Изгледа заби се, се трие со јазикот долу и со прстето, со вилицата цело време штрака. Освен темп нема ништо друго, крвната слика два дена супер, не ми јади, само цице бара
Дали имате искуство со слевање секрет од нос во грло? Однесено на педијатар, ништо нема на плуќа, но секрет нонстоп се слева, бебето кашла и се плаши и е нонстоп кенкаво заради поткашлувањето. Чистам нос со шприц, некако најефикасно ми се покажа. Како да му олеснам ве молам? Денес е екстра кенкаво. Дали да носам по дежурни, се плашам да не закачи нешто пошто сем секретот друго ништо нема од симптоми. Не знам како поинаку да го исфрли. 10 месеци е инаку. Фала ви мајки.
Исто е ќерка ми, дури се дави од што и се слева во грло. Само солен раствор и чистење нос ми рече педијатарот
Како го чистите? Дали е штетно јас со шприц што чистам да не правам поголем проблем? Многу ми плаче со аспиратор кога влечеме со уста...
Со аспиратор за нос чистам, имам на батерии и мануелен со вакуум, ги комбинирам двата. Плаче и мојава, плус ранички и се напраи носето од бришење ја пече сигурно од што премногу и тече како чешма. Не знам за со шприц чистење не сум слушнала
Најефикасно и најубаво чистење е испирањето со шприц, продолжи си така. Само мислам не треба повеќе од 3 4 пати. Јас комбинирам испирање со тушот на марисимо.
Исплашена сум, прво бебе ми е, се чувствувам како неспособна ни кашлицата да препознаам каква е. Кашла вечерва повеќе, слушам дека има секрет, и носето крчи... Нема температура, мерев со бесконтакте. Имам и живин ама како да измерам да не го разбудам. Дали да го носиме уште вечерва на дежурен или да почекаме до утре да видам како ќе помине ноќва... кашлицава ме плаши. Преку ден мислам се намали но еве вечерва како повеќе да кашла
1. Мајка стави исечкан кромид во близина на бебле, ќе разводени слуз. На пример 1/4 кромид, не којзнае колку. Ова е прва и основна работа која ја правам кога осеќам дека има секрет и крчка, особено ако е затната. 2. Влажен и прочистен воздухот во соба обавезно. 3. Можеш и да користиш бор или еукалиптус етерични капки во дифузер или морска сол. 4. Да полежи во кадичка со морска сол. Незнам колкави сте, но најбитно нешто е секогаш да си слушаш интуиција и ако нешто не ти штима, однеси бебе на преглед.
Здраво мајки. Дали некпј знае колку е преноќување во Систина на 6 месечно бебе со родител? И колку е рентген? Фала!
Пред една година за 5 вечери само за сместување ни наплатија 74 илјади , собите се болнички кревет помал детски и една фотеља на пуштање за родителот. Ценава е со 10% попуст дека таму сум породена.
Dali pocna da pie pak kako porano? Isto za 3 dena ke ima 4 meseci i veke edna nedela mi odbiva mleko.. strav mi e da ne dehidrira i da pocne da pagja na kilaza
Поголемиот ми е со мрсули проѕирно жолтеникави и густи и качуваше темп на 8-12 саати. Правиме инхалации и прскаме Насориг и чекаме брис. Црп 18. Ај он веќе на подобро оди, него од синоќа јас и бебето сме со затнати носиња и го слушав него како ми крчи и му се слева и се закашлува. 6 месеци прави во вторник, смеам инхалација со 2 мл физиолошки да му направам? Утре тек контрола
Падна играјќи па и отече цела шака и еден прст на левата рака. Ја однесовме зашто имаше болки на допир па и правеа ренген. За среќа нема ни скршеница ни пукнато, само е набиено. Ова мое дете на година и пол ме остаре 10 години, не сакам ни да знам понатака како ќе е.
Мајки искуство со стрептокока во нос? Докторкава вика антибиотик да почнеме за пиење но читам некои ја лечат со антибиотска маст во нос па уште се мислам што да правам. Чекам одговор и од друг доктор… 13м е малава, нема до сега пиено антибиотик, а оди веќе во градинка и верувам е ова само почеток на фаќање бактерии. Има многу секрет во нос и и смета и на грло, имаше температура 2 дена но веќе не. Пропратно извади 2 заби и уште неколку отечени има што исто се пред искачање, така да поделени се ваљда симптомиве од бактеријата и забите…