Сега за спиење навечер сме супер. Два пати си станува некогаш за млеко а некогаш за цуцле. Само кога бевме во 4ти скок беше страшно, стануваше на секој пола саат со плачење. Денски исто си има 4 дремки по 40 мин до саат. Ама кога беше помало знаеше да станува 6-7 пати во текот на ноќта и спиевме на смени тогаш.
Дали е можно од забите да е затната више 3та недела, проѕирни мрсули. Мн, еве по 4 пати на ден шмукање со носко, и навечер на перница да кажам седната спие.
Мајки ние лесно поминавме со инхалации, два пати го однесов, бебе весело си јаде се смее, спие, ама деновиве приметив после прскање синомарин ми кашла многу. Го однесов денес кај матична го наслуша ми вика чист е како солза и на грло нема ништо, ќе кашла ми вели од урбазонот разводнета е слузта. Ама приметив дека од синомаринот кашла оти еве цел ден не закашла а откако го прснав на секои 10 мин се дави
И синомаринот разводнува, така да прскај и веднаш влечи со ноското. И ние бевме болни цела недела со многу секрет ама фала богу не спушти на плуча па поминавме само со инхалации со физиолошки и чистење со носко
Дадов, измерив пак по 35минути, спуштена е малце, секако ќе следам. Прв пат качува толку висока, од памет се извадив кога видов 39, пишав одма и на матична ама не враќа.
Можно е.Ние бевме така две три недели па некој ден немаше и пак продолжи потоа па сигурно месец ипол си бевме и накрајот зирнаа двете запчиња доле истовремено.
Направив брис и крвна слика све е ок. Најверојатно е тоа. Плус уште е во скок. Мн сум надразнета деновиве од неа колку е неиздржлива. Тешки денови.
Сите заби ги извади со затнат нос и мрсули до колена. А последно вадеше 8 заби паралелно и незнам како преживеав. 4 ри двојки и 4 ри четворки. Пекол.
Леле леле... и ние на 8 месеци сме со 4 единици и една двојка. Двете горни единици и едната двојка во исто време ги вадеше и мака видовме можам да замислам кај вас
Точно, со првото гледав саат и мерев време колку е на града и само бев потиштена и плачев, а супер си беше детето. Сега со второ си терам по мое. И на саат му давам некогаш, некогаш го оставам подолго и од 3 ако е помирно. Некогаш му давам и кога не бара ако поминало доста време. Сама си проценувам. Непца кога го мачат нека виси на града, па стомакот накнадно го решаваме. Немаме никаков ред, ама си е ок бебето. И да, има чат пат зелена столица, ок е ако после стане жолта на наредно или понаредно празнење. Вчера имаше пак и педијатарот во диспанзер ми рече дека било вироза зелена столица :/
Бебето ми е 10 и пол месеци, изеде хартија од контрастните картички, некаде една четвртина картичка - дали ви се случило, што да правам? Го терав да поврати, но не успеа. Седеше во игрална 10тина минути не го приметив дека си ја глодал картичката
Не знам што сѐ нема изедено, хартија обична, суви марамици, трошки што ги наоѓа низ дома од којзнае што сѐ не, Биодерма млеко за тело обавезно… не се секирај!