Итно! Прашања за здравјето на бебињата

Дискусија во 'Бебе' започната од RainBow, 29 декември 2018.

  1. fragaria

    fragaria Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2016
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    981
    Пол:
    Женски
    Благодарам што сподели по опширно вака плус за жал ете од искуство
    Ме замисли скрос сега се мислам дали и како да се направи инхалација што велиш да не се влоши со секретот вака на неиспитана ситуација
    Ја знам по себе на вируси сум се мачела и сум оставала само да пројде арно ама за бебе вака ко новопечена мама не знам и не знам колку смее и може да се остави бебе без парацетамол антибиотици и сл. а секогаш сум за сам да се бори организмот ама не знам за 5 месечно бебе
    Плус ништо не смее за грло ни сируп ни ништо плус не е јасно што е
    Ама ајде верувам да пројде
    Друго нешто што исто го спомнав на Др и можно е да придонесе, се појави мувла од што прозорците не се ок сработени и ја чистам со средства и пак има по некоја точка што се појавува а тоа е многу лошо во соба кај што спие бебето да се појави
    Да не ја оптоварувам темава
    Ви благодарам за одговорите на сите :l:
    Прво ќе прашам утре уште еднаш за ова со инхалаторот
     
  2. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    1.884
    Пол:
    Женски
    Убаво ти пиша thinkerbell само да се надоврзам дека има и тест за респираторниве вируси со брис од нос. Во систина го имаат не знам за друго место. Јас ќерка ми дека за празник на споен викенд ја носев директ во Систина така преку тест потврдија дека фатила рсв вирус. Нас ти пишав и претходно дека ни дадоа инхалации со 2 лека (вентолин и пулмикорд) ама она беше со почетен наод на плуќа. Антибиотик на вирус не се дава, не разбирам како се уште некои матични даваат.
     
    На fragaria му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.719
    Допаѓања:
    19.778
    Многу ти е мало за сама да правиш било што поготово инхалација не е наивна, мој совет ти е да смениш др тек ќе се разболува во градинка кога ќе почне
     
    На fragaria му/ѝ се допаѓа ова.
  4. fragaria

    fragaria Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2016
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    981
    Пол:
    Женски
    Ехх да знаев дека има тест таму одма за вирус ќе појдев јбг приватно
    А тоа многу ме нервира
    Имаме право на матичен гинеколог/ педијатар или било што во државава а за што?!? За да одиме пак на 100 мислења по други доктори приватно
    Не е фер некако
    Разбирам дека се во гужва ама не може препиши терапија за секој случај и префрлија одговорноста на родителот и ако нешто утре ќе биде јас ти дадов терапија ти не му ја даде на бебето
    А јас како да проценам сега дали да го дадам или не антибиотикот, еве нема температура ама кашла како да сака нешто да исфрли, ете не е спуштено се уште да се надеваме како ќе знам без да се наслуша пак или тест за бактерија ако се појавила секундарна ете после вирус, без да се направи проверка како се проценува дека даваш антибиотици само од температурата еве не знам
    Да треба да знам ќе студирав за доктор односно педијатар
    И тоа
    Не треба да се лечиме на Google и chat gpt, нити па со право за фонд да одиме приватно
    Ама како да не се загрижи човек и да си бара чаре вака на нет и од искуство на други кога препишуваат работи на памет ко во фабрика не со индивидуален пристап

    Едит на претходните муабети
    Мм беше во аптека купи тоа што беше во извештајот и за инхалација имало пишано кортико а тоа ако не се влоши состојбата не би требало да го дадам
    Читам мал милион контра индикации

    Налет :@

    Бебушот нема температура еве засега
    Качува до 37.2 спушта и така засега не давам се уште ништо
    Пробав само со обичен физиолошки раствор инхалација но многу тешко не седи мирно вришти
    Прскам во носе Бекутан морски раствор изотоничен и го држам на цицка
    Вода оцет на нозе првиот ден
    Кромид исецкан до него да диши
    Сосема малку лој од гуска на градите

    На крајот се лечиме ко во некое село од 19 век

    Сакам да кажам ако докторот ми каже еве ова мора ќе дадам што ќе правам
    Ама еве ова земи па ти реши :drunk:
    На олку читање не може слепо да давам само така лекови, а не ни треба
    А после се лутат докторите сме се правеле поголеми доктори од нив |(

