Мн е малечко, а со спуштено на плуќа... јас би однела уште сега до Козле, да си проверат пак црп и да го слушнат. Секрет вадите ли? Тапкање нешто ви кажаа, кашла?
Не се плаши, ларингитот првично е страшен ама поминува брзо, штом му направиле што треба веќе ќе е добро за 2-3 дена. Моето првиот пат беше со инхалација и не оставија во болница, втор пат веќе не го ни носев, направив инхалација со физолошки и ми рече матичната со кортико ама не направив, го прегледа и беше добар не сакав со кортико пак и бев во право за два дена престана да кашла и да грздавее.
Да, веќе е подобар, три пати го инхалираа со дексазон, и еднаш го боцнаа со урбазон. Свеста ми се зеде гласот како му се фати, како здив да нема, прво го наслушаа и немаше ништо, ни секрет ништо чист солза, и кога го инхалираа почна да кашла и тогаш го примети дури докторката, среќа што го однесов на време па закрепнавме побрзо ама сеуште грчи по малце. Чудна работа грчи како секрет да има а нема ништо, јас евеме настинав, дома сите бевме заразно одделение, само со лесно да е кај сите.
Така е, обично првиот пат фаќа наеднаш и обично во сред ноќ. Моето имаше стридор првиот пат и во сред ноќ по пижама на итна отидовме, од ум ме извади тогаш. Иста терапија примаше. Ете сега пред некој ден го осетив пак дека зарипна во гласот и кашлаше ама буквално помина како од шала. Следен пат ако фати прва помош е ладни пијалоци, сладолед и ладен воздух додека да се смири. Топли никако, дома да е влажен воздухот и да не е многу топло. Грчи оти гласните жици му се фатени.
Бевме сабајле Козле. Црп исто е , леукоцитите се смириле малку. Да продолжам со истата терапија и инхалации. Малку се смирив само се нервирам што одбива млеко да пие. Синоќа само 2 шишиња 90 мл. Денеска еднаш 60 и еднаш 90 испи.
Зелена столица? Има ли простор за грижа? Ја прашав матичната ми рече да ставам топло на стомаче и топли чорапи…
Ако е на доење нормална столица е светло зелена, мојот имаше неколку пати и добивав бабински коментари дека е настинат или гладен . Дури двајца доктори ми потврдија дека е нормална столица или мешана жолто со зелено исто е ок.
само на доење е, да имаше и примеси жолти. И одма од околу добивав настинат дека е. Гладен не е сигурно ама дека се нешавне со луѓе деновиве па се уплашив и јаснповерував во бабските муабети
Зелена столица има и ако има блиски подои, старото млеко да не е скроз сварено и во желудник да се измеша со ново млеко, тогаш се јавува зелена. Од истата причина може и да му се јават гасови и грчеви. Подои на 3 часа, не на пократко = спокојно бебе. Така ми викаше педијатарот и кај мене стварно беше така. Кога му давам на саат време, кога е иритиран од непцата демек да му помогнам и стомакот му го расипувам и зелено кака.
Ама за некои бебиња 3 часа се премногу Доењето е по побарувачка а не по саати Бебето си знае колку си сака, и зошто си сака
И мене педијатар ми викаше дека мора на три саати, јас и објаснувам дека моето не може да издржи толку долго без млеко, дека си бара и плачи без да можеш да го смириш на два некогаш и почесто и нејзиниот одговор беше тогаш измеѓу да го залажувам со бекутан чај. Не ја послушав и си го сменив педијатарот. Не се роботи па точно на саат да гледаме кога да му даваме, посебно кога ќе ги фати периодот на cluster feeding или во скокови кога ќе е си бара повеќе млекце и тоа е во ред. Моето исто има зелено - жолта столица од капките за железо.
Дали можеш да ми кажеш кога и како откривте недостаток на железо, односно дали имавте симптоми, или случајно?
Никакви симптоми немаше, му правевме крвна слика кога имаше 2 месеци пред вакцина и тогаш излезе дека му е ниско железото. И сега му давам pico fer по 10 капки. Сега наполни 6 месеци и пак треба да му правам крвна слика да видиме дали му е подобрено.
Колку беше хемоглобин/ серумско? Зошто и моево имаше низок хемоглобин на таа крвна слика, не под граница, 100 му беше, а читав дека прави проблеми со спиење анемија и сакав да го боцнам пак, се мислам.
А и јас добив ваков прекор од педијатарот во систина кога се пожалив дека е кенкава … еден месец дали беше и ми вика па да ти ја правиш кенкава и го иптеретуваш мешето ако цица на 2саати. Ќе ја држиш до три. Доаѓаме дома со мм двајцата бледи викаме што ќе правиме сега ајде дс пробаме ама знаевме дека детево наше нема да издржи толку долго без цице. Вриштење беше, си ја земав и си ја надоив и од тогаш не гледав ни саат ни пригода - кога и се јаде тогаш. Исто и мене педијатарот ми рече млеко строго на три саати а измеѓу нера критис и чај не ни пробав. Чај во овие 8ипол месеци како е на светот има испиено 10пати од немај каде другото се мајчино млеко
Не ми текнува баш колку точно беше, некаде 90 мислам. Го однесов во Козле дека убрзано ми дишеше, среќа ништо не беше но, докторката кога ја виде крвната слика ми рече да почнам да му давам капки. Сега кога ќе ми текне изгледа и тоа беше симптомот, знаеше посебно кога ќе се возбуди или растревожи брзо да диши. Можеш да си провериш пак колку да не го мислиш.
И моево исто така дише некогаш ама баш препишувам на тоа што кажуваш ти. Фала ти. А имате мака со спиењето?