол
    Е сега само ме плаши кашлицата а сируп на смеело на 5.5 м
    така да купив инхалатор денес па утре од сабајле тоа освен до после ако се разбуди и кашла многу може и вечерва
    Макар што ок дише засега во спиење
    Е девојки тоа е мојот update засега
    Верувам дека ќе помине може е вирус ама па крвна слика ок така да може од загадениот воздух оти почнав да го шетам околу населба (кис вода цеметара на 5 мин) подолго деновиве претходно
    не знам што да мислам
    Надеж да поминува само
    Многу било тешко да го гледаш олку мало бебе како се мачи :sweat: па и не зборува да каже што го боли
    А за лој од гуска не пишав
    Сосема малку ставив не знам дали ќе помогне
    Др кажа дека не е проблем на кожа ама да не се претерува
     
    На Cherry333 и Simon4e0507 им се допаѓа ова.
  12. fragaria

    fragaria Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2016
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    981
    Пол:
    Женски
    Може на некој ќе му послужи информација
    Дежурен педијатар 24/7 има Козле државна секако
    И Битпазар
    Другите немаат
     
    На dummy, Simon4e0507 и Tulip023 им се допаѓа ова.
  13. fragaria

    fragaria Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2016
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    981
    Пол:
    Женски
    Пробав едит за да не пишувам нова порака тука но еве последно сега мерев температура 36.5 , само се препоти и симна
    Се уште не сум дала парацетамол и антибиотици
    И искрено тешко ми е вака кога ќе ме испрати Др со антибиотици а да следам
    Што ако се симне на градите до утре задутре
    Ама ајде верувам дека ќе му помогнам со ова инхалатор от што го купив набрзина
    Исто ме плаши тоа што не знам колку цица дали е доволно на олку потење
    Одбива да пие ад
    Мах ако испие 50 мл другото се фрла
    Сабајле не сакаше воопшто
    Само на цицка да дреми сака валда му е подобро така
    Чајче и вода по 20 мл ако испи денес
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.723
    Допаѓања:
    3.658
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно им е подобро кога цицаат како утеха им е..
    Еве и мојава е со затнато носе цица 3 мин зема воздух па пак цица...
    Не е гладно утеха сака :l:
     
    На Anastasia579, dummy, Mother of 2boys и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.645
    Допаѓања:
    14.621
    Пол:
    Женски
    Си купила инхалатор викаш, а со што ќе го инхалираш? На своја рака? Ниту кортико, а уште помалку па вентолин и сличните не се за сама да ги дозираш. Ако инхалираш со хипертоничен може поголема беља да му направиш на детето.
    Штом само од себе спуштило тт, многу е мала веројатноста да качи пак. На мирна крвна слика НЕ СЕ ДАВА антибиотик. Инаку и вирус дава мирна слика, не знам зошто тоа не ви го објаснуваат матичниве.
    Од загаден воздух може да има налети на кашлица да, може очи да се црвени и да солзат, ама така висока температура нема теоретски шанси.

    Не е ова конкретно за тебе, ама револтирана сум од тоа давање антибиотици за секој случај. Прво и најбитно, како човек што нема допирна точка со медицина ќе одлучи кога да даде? Па уште и за свое дете кога се работи, за се нешто се преиспитуваме. Второ, тој како доктор треба да процени дали да даде. Ако симптоматологијата му е нејасна, треба да го повика детето на контрола.
    И читам наназад тоа вентолинот на се можно се дава. Во последно време и без наод, како превенција. Па дали остана некој нормален тука? Ама лекче. Еве ти лекче. Налет.
     
    На Anastasia579, 1209, Tulip023 и 3 други им се допаѓа ова.
  16. fragaria

    fragaria Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2016
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    981
    Пол:
    Женски
    Не сум дала антибиотици јас
    Не ни сакам ако мора ок иначе не
    Ако не се симнува температура подолго да дадам
    А иначе со физиолошки раствор
    Но се уште не сум направила и тоа оти сакам убаво да прочитам
    А кажа Др дека може инхалатор
    Не сум земала додатоци за инхалација други