    епа што да правам ајде
    Страв ми е за толку мало бебе што да се прави

    Дефинитивно треба да побарам сега друг доктор, а по ова што слушам од околината и тука и сегде што читам горе долу матичните се сите исти (facepalm)
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    4.523
    Допаѓања:
    18.196
    Пол:
    Женски
    Ние бевме болни 3 дена со температура која одеше најмногу до 38,8. До 38 не давав парацетамол, првиот ден беше веселка играше, јадеше, но вториот ден веќе се истошти од температурата, млекото не го допиваше(тоа во нормални услови никогаш не се случило) тогаш почнав да давам парацетамол. Носето и беше затнато, не можеше да диши, инхалиравме со физиолошки, прскав и спрејче морска вода, немаше спуштено на гради. Направивме лаб ЦРП лесно покачен, се укажуваше на вирусна инфекција, по препорака на педијатар правевме инхалации и само парацетамол за температурата, не даде антибиотик, но ни рече не се исклучени компликации, ќе ја следиш, ако не е подобро ќе ја донесеш пак. Сигурно едена недела требаше да си дојде на себе, еве втора недела сеуште крчи носето и отпосле почна да кашла. Мали се за антибиотик, педијатарот треба да одлучи дали тоа бебе може да се избори со инфекцијата или не, не треба да се брза со антибиотик, но ако детето не е подобро и за да се спречи компликација тогаш пожелно е да се вклучи.
     
    На Anastasia579, fragaria, Cherry333 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.645
    Допаѓања:
    14.621
    Пол:
    Женски
    @fragaria кортико ако ти дозирал доктор може да правиш ако многу кашла. Тоа е моментална состојба и нема да има никакви штетни последици. Мене ми беше тригер муабетот еве антибиотик, еве инхалатор и ти одлучи што ќе правиш. Не може така, не е фер ни кон родителот, ниту кон бебето.
    Направете нова крвна слика, можеби првата рано сте ја направиле. Следете го, однеси нека го слушнат пак. Ама ако мериш со дигитален 37.2 не е тт. Со живин сигурно е помалку.
     
    На Mother of 2boys и fragaria им се допаѓа ова.
  7. fragaria

    fragaria Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2016
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    981
    Пол:
    Женски
    Со дигитален не ми е сигурно оти секогаш покажува помалку
    Под мишка 10 мин
    Нема го следам
    Еве цел ден 36.2 сабајле сега 37.2
    Со дигитален 36.8 ми покажа цело време дури и кога имаше 38.1

    Па да не е некако ок во бунило ме стави
    Сега следам температура ок и ок е, ама не дај боже да спушта да искомплицира ми дале терапија испаѓа не сум ја дала а од друга страна
    Не ми се дава така лесно антибиотици па и парацетамол кога нема температура
    И си го мачам бебето, со цел да се избори организмот сам... Само да и тоа сигурно има граници

    Инаку да така и мислев да одам пак да го наслуша па да реши дали да дадам антибиотици
    Пробав инхалација само со физиолошки за почеток многу плачеше не знам колку беше успешно
    Кашла како да има заглавено шлајм во грло и тоа неколку пати во саат не е пречесто и дише преку нос се уште ама изгледа му се слева секрет
    Ама страшно ми личи оти е многу мало и сѐ што би направиле за вирус и кашлица кај дете или возрасен не може кај бебе и ми е тешко што го гледам вака а немам ништо што би направила
     
  8. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    1.884
    Пол:
    Женски
    Оди нека го чујат пак најпаметно, за да видат како е ситуација на плуќа. Температурата не е репер за тоа, мојава иако многу кашлаше буквално повраќаше шлаем не качи воопшто температура
     
    На fragaria му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    4.523
    Допаѓања:
    18.196
    Пол:
    Женски
    Посилни се отколку што мислиме, здраво, право, напредно бебе ќе се избори со инфекцијата, жално е да го гледаш како се мачи, но за жал нема друг начин да стекнат имунитет.
    Нема што да се мислиш, докторот и сам требало да ви закаже контрола за 2-3 дена, тоа е мало бебе. Одете нека му направат контролен преглед, така е правилно.
     
    На fragaria му/ѝ се допаѓа ова.
  10. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    5.204
    Допаѓања:
    26.744
    Пол:
    Женски
    Бебка е 9.5м, во 17ч качи температура 38. И падна до 37.4 и еве сега пак качува во сонот, брзо и плитко дише, рачињата и се мраз, мерам со дигитален 37.8.

    Имам дома Далерон и Блокмакс сирупи.

    За големиот давам Далерон на 4ч, Блокмакс на 6ч, наизменично ако качува цело време. Исто и за неа може така или?

    Далеронот е пола од тежината, а Блокмакс во упатството пишува 3-4 пати по 2.5мл во 24 часа.
     
  11. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    5.959
    Допаѓања:
    36.246
    Пол:
    Женски
    Ај види уште еднаш ама Блокмакс мислам дека беше само 2 пати по 2.5мл во 24ч за бебиња помали од 12м. Барем вака се сеќавам дека сум давала. Инаку да наизменично даваш.
    Побрзо да оздравете. :f:
     
    На happygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  12. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    5.204
    Допаѓања:
    26.744
    Пол:
    Женски
    2 пати по 2.5мл во 24 е за бебиња над 3м, и тешки над 5кг.

