Ние сме 4 месеци. Од вчера забележав црвенило и оток до ноктот на палецот, денес е поотечено. Дали некоја имала ваков проблем и што би помогнало да ставам? Ноктите на нозе му ги немам сечено сигурно пола месец, така да дали би можело да биде од носење чорапи, а не од враснат нокт? Благодарам.
Личи на враснат нокт. Имавме и ние на 2-3 месеци. Ми рекоа само неколку пати на ден во водичка со малку бебешки сапун да го држам ноџето, со цел да омекне ноктот. Така правев и помогна, му помина и не се јави од тогаш. Јас никогаш не му сечам нокти на нозете, така да не е од сечење
Мами на малото му се појави осипчево на меше , медец ипол сме , може да е од од преоблечено што било ?
Веќе 7ми ден сме со температура, преку ден е добар па ќе качи пред спиење до 38, ќе дадам парацетамол за да спие добро и после сабајле крева пак накај 5-6. Преку ден нема или ќе се движи до 37,3-4 ама весел е, јаде, расположен... и вечер пак истото. Ај 4-5 дена толерирам, ама 7ма ноќ пројдовме исто и веќе не знам што да правам. Други симптоми му се мрсули и поткашлување, веројатно од што му се слева. Два пати бевме кај педијатарот, на прв и на петти ден од разболувањево, ништо не му даде освен капки за носето и чистење со носко. Последниов пат додаде инхалации со физиолошки ако е многу затнат. На плуќа вика не е лош, нема спуштено. Вчера направивме крвна слика и брисеви, црп му е 40, се друго е мирно. За брисевите чекаме резултати. Сега за сега вика докторката не антибиотик. Избезумена сум малку зошто прв пат држи температура волку долго, а бил многу посериозно болен (со сериозна кашлица да не може да спие, спуштено на плуќа и слично па пак температурата го држела максимум 5 дена). Имате ли некоја препорака што да правам следно? Ги чекам брисевите утре па ќе го носам пак на лекар ама ме фаќа паника Има 1 година инаку
Најверојатно е бактерија, затоа и не паѓа температурата, бидејќи ќе треба да се третира со антибиотик.
Ќе видиме што ќе покажат брисевите, ако е бактерија барем знам што треба да правиме, ама ако испаднат негативни стварно не знам што ќе биде. До сега немал бактерија, не знам ни по што се разликуваат симптомите од вирус, мрсулите се проѕирни/малку жолти и според крвнава слика викаат вирус докторката и еден лаборант познаник, може ли бактерија да не качува леукоцити? него му се дури малку под долна граница. Уф извини за медицинскиве прашања, знам дека можда не е тука место да се поставуваат ама вака некако се олеснувам додека чекам и се осеќам ко да не правам ништо
Кај мојата мирни леукоцити, а бактерија имаше. Ако денес не ти стигнат резултати, чекај задутре да видиш која бактерија е. Ако оди во градинка, по ова што го пишуваш ми делува на моксарела како што имаше ќере.
Вчера правевме брисеви, очекувам утре да стигнат. Значи можно е сепак и бактерија. Оди во градинка, да, во јасли е и највеќе имаме издржано една недела пред да се врати болен стварно тежок период првава година... тоа е. Фала многу, ми требаше вака некое мислење да слушнам
Штом вчера сте правеле, а немаш рез, бактерија е. Ќе видите која е и ќе се третира соодветно. И мојата е јасли. И издржа 3 недели и од тогаш е иди 3-4 дена, па дома. Ќе помине периодов. На сите ни е тешко.
Бебе 3ти ден со температура. Првиот ден до 39,5 сега не качува многу често и не е толку висока температурата. Нема други симптоми, освен што е нерасположена и само сака да спие. После ќе ја носам на доктор. Но скроз одбива храна, два дена само е на цицање. Дали да форсирам храна? Дали електролити да давам?
Ne ja forsiraj da jade dovolno e mleko, neli i nas ne ni se jade koga sme bolni. Elektroliti se davaat pretezno za stomacen virus koga ima povrakjanje, ako polni pelena nemora da davas