    Инаку да во право си за пишаното
     
  17. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.645
    Допаѓања:
    14.621
    Пол:
    Женски
    Ок е се тоа, не ми е јасно само како ти дал антибиотик ти да процениш дали ќе дадеш? Некои вируси и по цела недела даваат висока температура. Мојава кога имаше херпангина 8 дена имаше температура, ама тоа не е причина за антибиотик. Или за вирусен бронхит кога ќе начукаат антибиотик. Зема ли спутум или што и да е за да провериш секундарна бактериска инфекција па да лупаш лекови, или на тепка? Ама нее, ќе го исуши секретот.
    И ти рекол инхалатор. И тоа е ок, ама што со него? Со што да инхалираш? Обичен физиолошки, или хипертоничен? Не ти објаснил кое за што се препорачува.
    Не е ова напад кон тебе во никој случај, туку револт што со најпрости работи експериментираат со најкревките. Доктори бе.
     
    На Eho, 1209, dummy и 6 други им се допаѓа ова.
  18. fragaria

    fragaria Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2016
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    981
    Пол:
    Женски
    Да така е
    Затоа сите сме избезумено читаме на нет а нели треба сепак доктор да слушаш
    Епа не знам ете за температура и јас тоа препрашав два пати како да проценам кога антибиотици оти не е шала
    Сабајле кога земав крв им реков на приватно да му земат и од носето брис и грло на своја рака за бактерија да не има закачено
    Ама исто мислам дека е вирус и кога би било за мене немаше ни да одам на доктор ќе пробував само да помине ама за бебе ми е страв не знам прво ми е, не кажува што го боли и плус мало е можно е да ескалира како ќе знам Кога антибиотик стварно не ми беше јасно
    Ама ок еве сега пак мерев температура 36.3
    Дури некако многу е ниска
    Изгледа вирус прво качува па спушта многу

    А во бременоста баш осетив на своја кожа дека за жал во државава мора сѐ да си преиспиташ да појдеш на три мислења па да решиш што со себе за жал
    Оти ако слушав така еден немаше сигурно да остане бременоста до крај

    А за инхалација фала ме замисли
    Ќе прашам ќе читам вечер не знам што треба
     
  19. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    3.371
    Допаѓања:
    8.451
    Пол:
    Женски
    2 педијатри имам сменето на првото дете поради тоа пишување антибиотици без врска на мирна кс без да сакаат да го прегледаат пак. Значи не можам јас на база на температура сама да одлучан дали да дадам антибиотик. А ако спушти не дај Боже? Со лесно да ви помине, мислам дека така и ќе биде. Нека цица бебето цело време и тоа е :hug:
     
    На fragaria му/ѝ се допаѓа ова.
  20. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.645
    Допаѓања:
    14.621
    Пол:
    Женски
    Видете, ако тргнало да спушта, ќе спушти, а ние тоа не можеме никако да го смениме. Може само да се преземат мерки да не биде полошо, да може полесно да го искашла секретот. А не уште пред да спушти дај му вентолин. На страна тахикардиите, вентолинот многу ги укрутува бронхиолите и секое следно спуштање потешко се поминува. Атровентот пак знае да го затести секретот буквално. Затоа крајно внимателно треба да се даваат. А за урбазон не правам муабет па. Моево дете беше на пумпица 3 години и секој проклет ден на секое прскање се проколнував зошто давам. Ама одбрав помало зло според дадената ситуација. И урбазон има примано, ама тоа беше кога почна буквално да се бори за воздух. И се тоа е оправдано, ама и тој урбазон се злоупотребува кај нас.
    И адреналин еднаш во болница ја инхалираа затоа што во рок од 10 мин направи страшен ларингит и почна да се гуши.
    Тие лекови постојат за да помагаат на крајот, само кај нас се даваат како превентива.
    Исто и антибиотиците. Еден прекрасен антибиотик како Оспен се помалку делува, затоа што веќе се стана резистентно. Си прават некои заебанции со некое субдозирање како доза на одржување, ама да не навлагам понатаму во тоа. И тек допрва не очекуваат супер бактерии, заради ваквото еве ти антибиотик за секој случај.
    @fragaria баш имаш уште еден показател дека најверојатно е вирус. Многу често после висока вирусна тт, следи нагло опаѓање дури и под 36. И се тоа е нормален механизам.
     
    На 1209, Tulip023 и fragaria им се допаѓа ова.