    За бебиња над 6м пишува 3-4пати по 2.5мл во 24ч.
     
    На QweenSM му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Cvetce_

    Cvetce_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2024
    Пораки:
    1.225
    Допаѓања:
    1.865
    Пол:
    Женски
    Изг бебе има ларингит, го однесов на дежурен и гради чисти носе чисто ама грло ужас, докторката направи имхалации со дексаметазон и после инекција му стави
    Помагајте совети полудев готово, мн се плашам
     
  14. blodixx

    blodixx Активен член

    Се зачлени на:
    28 април 2025
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    43
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки,

    неделава полниме два месеци, на комбинирана исхрана сме но повеќе дојам.

    прв пат ми се случува малиот два дена да не кака, а последниот ден какаше дури 3-4 пати и се нормално си беше..

    Зошто се случува тоа?
    Нормално е?
    Не знам што да правам..
     
  15. Mother of 2boys

    Mother of 2boys Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    981
    Допаѓања:
    1.401
    Пол:
    Женски
    Нормално е, не се плаши.
    И пробај да намалиш АД, нека биде повеќе на мајчино млеко.
    Знам дека е мачно постојано на града, ама за некој месец ќе почне со оброци и ќе намалите подои.
    Децата кои се на мајчино не какаат и до десет дена и нормално е, тогаш ставаат повеќе кг, а тие што се на АД до 5 дена не какаат. Така да немаш простор за грижа.
     
  16. Ena0310

    Ena0310 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2020
    Пораки:
    646
    Допаѓања:
    777
    Пол:
    Женски
    Мајки бебе 6м полно со шлајм и црвено грло. Почнавме цефалексин црп15. Ама така ми кажаа почнав да давам избезумена сум. Синоќа на дежурно го носев. Ми рекоа иста терапија спуштил и на плуќа. Качува темп до 39.2 . Вчера пиеше многу слабо млеко ама колку толку ќе се напиеше. Денеска одбива скрос. Му ставив ибупрофен чепче последно. Сигурно го боли грло па не сака да пие млеко ама мора , страв ми е да не дехидрира. Пробав вода,чај исто не сака. Еве сега со шприц пробувам по малку да јаде ама плаче вришти.успесв да дадам со сила 20/30 мл. Што да правам, дали пак да го носам на клиника.
    Друго матичната ми рече да дозирам цефалексин 3 мл на 12 састи. На клиника ми рекоа на 8 саати по 1.5 мл. Не сум паметна кого да слушам ?
    Инхалации правиме со синомсрин и будесонид. Ама на клиника ми рекоа да правам со Ipratrooium bromide 250 mcg/2ml - 3x0.3 ml. Искуство некој да сподели или совет ?
     
  17. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.719
    Допаѓања:
    19.778
    Ништо не можеш се си пробала, носи го во козле .
    Како е сега?
     
    На Ena0310 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Ena0310

    Ena0310 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2020
    Пораки:
    646
    Допаѓања:
    777
    Пол:
    Женски
    Па пиеше колку толку млеко, во 16h после даден ефаралган зошто имаше темп до 39.3 испи 120 мл. Се освежи беше весел. После 2 пати по 30мл испи со шприц ама еве сега исповрати све и одвај го заспав. Не сакаше пак млеко. Сега треба да дадам антибиотик во 21:30 ќе пробам да подметнам у сон прво млекце па ќе видиме како ќе ја поминеме ноќта.
    Утре сабајле носам на матичен.
     
    На Milkiway му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Ladyme

    Ladyme Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    2.786
    Допаѓања:
    5.803
    Пол:
    Женски
    3 ml е ударна доза за побрзо дејство на лекот и се дава на 12 ч првите два дена после на 8 ч по 1.5мл. Сега како ќе решиш така . Иначе пробај електролити направи и по малку нека пивнува од шишето ( малку се посолени може ќе ги сака), нуди во текот на денот.
     
    На Ena0310 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Ena0310

    Ena0310 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2020
    Пораки:
    646
    Допаѓања:
    777
    Пол:
    Женски
    Пробав,вода,чај ,електролити, од шише не сака. Од лажичка и шприц плука, само млекото не го плука од шприц зошто е по густо пиеме ар формула. Вода уште незнае да пие.
    Еве сега успешно испи 90 мл и дадов антибиотик. Стискате палци да имаме мирна ноќ да не го мкнам пак по дежурни па утре кај матичен. Ајде се надевам ќе почне да делува антибиотикот од утре да е подобар па ќе давам на 8 саати.
     
    Последна измена: 22 февруари 2026
    На Ladyme му/ѝ се допаѓа ова.