На сувите места ова, од Агрон препорака за да не шлакам кортико. Се повлекуваа со ова, а козметика нас не ни помагаше само, најдолго користев мустела стелатопиа, исто и биодерма. Го надрасна после најверојатно..
Ова го користиме. Ја бањам со маслената купка ph5 уште малку имам, па ќе земам купка од истата линија.
Дали имате искуство со подврзана уста( френулум на горната усна).Бебуш има дефинитивно подврзано јазиче кое деновиве ќе го сецнеме, но гледајќи слики како изгледа подврзана уста мислам дека и тоа има и ептен ми падна жал и ме фати паника. Секако ќе го прегледа доктор но сакав да слушнам искуства
Малава 2 ноќи по ред ми појавува осип. Мислам дека е од Хип Комбиотик. Има 18 месеци. Ве молам за мислење и совет? Не знам дали да престанам само со Хип или со сите млечни?
Однеси ја на педијатар. Личи на алергиски осип. Може да исфрла и цела недела. Од искуство. Инаку нас ни забранија тој период да јадеме храна со алергени. Само ориз, компир и не се сеќавам уште нешто јадеше.
@Elly989 Ако е алергија на храна би требало да има по цело тело исип не само на едно место А кога ќе правите тест прашајте си колку време треба да има поминато од сирупот што е против алергија испиено
Дали има некој искуство со осип Розеола после температура, ама осипот да почне од лицето? Сегде читам дека почнува на торзо, а од вчера беше на лице, малку на горниот дел од рамената блиску до вратчето. Тек попладнево се нафрла на торзо. Може да се случува нафрлувањето на периоди? И дали е нормално да се вжарува осипот кога плаче, а да се смирува кога е мирен?
По колку време од тт се појави осипот? 2 дена откако престана тт значи вчера прв пат исфрли, а денеска тек на торзо, трет ден од тт. Имаше некои други симптоми розеолата нешто во однесување? Не знам дали и баш за розеола се работи немам искуство. Да не се појави непосредно по плачење? Моиве деца вакви исти имаа кога беа вознемирени и плачеа, а се повлекуваа сами по себе.